Кога ќе видам некоја девојка убаво средена и прибрано облечена ми иде да ја прашам од кај пазари гардероба. Не можеш за секоја прилика кроп топ да носиш. Никад нема да ја сварам новава мода, дури се нервирам.
Честитки. Исто се осеќам за предмет што го положив во петокот.Пола година ми правеше стрес поради односот на професорот.Во петокот конечно го откачив. Еден стрес тргнат.
На темава погоре... За мене да најдам најобична маица или блуза, еднобојни, е премија. Све некои пренаџиџани, со натписи ко за тинејџери, прешироки и кратки или нема број.
Ако пребираш нема да најдеш. А, ако си учен да купуваш од други држави или ако се замислуваш инфлиенсерка тогаш тоа е веќе преразгаленост. Луѓето, немаат леб и облека..... Ние тука кукаме. Срамота
Како не. Еве јас не се замислувам инфлуенсерка едноставно сакам да си купам тоа што ми се носи. Не сакам по секоја цена да фрлам пари за безврска партали некои што на две носења се излитуваат и се растегнуваат. Факт е дека во земјава го носат ѓубрето од другите држави што им останало и не се продало.
Ќе морам да се согласам. Ако збориме за бејзик парчиња, да речеме еднобојна кошула памучна, или блуза, или сако, старите добри класици што сега ги ,,продаваат,, како капсулни парчиња, тоа веќе ни во Македонија нема. Реприза од некои позападни системи, дојдоа моловите, ја истребија автентичноста.
Јас што и да купам после неколку носења-перења ми се драстично раширува и не ми се допаѓа како ми стои. И ми е многу жал секој пат. Не знам дали е ова нормално или до квалитет.
Мене ми е баш таков стилот, со секојдневни бејзик класични блузи и маици и шопинг ми е кошмар ради ова. Лани во едвај еден бутик од поминати 15тина и више најдов еднобоен класичен дуксер што не кошта 2000+
Нормално е да нема квалитет. Затоа брза мода ја викаат, носиш и фрлаш без да переш, јер после перење не е тоа тоа. Као брза храна ваљда
Не знам јас искрено еднаш само бев и толку ме мрзи да идам далеку ми е. Во зара и манго се наоѓаат убави работи, барем мене ми траат, сѐ што сум купила си стои. Е сеа имаш и поскапи, ако ти се даваат сто евра за две три обични блузи.
Жено, купувам од овде. Сакам асолно сако и бела кошула и пантолони. Нема!!! Па плус сајз? Мислена именка. Што тропаш глупости.