Ако се ИЗДАВААТ зошто ГИ ПЛАЌАМЕ? И како не продаваат кога ми нудат разни замени за различни производи? И не е срам да кажиме дека сме биле продавачки или некој е.
Ок, без нервози. Порано се знаеше што каде се купуваше, сега газдите многу сакат да лапат па направија продавници од аптеките
Аха важи без пари ќе и го дадат. Ај излези малце прошетај низ светов, види како се работи со пари па дојди коментирај.
Докторот објаснува се. Без разлика дали лекот е на рецепт или не. Секогаш во извештајот стои како се зема терапијата и колку. Работата на аптекарот е да го продаде лекот, тие како што велат издаде.
Уживкај си у Малта,не се секирај за нас простите во Македонија. Замисли тука на пазар ти даваат да пробаш нешто, пример грозје, без да ти го наплатат зрното што си го изедел. Во светот како е,еве ти кажа
@forumce па според твоиве постови сфатив дека е срамота да се каже дека аптекарките се всушност и продавачки, покрај другото.
Јас кога имам превише ситни, ги групирам во купчиња со селотејп излепени од по на пример 10 или 20 и идам да ги вкрупнам. Бројат неколку купчиња да се уверат дека се стварно 10 денари во секое, бројат колку купчиња се и ми даваат крупно и ова се дешава за 2-3 минути. Наместо да си губат време броејќи.
Секогаш кога парите на картица ми се при крај, си плаќам кеш/картица. Од банкомат не можам под 500 ден. да вадам, а на шалтер сигурно нема да дремам за помалку од 500. Во право се некои членки, не одам да крадам, одам да платам, без разлика кое платежно средство ќе го изберам. Ако и е мачно на некоја тоа да го прави, нека отстапи место на друг што му се работи. За кого и од што е срамота. Во очи ве краде влада, ЕВН, топлификација, водовод секој ден, ама не, ние утепаните за срамота сме биле.
Кај докторот ти го издаваат рецептот. Во аптека ти го продаваат лекот.Даваш пари што значи го купуваш.Не е погрешно и продавачки да се наречат. Освен тоа, во аптеките и други производи се продаваат.Не само лекови. И за парите културно прашала, требало да добие културен одговор.Толку.
Сум приметила нешто, вака кога ќе ми се соберат пари ситни монети воопшто не ги селектирам на 10ки, 5, 2,1 него така на купче во кеса ги ставам и кога влагам кај албанци во продавница само ме прашува колку има му кажувам пример 1000 ден. и само ги истура во каса не ги ни брои, а кај наши до денааар ги треби ко ориз пола саат ги чекам а ја намерно ставам 10-20 денари повеќе у случај да сум згрешила при броење мада знам да не сум згрешила и никад не ми рекле еј имаш дваесет плус.
Па да, на тоа се сведува работата во аптека, продажба. И не знам зошто се навредуваат кога ќе им кажат продавачки, со оглед на работата што ја работат. Ниту една чесна работа не е срамна.
Еднаш од продавница за натс анд суитс, побарав едно бомбонче да купам. Продавачката мислеше дека сум трудна и ми даде едно за без пари. Кај ме потсети... ове беше пред 25 години
И да знаеш. Ми се случи прошлата година овде,имав собрано две и пол тегли, некаде околу 60-70 евра горе долу, и ги броев два саати може и во секое ќесе ставив колку има. Значи секое евро,цент во посебна ќеса. И отидов во Македонска продавница. Таа ми вика да ги бројам,викам број ги јас ги броев два саати, сакаат да ги земат на упола пошто се алчни. Ги брои за пола сат и вика имаш 35е како си пишала дека имаш толку,кого мислиш ти да превариш. Да не е обратно викам? Секако не ги броев сама,дај ми ги викам има друг што ќе ги земе. Така дрско ми ги фрли морав да ги собирам од земја. Тоа беше еднаш и никогаш повеќе нема да влезам во македонска продавница. Ај ги собрав на излез ми вика “ Извини,можеш ли да ми ги дадеш ми требаат.” Викам “ Еве ти број ако мислиш дека фали евро-цент ќе ти донесам, не сум нечесна”. Нормално не ме побара оти се беше точно.