Продавачки? Некст тајм кога ќе ви препишат вагиналетки Сузе од Китго нека ви ги продаде Се пресмеав, незнам кој ја почна темава ама сигурно некој незадоволен од зегин
Затоа и пишав понапред дека не се продавачки. Муабетот е дали,колку и што ќе научат од тие година дена во работнички за да работат во аптека. @nena2010 мене старата матична ми викаше стави си тампон со јогурт, природен пробиотик што ќе даваш 700 за вагиналети
Сегашните аптекарки се многу смешни, не знам до толку ли немаат желба нешто да научат, а по цел ден ги вртат лековите истите па истите. Од постарите аптекарки се добро потковани со знаење без разлика дали се со средно или факултет, ама овие младиве жива смешка. Еднаш одам да купувам вештачки солзи за очи у имаше два вида. Јас ги простудирав дома да видам кој за што се и што е разликата помеѓу нив. Одам во аптека и ми кажува на овие цената е таа, а на другите таа и викам а што е разликата. Се направи како глува и зјапаше во компјутерот, ни да се обиде да види да прочита, не бе брате. За дозирањата си тропаат како ќе им текне, даваат нешто што не им бараш само да ти го бутнат. Со едно име лудница.
Ако е толку лесно да си "продавач" во аптека, завршете и вие за 1000 евра и одете работете таму, не во кам или бутици. Или за во маркети и бутик не бараат никакво посебно квалификување и полесно е таму, па фрустрациите ќе ги лечиме за некои фармацевти што работат во аптеки. Основна култура е по звањето што го има професијата да го нарекуваш така вработениот.
Па не не привлекува ваљда сите... Ако разбираш разбираш ако не ке си работиш тоа што мислиш дека знаеш и нема да го заебиш никој како дотичните.
Знаеме дека има луѓе што ги потценуваат професиите - продавач и чистач. Да не се лажеме, ама е така. Е сега, ако некој има работено само една работа цело време и не сменил ништо, тоа е др муабет. Комфор зоната му е таа. Стриктно аптекар, толку. Е сега, кога ќе те натера животот да пробаш и од другата страна, ќе видиш многу работи.
Имаат учено стриктно таква професија за која има работа, зошто да менуваат работа ако им се допаѓа тоа што го учеле и сакаат тоа да си работат? Зошто толкава љубомора извира од луѓето?
Непишано правило стана, откако (помлад)полицаец ќе легитимира женско, да ја додаде на социјални мрежи.
Јас па сакам само професијата шо ја учев и за која уште се надоградвам да ме влечи ако не за друго, атер за парите шо ги фрлам кон неа. Ама не. Малку ми здосадва и yeet во 10ти правец фаќам. Секој со маката.
Не е љубомора. Зошто така сфаќате? Туку комфорна зона е тоа. Исто ко да јадеш само Дорина чоколадо и упорно тврдиш дека е најдобро.
Зошто е комфорт зона да работиш по професија? Или да имаш иста професија со години ако го сакаш тоа што го работиш?