Само мене ли ми беше многу поголем стрес сето тоа оценување во средно отколку сега полагање на факс? Станување пред табла, па усно еден по еден, па стресови и препотување пред 30 души. Сега одам, седнувам, полагам, си одам.
Кога станавме толку многу алчни и сурови како општество? Зошто како растеме ја губиме невиноста и чистотата која ја имаме првите години од нашиот живот?
Јас и на факултет морав секој испит да го поминам и усно. Плус што едно е да те испрашуваат на 30-40 па и 60 страници, сосема друго на 600.
Хаха ми беше, али раатот ми летна кога се запишав на филолошки. Уста 5 години не затворив, не писмено, усно, слушање, симултано преведување, консекутивно прев., презентирање на тон проекти, глосари, пишување на табла ( спелуваш пред цел амфитеатар) и така се престрашив средно било прошетка во парк.
Мене факс ми е поубаво, од аспект на тоа што не можат да ми кажат “утре имаш тест/испрашување”, односно си знам уште од почеток на годината кога и што треба да полагам, па на мене е да се организирам, и да одлучам што и кога ќе полагам. Ама сепак, не се споредува усно од 10 страни, со испит од 200, и тоа дека (бар кај мене) за еден предмет, со сите други положени, можеш да паднеш година. Затоа си викам, нека се врати времето кога ми беше страв од тематско испрашување (читај 15 страни ).
Што е финтава со селфиве и над сликата пишани поговорки? Стаам слика и пишувам "Денес е совршен ден за нов почеток"
Да и јас тоа имам размислувано, како порано во средно 20страни ни биле премногу, а на факс до 200ехеее таман. Валјда тоа си иде со годините. За таа возраст тие информации биле доволно.
Уште поубаво ќе беше да имавме точен распоред за сѐ а не до последен момент да чекаме да стават распореди за усно.
Се вработив по струка уште пред да дипломирам и во моментов на мисла ми идат две опции: Или ќе дипломирам на време и ова што сум нашла толку брзо' работа ќе ми биде добро искуство за понатака или ќе ја изгубам мотивацијата за учење сега пред крај и ќе го запоставам факултетот од што и највеќе се плашам бидејќи..
Навистина игнорирањето било најболно нешто. Ене една напаст во inbox, после бројни објаснувања дека нема што да бара од мене, ем не сум слободна, ем и да бев немаше да има шанси кај мене, на restrict ми е ставен, остана на крај муабет сам со себе да си прави, па send, па remove си прави. Ко не се разбираше со добро...
Да ви ебам простаците, еден другар секоја година се научил да му цепам дрвата зема по 6-8 кубици, јас и уште еден одиме ајде за заебанции ова она, годинава му велам не можам или најди уште двајца и на припомош јас, тој одма пред другиве ааа овој пичка ова она, ај еднаш два пати ама упорно го зборува, изгубив контрола, не можев да си изменаџирам нервозата го отерав у три лепе пичке материне.
Не си должен толку дрва да му чепиш секоја година, нека си плати човек за тоа, не си ти на улица најден..
Вечно ќе ми остане во глава еден пример каде група луѓе знаеја за жртва на насилство чие име, презиме, слика, дури и место на живеење се знаеше ама ниеден не се дрзна да помогне некако. Преку порака, полиција, обичен совет, да алармираат некого? Неќат лично да се мешаат, ама да пишат на некој што ќе помогне? Да понудат некакво решение? Не. Ама секојдневно ги гледав како се чукаат во гради колку плукаат по тие што не помагаат, колку се гадат од насилство, колку со гадни зборови зборуваат против, колку им е жал и би помогнале да можат. И така после тоа ми е само мило кога некои се дават во сопствените лајна што толку самоуверено ги јадат на тастатура. И после си велев дека стварно некогаш претерувам со преиспитување на себеси за секоја ситница. Си велам уживај, диши, постојат многу полоши работи од твоето.
Леле и с т о. Иако ми се вади душата некогаш на работа, во моментот кога ќе го погледнам или му го чујам гласот одма ми се разубавува денот .