Ама робата од Зара во Грција или некаде низ Европа не е како кај нас. Пробувам фустан во Зара ми стои криво некако си викам што е проблемот со мене. Пробувам брендиран фустан на мене од сто евра пуца како стои. Зара не ми е ич petite friendly. Буквално брендот е направен за девојки што се високи и слаби. А Манго ми е подобро од Зара убави работи има.
И што ако? Што сака некој ќе си гледа, гледајте да е добар човек, а не како поминувал слободно време гледајќи си што сака. Мене може аниме не ми се допаѓа, серии со lgbt, па не гледам, но не ме интересира мажот што гледал. Што му се гледа тоа нека си гледа, не гледам како тоа влијае на човекот. Може и порничи гледање не ми се допаѓа, која сум јас да забранам или да речам red flag било. На форумов колку глупости читам за партнери што не чинело, да се чуди човек. Мислев јас сум била пребирлива порано, зошто само барав човек што не изневерува и е нормален, а тоа какви не работи и пребирања имало.
Непопуларно мислење ама јас обожавам тренди работи. Тренди облека, тренди музика, шминка, фризура, сленг, стил на фотографии и сè друго. И не доаѓа од место на препич што би рекле, или потреба да им се даде до знаење на сите дека сум "with the times" или дека можам финансиски да си ги дозволам сите можни трендови (не можам ), туку едноставно ми се допаѓа идејата да можам да погодам на пример од кога потекнува некоја слика според тоа како луѓето изгледаат. Или пак според тоа која песна оди во позадина на некое видео и слично. Мислам дека во нашите кругови, некако ко гордост му доаѓа да кажеш дека не следиш трендови, туку имаш безвременски класичен стил и слично. Го почитувам тоа, ама за себе лично се трудам колку што можам повеќе да бидам олицетворение на она што е популарно во моментот. И тоа е само поради причината да можам после 20 години да речеме да видам слика од сега и да кажам, тоа е точно 2022. Исто така frowned upon e да имаш скроз поп вкус на музика и ми се имаат смеено другари што киснам на Today's Top Hits на спотифај, ама јас сакам музиката што е популарна сега да ми остане запечатена како карактеристика на точно овој период, за во иднина кога ќе ја слушнам да се телепортирам ментално тука. Затоа обожавам кроп топс и панталони со низок струк моментално, иако пред неколку години може и не сум ги сакала. Затоа и во блиска иднина никој нема да ме види со тесни фармерки никаде. Инаку ова нема врска со тоа погоре за тоа каков избор има низ продавници. Посебен муабет си е тоа, само се инспирирав од него.
Да де, на интернет сите начитани светски класици, не гледат тоа што 80% во државата се гледа, се најпаметни и најуникатни снегулки, моралисти. Да не живеев во Македонија може и ќе поверував. Толку глуп народ и држава сме, на форумов се собрале баш најпаметните. Добро, продолжете си со мудрости на форумов, од страна смешно делува кога ве читаат луѓе.
Така нека биде . Странските серии не се ништо подобро од турските, секаде истото се снима, драма, секс, комплицирани односи и клишеа.
Ништо од ова не кажав ама добро, не планирам да влегувам во дискусија за турска серија, како сакаш толкувај си. Башка смешно е што тооолку те погоди тоа што го кажав.
Генерално зборам и се надоврзав за тоа што читам во последно време дека сите тука баш не прават тоа што го прави речиси цела држава. Како на форумов само се собраа такви просветлени луѓе, чудно. Гледам секакви серии и филмови што ми се допаѓаат, не ги делам од која држава и продукција се. Пред некој ден баш оваа констатација ја направив после листање на Netflix. Се е толку досадно последниве години, се мислев претплатата да ја откажам. Турски серии има и на Netflix прикачено, гледам од се по нешто и не мислам дека нешто е подобро од другото. Ни традиционални турски серии сакам, ни модерните амерички со геј, би парови и пропагирање на најмодерен промискуитетен живот. Само не се мешам во туѓ вкус, ни омаловажувам некого по тоа што гледал. Што сакате гледајте си, толку проблеми имаме во животот, уште да се делиме по тоа кој што гледал.
Не знам што прави цела држава искрено, телевизија не гледам, понекогаш серии по интернет, делам по жанрови, не дали е ново или старо. Исто не знам зошто мислиш дека на форумов се правиме просветлени ако пишуваме што гледаме, да лажеме ли треба? Само еве на пример и за тебе по нешто кажува ова што го пиша ама ќе ќутам, завршувам тука.
You lost me here. Се шегувам, инаку и јас сум многу по тренди работи, во мој случај не специфично затоа што се тренди, туку затоа што ми се свиѓаат. И мислам дека ако нешто гледам доволно долго, ќе ми се завиѓа. На пример, biker shorts кога почнаа да се носат, ми беа одвратни, сеа гледам да си купам некои што ќе ми се удобни и ќе ми стојат и ми изгледаат баш океј. Мислам дека навистина ерата во која живееш те вовлекува на еден или друг начин. За поп музиката, скроз јас, обожавам песни што се вајрл и ми се интересни за слушање. Можам да се транспортирам во карантин само со еден клик на песни што беа популарни тоа време на тикток. Ако некоја серија е екстремно популарна и само тоа се збори, прва ми е за гледање. И така.
На пример свекрвата (ваљда) ја труе снаата со нешто?! за да биде инвалид и да мислат дека има некоја страшна болест. Сето прекрасно синхронизирано на македонски, за и мали деца да разберат. Ова од трејлер од 3 минути, дури бев во мк. Среќа се иселив во времето на Шехерезад. Дали е Еуфорија подобро од ова, не знам, веројатно не, сум чула, не сум видела. Ама барем не се пушта на национална телевизија, во термин за детска програма.
Човек не може да го судиш по тоа што гледа на тв и интернет. Може да гледа lgbt серии, а да не е геј.Може да гледа акциони серии и филмови со бајагити крвопролевање, а да е мирен и против насилство.Може да гледа серии и филмови од жанрот романтика, а да не е романтичен. Патем, турските серии не се скроз ко порано.Не судете кога не гледате. Има и добри без затуцани мислења од прошлите векови.
Види, и јас не погледнував низок струк, буквално прегрдо и old-fashioned ми изгледаа во секое издание, сè додека полека не почна да се враќа y2k ерата, со светкави тракатанци и baby-tees и сето тоа. И оп скроз ми се модифицираа во очите. Исто и тесните фармерки, пред некоја година стварно мислев дека изгледаат супер, сега кој аутфит и да видам со тесни фермерки автоматски си го замислувам со baggy low rise, колку подобро би изгледало. И онака естетиката не е нешто реално, туку се менува во зависност од она што сме условени да ни се допаѓа. Она што до вчера изгледаше како да го носат луѓе заглавени во 00's, сега го носат млади луѓе, и одеднаш е најкул нешто на светот. Ама не е буквална копија, туку си има уникатност. И не ми се веруваше она познатото дека модата е 20 годишен циклус, ама ете се дешава пред мои очи, и многу ми е фасцинантно.