Да се надоворзам само на двете мислења. Исто и јас уживам во сопствено друштво и никогаш не ми било јасно како некој не може да седи дома. Најмногу сум сакала за викенд кога сум дома да си направам некоја убава вечера, да си пуштам серија и да уживам, многу подобра опција отколку да испаднам со друштво што не ми е баш по ќеиф. Дури и ме жалеле што не излегувам за викенд, млада сум била, греота било викендите дома да ги седам .
Сѐ бива, ама од каде дојде зборот патлижан, што е тоа. Исто ко граф и фторник, не е тоа дијалект, тоа е пуста мрза.
Па срамота е професорка да зборува на дијалект. И јас по институции не зборам скопски, туку зборувам. Не дека е битно,т.е. важно, умре тоа со ,,човеци,, во собрание, после сето го однесе матната.
Да ,срамота е, професор треба да говори на литературен македонски јазик во училиште .Само работата е што свеки беше категорична дека требала да говори на скопски дијалект како надвор така и дома. А тоа дека не се негува литературниот јазик се повеќе, е жално.
Понекогаш ми доаѓа да се преселам во Северна Кореја. Подобро живот со разни забрани, отколку ваков беден живот како на Балканот и во светот!
Абе чоек, ако си задоволна од твојот изглед и лајфстајл, супер за тебе, уживај си во твојата форма и килограми, и остај ме мене да си уживам во мојата форма и килограми, и не ме праи блесава што внимавам што и колку јадам.
Не мораш ти да се селиш, С.Кореја сама ќе сеси се пресели на Балканот и во светот, на пат е, дај и уште неколку (вакви) години само. Ја скопски само кога пишувам/на форумов си зборам, кога сум на energy saving mode во пишување. Во живо на мојот си зборувам а понекогаш и зборуам.
Овде ќе се надоврзам на еден пост (уствари неколку) постови од СДК без цитирања. СДК дека никогаш не сте broken beyound repair, секогаш постои надеж за излекување и извлекување од било каква ситуација и да ве задесила или заробила,
И јас сакам да Ви посакам убав и енергичен ден на сите Се може да се направи и поправи, само поминатото време не се враќа, оваа минута ја живеете сега и никогаш веќе, бидете среќни и насмеани во ова тмурно секојдневие
Ќе се пожалам овојпат... Во библиотекава станале за никаде. Имам цела листа книги за читање, нешто купувам, нешто зајмувам од библиотека. Пред да отидам да побарам некоја книга, прво на Cobiss гледам дали ја има и неколку пати се случило да пишува дека е слободна за зајмување а таму да ми речат дека ја нема. Многу книги им стојат расфрлени наместо средени на полици по одреден ред и после ја немало... Неколку пати ми рекле "Знам дека ја имаме ама не можеме да ја најдеме" Не беше вака порано, имав баш позитивно мислење и искуство со зајмување книги секогаш. Значи, колку лесна и убава работа имаат, библиотекари, а толку не им се работи и не водат грижа, жално е.
Здравје Господ, кога ќе родам дете, планирам да дадеме пари за ресторан. Ова малтретирање на баби, мајки, сестри, браќа, крофни, ручеци по дома, фрки, стресови,.. -убо ќе е ли? -Дали убаво ли е наместен чаршафот -салфетката е накриво свиткана, - види тука прашинка - леле гостите што ќе речат Доволни се најблиските.
Она кога си анксиозна личност и осеќаш промена во енергијата кај некој, зошто рекол/постапил на одреден начин, и/или треба да разговараш на важна тема и правиш однапред 1227184 сценарија во глава што точно да кажиш и како би изреагирала другата личност, пошто ти е страв да не сфати погрешно и се оддалечи. Битно ти е и се грижиш многу за личноста, но пробуваш да не си токсична. Имам чувство дека ќе се распаднам од сета нервоза. why am I like this
Која е разликата ако некому му ставот лајк а некому срце. Не дека којзнае што е, ама пак. Гледам блиска другарка, почна само лајкови да ми става кога и коментирам, до некни само срцки, прцки. Демек као сеа не сум битна толку и ајде сеа лајк.
Освен кога се понашаат исто како и (ултра религиозните) верници и пробуваат да ти ја наметнат нивната нихилистичка религија како супериорна и единствена и негираат/исмеваат да не речам осудуваат се останато како алтернатива.