Мое право како ќе платам. Ако сакам и за 1 денар ќе извадам картица. Работа на продавачката е да наплати. А за во Зегин, продавачките се многу арогантни и секогаш сакаат да ти дадат нешто што ти не си го барал!
Особено тие нивните производи. Никогаш немам купено некој производ што само кај нив го има, којзнае од каде набавен. А и арогантни и дрски се, знаат да се понашат и да повишат тон на потрошувачот.
Имам на улица зегин, само од таму пазарам и никогаш никој не пробал да ме тера да купувам нешто плус. Ниту пак биле дрски. Ова искрено првпат го читам тука.
А што ако има само такви пари во него? Не треба да иде и да земе тоа што треба? Или да не ги изнервира продавачките во аптека па да не купува?
Инаку аптеката не е продавница и аптекарките не се продавачки, туку некој што има соодветно школо за да работи таму. Тоа што зегин продава се и сешто и вработува луѓе кои не се фармацевтски техничари или фармацевти е друго
Аптекарките се продавачки со високо образование, како што јас бев кога работев во бутик. Тие си имаат само стручно образование. Срам е да немаш пари да платиш а сакаш да купиш или да крадиш е срам.
Во аптека се продава лек. Фармацевтите велат издава. Ок, исто е. Идам да земам лек, аптекарката ми го дава и наплаќа. Нема разлика со продавач. Затоа и реков продавач. И да, има аптеки каде работат и со средно гимназија.
Не ми е јасно тоа со гимназија да работиш во аптека. Замисли некој пациент те праша за некој лек, а ти му дадеш погрешен. Кој ќе биде крив?
Сама кажа дека вработуваат луѓе кои не се фармацевти/ фармацевтски техничар. И најчесто скоро секогаш на пациентот му е кажано кој лек му треба. Сигурно докторот нема да остави на фармацевтот да одлучува за терапијата.
На пациентите ли мислеш? За мене тоа се пациенти, за тебе купувачи,ок твое мислење. Во здравствена установа не можат да бидат купувачи. Пред нив никогаш не сум превртувала со очите. Зад нив можеби, не се сеќавам. Ама не се сите лекови со рецепти нели. Многу пати имат доаѓано и барат на природна база нешто. Или некој чај. Или пак ако се со рп прашуваат кој лек за што е, па како се пие. На тие розеви рп рачно што ги пишуваат докторите ако не ги познаваш добро лековите нема да знаеш да прочиташ. Не е баш така како што мислеш, ќе го укуцам рецептот ќе видам што ќе излезе и ќе дадам