Работат со средно стручно завршено образование за фармацевтски техничари. Медицинска сестра со средно е медицинска сестра, физиотерапевт со средно е физиотерапевт. Исто така е и фармацевтскиот техничар, не е продавач.
Добро вие знаете дека во работнички универзитет за една година и нешто малце над 1000 еу можат да работат во аптеки како фармацевтски техничар? За какво високо образование зборувате
Аптекар=продавач. Упорно се трудат аптекарите да не се користи терминот продавач за нив, како навредлив да е. Ниту една работа која е чесна не е навредлива. Во аптека работата е продажба. Значи продавачи се.
Дримке, остај го називот од дипломата.Не е погрешно. Ти наплаќа за лек или друго.Ти нуди алтернатива(во Зегин особено). Зегин па, и одамна не е само аптека. И продавач/ки се.
Па тоа е работата, треба да знаат да понудат алтернатива, да ги знаат сите лекови и замени. На колку часа се пие, да ти објаснат се за лекот. Во продавница не ти објаснуваат колачите и сокот какви ти се, ни ти нудат замени, само ти ги наплаќаат. Има разлика и не знам зошто е тешко да се кажат по називот на тоа за што учеле и тоа што го работат. Не е продавница, аптека е.
продажба како на пазар ли е? тресете глупости премногу. на тезга може секој, во аптека мора фармацевт да си. не да потценувате, вришти од вас..
Идам со рецепт препишан од доктор и треба да купам лек. Тоа е работата. Ако си некако засегната или навредена од терминот продавачка, жалам, ама тоа е работата во аптека.
Објаснувањето е фармацевскиот дел, наплаќањето е делот со извршена продажба. Ради тоа и продавачка. И де, што се напнавте толку? Продавачка не е погрден збор.Ај, сега сите членки кои се продавачки нека се тргнат оти го правите ко да е срамно. Чесна работа е.
јас не сум навредена. од што да сум? од тоа што не си доволно описменета за да разликуваш што е фармацевт а што е обичен продавач!? ти си исфрустрирана од некоја од зегин и готово, на тезга ги стави сите. не дека ми пречи како ќе ги наречеш, ама твоето знаење е под просек со ова. не моето, не на таа во зегин. продавачки бе те молам не гласај на следни избори, поштеди не .
Докторите и фармацевтите заедно работат, едно без друго не може. Докторот може да ти препише лекови, фармацевтите ако не ти го издадат лекот, нема да го има лекот никој.
Да се надоврзам на првичниот муабет, не мислам дека е срамота да делиш картица/кеш, но 9 денари кеш - 90 денари картица ми звучи глупаво и ме интересираше која е логиката позади таа постапка. Ова за аптеки сме го збореле и во друга тема. Тоа што некој не е стручен или не го знае тоа што го работи не е одлика на самата професија. И јас сега можам да кажам дека затоа што Х доктор ми го утнал скроз лечењето или затоа што здравството не функционира, меѓу бајачи и доктори нема разлика, ама не е така. Самата позиција фармацевт има тежина и не знам во какви аптеки вие одите, ама мене ми имаат помогнато во врска со лекови и терапија и препораки и се приметува дека се луѓе со школо зад себе. Моето лично искуство на страна, во право сте дека луѓе без знаење одат да работат во аптеки, само со обука, но повеќето учат школо за да бидат фармацевти и пропустите на државата не менува што значи да си фармацевт, а обичен продавач не е.
Може дека ги викате продавачки аптекарките и им се понашате, па соодветно ви враќаат Мене ми се нема десено, ни во Зегин, ни во било која друга аптека. Другпат кога нема лек, прашајте за замена некоја продавачка од Кипер да ви каже. Секако е исто, и она продава, и таа во аптека продава.
ај ај.. не си го вади газот сеа. сеа била и фармацевт и продавач па ајде погрден збор ни било продавач алооо, едуцирајте се. стватно сте смешни. продавач на пазар може замена за лек да ти даде? не! ете, просто ко за четврто одд кажано .. ама ако сакате до утре тегавете се овде. не ми е фрка мене.
Па очигледно си навредена. Се гледа твојата култура која е. И сама знаеш дека нема разлика меѓу продавач и фармацевт во аптека, па на очаен начин се обидуваш да се претставиш себе како ти да си многу описменета.