Artemis I launch updates: NASA announces new launch date will be Saturday https://abcnews.go.com/Technology/live-updates/artemis-1-launch/?id=88941570 Во Сабота да не ме барате, одам на Месечината.
За некој луѓе блиски, ги знаеш со години, ги знаеш од раѓање, секогаш биле до тебе, ти покажувале дека те сакаат, те ценат, те почитуваат, кога ќе те видат те гушкаат, те бакнуваат, ти биле фамилија, рамо за плачење, поддршка и наеднаш од нигде никаде, без никаква причина, стануваат диви ѕверови спремни да те раскинат, да те распарчат на сите страни, истите тие, во капка вода да можат би те удавиле, од каде таа омраза, горчина, бес во душата. Како е можно кон некого да се промениш од една крајност во друга, буквално без никаква причина?? Дали луѓето се толку лицемерни, толку способни цел живот да ти глумат колку многу те сакаат, а во душата некаде длабоко да те мразат, ама тоа од нигде никаде еден ден ќе исплива и се чудиш што се случило, а знаеш дека немаш буквално никаква вина.
Прва смена на работа повеќе ја мразам и од трета смена. Ова време ми се спие само, но работата ме чека.
Колкави идиоти се овие од Водовод и канализација, наместо да објават навреме за прекин на водоснабдување, тие објавуваат во моментот кога ќе ја исклучат водата! Човек не можи да се спреми за на работа!
Отидов да купам ацетон. Гледам на рафт: со мирис на кајсија, со мирис на магнолија, со мирис на папаја или ѕвездесто овошје... Па тоа цветичи, овошја на етикета. Буквално сите од прв до последен исто мирисаат. Дали некој некогаш нашол ацетон што стварно мириса на она што е напишано/прикажано на етикета, ме интересира?
Имаше една членка на времето на форумов, за гуша се фативме. Тоа беа моите први месеци на форумов, каде бев многу поажурна и поагилна за да се расправам за вредностите за кои верувам, памтам партал се направивме. Класичен хомофоб што имаше пишано дека ако детето и е геј, ќе се откаже од него и ќе го прати на улица. Дека за неа најголем неуспех како родител би било детето да и искочи "такво" и дека во никој случај нема да го прифати тоа. Истата таа членка пред некое време ја начекав во друга тема како нејзините родители се против нејзина врска, како никако не можат да и го прифатат партнерот и како она страда пошто ја нема таа поддршка и љубов од родителите. Што ми е целта на постот? Уопште не уживам во тоа што и се случува, напротив многу ми е жал. Ниту пак сакам да ликувам дека она страда и пати. Али една работа ќе кажам, кармата може да биде многу голема кучка. Се што зборите, некад може како бумеранг да се врати. А членката се надевам стави прст на глава и сфати што значи родител да те отфрли само заради тоа што сакаш некој. Дека не е убаво. Од мене има поддршка да си ја истера работата и да си заврши со типот, а еве ќе стиснам палци и на нејзините да им дојде памет. И така.
Барем да ја означеше, ќе и' укажеше лично да го сфати ова што ти е поентата да го кажеш, вака оговарање е
Јас сама ќе си означам @KateKane благодарам за огромниот пост што си ми го посветила. Сеуште си стојам позади тој став за геј. Родителите не ми се мешаат, само низ годините дур сум заедно со него во неколку наврати ми рекле дека можам да имам подобар партнер, ама дека јас си знам најдобро. Јас партнерот го имам прифатено со сите свои доблести и маани, овие маани не се некои значајни во врска, а за голем број од луѓето не би биле значајни ни за во брак. Eдно е врска, a друго е брак. Ние во моментот размислуваме за брак. Вчера кога побарав совет сакав да слушнам размислување од други луѓе. Во твојот пост имаш многу не точни работи за она што ми се случува во животот, ама не сакам да се објаснувам ниту расправам, сепак ја поминат таа фаза на објаснување и расправање по форуми. Се најдобро.
Сакам да кажам дека и се восхитувам на девојките и жените што одлучуваат да имаат дете без партнер. Тие се едни храбри и самоуверени женски лица што имаат храброст да го одат тој пат. Јас на пример не би го можела тоа. Самото тоа раснење дете без партнер си носи свои потешкотии. Возрасните лица во Македонија а посебно во малите градови со мислите и сфаќањето се заостанати во времето на Тито. Можам да замислам со какви непријатности тие личности се соочуват во животот. Почнувајќи од родителите(секако има исклучок некои си го подржуваат детето некои не), познавам родители што нивното дете беше најмирно, најпаметно, не се дружеше со лоши примери за на крај да остане трудна од наркоман. Татко и никако не се помири со фактот дека неговата ќерка ќе одгледува дете сама и апсолутно не и пружеше никаква поддршка. Жената си го одгледа детето тотално сама, без никаква помош од никого и сега гледам слика од прваче едно среќно, насмено, убаво дотерано детенце. (затоа и ми текна темата) Да не одолговлекувам имам уште многу да кажам ама најбитното е дека вие жени за мене сте кралици
Зедов правосмукалка, исчистив. Изџогирав, пуштив машина. Цакум пакум сѐ средено, чисто. И lo and behold, животот сепак НЕ е среден. Како смее така!?
Ама како така беее, нели clean house clear mind? Можда да пробаш прозори да забришеш, па ќе се потсреди и животот
Поминувам низ толку лош пмс периодов што ми се чини или ќе убијам некој друг или самата ќе се убијам. Или или, нема трето. Буквално осеќам како топка од нервоза и гнев, не се поднесувам меѓу луѓе, уста не ми се отвара.
Вљубена жена е опасна работа ,веднаш се поврзува и со објекти со саканиот и се на него и асоцира ,женски мозок шта чеш
https://vm.tiktok.com/ZMN3n7hET/ 5 мажи силувале 11 годишно девојче 7 часа и добиле 8 месеци затвор. Ќе ме банираат ако почнам да пцујам Да ви набутаат метална шипка во гз и да ве работат 24/7 без престан 70дена.
Сдк од сликите од некоја си салата за армијата на Ана Стојанова со варени јајца и брокула, само што ја гледаш напад на жолчка да добиеш.