Едно од клишеата што најмногу ме нервира последниве две години е ставање на стори на инстаграм Good morning од Kanye наутро. Отековте. Стварно.
Ќути, и јас цела жива вода бев. Јас тргнав накај југодрво, цела улица поплавена, па и автобусот вртел некаде, па се враќав до железничка за да фатам бус. Страшно беше
Ова се дешава кога имаш навидум опција измеѓу две екстремни идеологии (и религиски догми). У инат на фемистикњите, е така да си знаете. (со се батето шо гордо се сложува и коментира)
Малку ми се напорни овие видеа, уствари видеа општо, ама изгледав цели 2 минути. Настрана поентата која ја имаше ти, или видеото општо, паднав на муабет денес со пријателка- колку биле ретки добри, грижливи, пристојни мажи. Ми се виде чудно, оти јас пак не познавам лоши, непристојни мажи, и мислам дека имам рецепт за ќерка ми, ко ќе и дојде време за мажи. Сдк, учи ќерко, за да можеш да бираш меѓу многу добри, грижливи, вредни, пристојни мажи ...како генерално правило, без никаква намера да навлегувам во квалитетот на образованието .
Градоначалнициве излегоа на терен на поплавениве улици или неќат оделата и кондурите да си ги исфлекаат?
Денес бев во Скопје за последен пат. Чувај боже. Среќа што ми се сменија првичните планови да отидам во EG.
Зш бе Скопјанчишќава толку наку*чени се? Све као нешто обесправени демек ако се напи*дени готово никој не смее да ги зезне, ние другиве што не сме спремни за fight 24/7 глупи сме изглеа.
Нумерологот Гоца предвидува: За Македонија следуваат тешки денови … Туку, кога биле лесни па сега станаа тешки
Јас апсолутно се согласувам со "Мој дом, мои правила" ама не знаев дека за некои луѓе е безобразно гостинот да побара да иде во веце. Притоа да се разбереме, нормално мочал и пуштил вода и не оставил ништо гадно и прљаво.
Многу сакам да патувам, цело време наоѓам некои супер понуди за во супер земји, евтини авионски карти, евтини апартмани, и на сите молења и колења по другарки и роднини да одиме, добивам само "ај ќе видиме", и на крај секако, никаде не се тргнува. Не е фер што не сум мрдната од дома 22 години само затоа што сум опкружена со луѓево со кои што сум. Во ред е дека не секој има пари или време, иако не е таа ситуацијата кај мене, сепак сум изреволтирана и тешко ми паѓа. Ај можеби во некој нареден живот, ќе живеам...
Оди сама, не мораш на ултра далечна дестинација, почни со блиски. Што мора да молиш и чекаш? Ич не треба тешко да ти е, прави си што си сакаш, и како си сакаш.
Ех да знаеш како би одела сама, ама тука се моите кои не би ме пуштиле сама па макар и животот да ми зависи од тоа патување. Да, не треба ни да ги прашувам ама малце си е комплицирано кога имаш ултра старомодни родители.