I know right. И денес неколку пати се погледнавме демек случајно, еднаш стоеше пред местото јас каде што седам и кога ме погледна толку блиску се изгубив тотално и заборавив што треба да сработам во моментот. Се вцрвив и возбудив, а личност сум што емоциите на лице ги носи. Ко тинејџерка се осеќам.
Кога бев осмо одделение, имаше деца што не знаеја азбуката да ја кажат. И верувам дека никогаш не ја научиле. Така да некогаш кога ќе почнам да се цитирам со некој на форумов, ми прелетува моментот дека можеби зборам со некој што никогаш не се ни потрудил да ја научи азбуката, а камо ли да се обиде мене да ме сфати што зборам и инстантно гасам.
Внука ми, која има 5 годинки, ме прашува зошто не јадам месо. Земав да и објаснувам дека вегетаријанците не јадат месо, туку само растенија, зеленчуци, трави бла бла... И ми вика: "Ами трави јадат козите. Ти не си коза." Ме реши во еден потег.
Спојлер: Еxplicit Еден ден кога ќе потпорасне можеш да и кажеш како луѓенца од 40+ годинки си пијат козјо млеко што е за јариња и како козите и кравите се со други зборови силувани и потоа одделуувани од своите бебиња и потоа одново така у круг, додека не се преуморни и ''нефункционални'' и пратени на колење ама не пред да стојат у ред и гледаат како други крави и кози се колени на најбескруполозни и монструозни да не речам сатанистички начини за да тоа им се овозможи на луѓенцата, ама нека потпорасне прво да не ја истраумираш хехе.
Не требаше да си го уништиш животот. Ти зборував и пред 22 години, ама ти мислеше дека е злато се што сјае. Ах, душата ме боли што повторно ми забранија да ти се приближам,а знам дека ти требам, едноставно знам. Не може и по 22 години да ни лупаат срцата, а да немало ништо. И секој свој живот.... Зошто си го направи тоа, можеше да имаш се, се, можеше да си среќен ама ти го одбра тоа проклетство што ќе те убие.....