Добро сега, продавачки не би рекла дека се , на времето аптекарки ги викавме Но, факт е дека денес во нашава земја секој може во аптека да работи, хигиеничарката во маалската Зегин на 50 год. заврши во работнички, ене ја сега во Еурофарм работи. Моментално и моја блиска "учи" во работнички па не зборувам на памет.
Абе цел живот да работиш едно исто кој и да е ке научи кој лек за шо е и која е замената најпростиот ке научи.. не филозофирај таму се за да продат лек и то е то
Очајно од твоја страна. Ако беше описменета како што кажуваш, ќе знаеше дека реченица се почнува со голема буква. Ама важно аптекаркте не се продавачи.
леле немој веќе жити се. доволно ме насмеа, да си жива и здрава ајде оди кај продавачките и пиј еден лаксатив на сметка на фемина
Da oti prodava lek a musterijata si go plajka, i kako sekoja druga prodavacka moze da dobie soodvetni merki
Тотално се согласувам дека сите може да се продавачки, мислам се извинувам - аптекарки. Што е толку тешко да ја отвориш фиоката да го извадиш лекот? Да искуцаш? Или пак да знаеш дека некое си таму апче не смеело да се дава со друго...леле леле па на гугл ќе отворам и ќе прочитам, нема везе што, да не е тешко. Стварно претерувате, еве мојава комшика со осмо е па ја гледам во зегин ја вработиле.
Мислев дека лекцијата за професии е научена уште во градинка. И не, не станува збор за потценување или натценување на професии. Едноставно е, именувајте ги соодветно професиите. Ако не сте доволно едуцирани, прочитајте и информирајте се. Барем денес е лесно.
Затоа што апчето се пишува по генерички назив. Ако пациентот ( муштеријата де) зема повќе апчиња лек со иста генерика од Крка може да не одговара со лекот за друго од Плива, и тука треба да знае кој да даде, како да даде, како да разреди концнтрат. Или да земе во солна да раствори антибиотик за дете а?
Може бе, па има бесплатни видеа. Не знам зошто се замараат луѓето да одат на медицина кога буквално имаш јутуб. А зошто, што е толку страшно и да му раствори?
Поназад таа што беше пишала дека работила во бутик, што не аплицираш во некоја аптека,м? Нели исто е, секако си продавачка
Колку лекови со слични имиња има, и после продавачката од Рамстор што дошла да работи во аптека ќе ви биде крива што ви дала погрешен лек.
Лекот на кило или како? Тазе аналгини, од сабајлето замесени, диазепамчето проверено од наш човек, а овој пеницилинот наше производство, ние од наша мувла си го правиме. Сакаш цело парче или да го насецкам?