Се надевам дека е заебанција, ма да не е далеку од вистината. Познаничка од Скопје пред некое време ми рече, дека не и стоело да зборува на дијалект, а скопскиот требало да е засебен литературен јазик.
А најјако е, пола од тие шо дојдоја во Скопје, по два месеци се враќат и седи во кафич Битола и ти вика шууу ти е ма (не ми текнува друго да ми извините). Така да, ние попримаме, нема потреба од паника. Драпај си мео, поздрав @WildMk. Сами ќе се отепаме, не мора Путин да се замара. Јас сакам дијалекти, обожавам да слушам, то не значи дека не го познаваме литературниот.
Сигурна сум дека нема сестра и не се случило. Ама нема везе, пак моите Скопјани си се (по малку) вакви.
Јас Скопјанка со двајца родители од источен регион пазам меѓу вакви да не испуштам некое зборче од источни дијалекти уз муабет оти лошо ми се пише
Јас мислам Скопје да стане нешто како држава во држава, и да се затвори ко Северна Кореја, никој од надвор да не влегува, пошо пупу скраја да е, да не им го уништи дијалектот и рејтингот. Шала на страна, се надевам дека ова е заебанција, инаку може да се рангира во топ 10 најглупи работи напишани на интернет.
Господе Боже до кое дереџе дојдовме, наместо поделбите и омразата да е зад нас, децата да се сплотени без оглед на потеклото ние одиме чекори наназад. Страшна работа.
Мене ,,скопјанка,, пред скоро време, со глас полн со самодоверба ми рече дека на снашката од провинција и рекла дека срамота е како професор да говорина дијалект и дека дома и надвор треба да говори по скопски зошто живее во Скопје Инаку во врска со говорење на дијалект ,лично ми смета што последните години во институции,а посебно во училишта професорите говорат и предаваат на ученици со дијалект а не со литературен јазик.Ова не беше случај во мое време,блиски во семејство, во образование и дома говореа литературно од навика што на училиште така говореа.
Мене една скопјанка ми рече да си го приберам детето, којзнае од кое село сум дошла. Ова пред година дена . Патем од Ск сум
Лошо е тоа што никој ништо не инвестира во другите градови. Се што се прави се прави само во Скопје и луѓето немаат добри услови за живот и бегаат. Еве реално што би правела у Пехчево или Кочани ако живеам?
Скопјани ме иритираат кога ми замеруваат што сум нетипична скопјанка оти ги фалам некои провинцијалци.Well, тие повеќе ми се нашле во животов. Не ценам луѓе по град, туку по карактер.
Јас најмногу уживам кога сум сама. Било да е шопинг, шетња, па макар и само седење во соба не правејќи ништо посебно. Чувствувам мир внатрешен, социјализацијата со други луѓе, макар и блиски да ми се, после одреден период ми ја цица енергијата и ме изморува. Ама, кога ќе го кажам ова на некој кој е ептен екстровертен добивам само преврќање на очи и само као не те разбирам како може да ти е толку убаво да си сама.