Едвај го чекам 1ви. Конечно назад во клупите. Можеби звучи смешно, но оваа ми е последна во средно. И никако да ги преболам тие (скоро) две години што бевме дома. Најубавите години што требаше да бидат поминати во училиштата а не пред компјутер.
Не знам дали ќе научам еден ден дека во ред е да не стигнеш за одреден рок. Во ред е да направиш пауза и продолжиш подоцна. Во ред е. Се' се случува со причина. Да се клонирам очигледно не можам, а колку побрзо го прифатам она од погоре, здравјето ќе си го сочувам. До тогаш, на здравје гастритис
Најлош тип на луѓе ми се оние за кои не знаеш какво мислење имаат за тебе. Еднаш те сакаат највише на свет, еднаш се намќори пред тебе. Или пред тебе фини, зад грб јадат бурек. Или и обратно - пред тебе се однесуваат како да ќе те убијат а зборат убаво на други за тебе. Или почесто менуваат мислење за некого него јас гаќи што менувам. И просто кога ќе се сретнеш не знаеш како да се однесуваш. Да си опуштен, зборлив или да игнорираш и да не прајш муабет? Значи ако не ме сакаш не мора да ми кажеш директно, ете просто не ми прај муабет, не биди фин пред мене и сама ќе сфатам. Ама биди конзистентен со ставовите и односот, без разлика какви се.
Родители глумат загрижени по фејсбуков оти во наши продавници се појавила играчката Huggy Waggy која била поврзана со хорор игра и пеела песна во која се спомнувало смрт. Океј. Ама вака загрижени сте кога ги удирате за глупости, кога ги колнете и пцуете од мали, кога им викате "ќе те убијам свињо"? Не а?
Еден од најсуровите начини на мачење во средновековието биле Oubliettes. Мала, тесна "соба" во ѕидините на замоците каде што осуденикот се затворал. Толку биле тесни и мали што правеле чувство на клаустрофобија. Најчесто оваквите затворски простории биле исполнети со глувци, а често биле и поплавени со вода и фекалии од тие што живееле во замокот. Па мирисале на измет, влага, и трулеж. Денес, овакви мали простории, таканаречени "гарсоњери" со намештај од времето на Тито може да изнајмите во Скопје за ексклузивни 200 евра месечно, без сметки, кабловска, интернет и без можност да носите гости.
Happy anniversary to us Инаку , вчера ни беше годишнина со мм . Ја прославивме со неколку луѓе од фамилија . За мене , како алкос , и денес е празник , штета е да се фрли алкохол . Се шегувам . Не пијам вообичаено , освен за прослави , ама многу ни остана па ми е жал да го фрлам , направено е бунарче веќе . Една чаша вино на ден , не е на одмет .
Мислев да ве послушам и да си најдам другари и другарки ама очигледно јас не сум за тоа, цело време ги слушав за викендот што бев со нив како се смееа на некој без врска глупости и тресеа зелени и сфатив дека мене ми е подобро сама, воопшто не требаше да одам по ваш памет да си барам другари и другарки и неќам веќе да излезам со нив, подобро дома ќе си седам сама.. Или па ќе си најдам другар или другарка што во 98% од времето ќути, затоа што поинаку не можам да трпам..
Значи на секој поголем дожд се случува истото и пак не им доаѓа памет дека мора канализациите редовно да се чистат, до колена имаше вода..
Јас едвај си отидов дома, цела мокра, дојдов дома водена до над колена, и тоа мораше да ги соблечам патиките за да поминам улица кај југодрво.. Одам и си мислам леле што ме снајде, се качив во автобус на билна аптека, па не беше доста што бев цела мокра туку и во автобус врз глава почна да ми капе, да не ми беше незгодно чадор ќе си отворев среде автобус..