Изабела и Фердинанд од Шпанија? Најпознат пример. Не смее сопругот на британска кралица да се ословува со крал, како мерка на претпазливост да не ја преземе монархијата. Последен таков пример бил Вилијам од Оринџ, хановерец, станал англиски крал преку неговиот брак со Мери II, периодот кога круната преминува кај династијата Хановер (овие двајца немале деца, подоцна презема братучедот, нвм). Жената на кралот може да се нарекува кралица, бидејќи жените не биле доживувани како опасност.
Се молат ,,господата” со 50ка моторче да не го пичат пред женски ко да возат BMW XR 1000. Прво беа брачата со голфовите, сеа овие. Who‘s next? Мава звукот у мал мозок
На БЛИЗОК човек му продаваш производ по пониска цена само нему оти логично нели, близок ти е. И...дознаваш дека истава личност те оговара по луѓе зашто уствари си побарал пониска цена, не те бивало за бизнис, сигурно си мател нешто чим таа цена. Абе како наоѓате за све да јадете гомна еј, невероватни сте, жими све.
https://a1on.mk/world/svetskite-lid...9j-WIOlbH-T-WVCx-3Kzo9Tf5hY6rCPiXqEadnfwJB2Lc Welcome to the club #JSPswag
Се сетив на случка кога бев во продавница пред 5-6 години. Си стојам у ред а пред мене имаше жена што беше толку изнервирана затоа што детето и добило 4ка по математика, до поента да се дере на сите внатре. Комплетен фрикаут. Додека вработените ја убедуваа дека тепањето нема да реши ништо, она продолжи да се дере дека "ќе го истепам па да видиме дали пак ќе дојде со четворка дома." Осетив тага кога излегуваше од продавницата, затоа што имав претстава што ќе се деси на детенцето за мочана 4ка во трето одделение. Госпожа, каде и да си, се надевам дека патиш интензивно. А и богами, мајки ко тебе не ни заслужуваат дете што носи 5ки и четворки дома, само невоспитани што завршуваат во затвор подоцна во животот.
Изненадена бев ама и благодарна за третманот што јас го добив. Кога добивав и тројки по математика, мајка ми не ме тепаше туку ми објаснуваше задачи, и на курс одев. Ова е чиста злоба.
И јас бев сведок на таква случка. Ама јас како ме дал господ не сум толку фина па така остро пред сите го збиберив дека ако продолжи ќе и викнам полиција и соц служби на сред Веро. Дете да тепаш за оценка бе. Не бе викам ја, господ дава деца и кај треба и кај не треба.
Многу пати кога ќе видам така на сосема коректно однесување кај дете некој родител да се продерава ми иде да го утепам или во најмала рака да му го дадам моево на еден ден, за да знае да цени.
Еде к**тон си го зашлапа детето во маркет зошто падна. Значи шамарање, болеше дури и звукот. Кога доби реакции од сите луѓе, се дереше дека нема никој право да се меша, негово било детето.
Јас на сред улица бев сведок како детенце при трчање падна, нешто изгледа се удри или изгреба на раката и почна да плаче. Мајкава иде, го дига за раката, и фаќа да го пцуе, колне, удира, онака баш збесната. Срце ме болеше и посматрав болно и криво ми е ептен што не реагирав ама кутрово пак ќотек и дома ќе добиеше. Зашто ебате ПАДНАЛО.
Мене мама уште ми се дере и само чистота гледа ,иако имам 30и кусур години,не смеам ништо да правам да не извалкам ако чистела скроз погрешно мислам строгоста и викањето не е метод за култура и за воспитување деца
Леле исто и јас прам. Ама од искуство, полицијата најверојатно ништо нема да преземе. Пред скоро деценија ова... ја земам ќерка ми од школо и стојам пред влезот со друг родител, иначе инспектор во МВР. Истрчува од школото едно девојче на 10тина години. По нејзе татко и', со дерење и закани дека ќе ја истепа. Јас гледам, инспекторов гледа, тој обезбедувањето гледа... Отидов да се обидам да го смирам татково, оти девојчево буквално се тресеше од страв. Кога се завртев, полицаецот си беше отиден. Ептен беспомошно се осетив во тој момент... Ништо не функционира кај нас. Апсолутно ништо.
Сакам да кажам дека сум презадоволен од Air fryer-от шо го купив! Без капка масло испржив или шо и да напрај чудово, копани!!! Превкусни се!
Гледам попусти на последни парчиња од летнава колекција на долна облека, бикини и такви работи. Еден рафт со секакви дезени, чипки, сатен, свила, врвки, шарки не знам ти што, избор има до 1000 и назад. Рафт подолу кај поголемите броеви: стандард крем боја и по некое цветче како на бабини гаќи извезено. Сите оние што не се 10XS да носат строго бела/крем/црна/сива памучна долна облека без многу избор во дезени, материјали. Оти ако не си VS-големина, не заслужуваш да се чувствуваш женствено. Не би било лошо малку пошироко да се гледа на нештата, и пореално. Оти во реалност не изгледаат сите како супермодел. А секој сака да се чувствува убаво и привлечно, за себе.
И после зошто детето ќе ја гледа како странец. Многу ми падна жал кога го прочитав ова иако било одамна, ама верувам дека не е баш ретка појава.
Не знам кај да го постирам ова... кај ќе биде видено... Во шок сум... Се' што можете и не можете да замислите, а се шушка за 'високите кругови', спаковано во едно семејство. House Of Hammer Еве ги двете епизоди. На јутуб ги има.
Грицкам вафла. Стуткана во книвче да не ми се троши наоколу. Петок е, да се почастам за жртвите што ги правам работни денови. Денес мало дете носеше блуза како неговата. Најубава му беше таа, бидејќи има три нијанси на сино. Мојата омилена. А знам дека и тој ја сакаше. Правам ретроспектива. Ми требаше некоја година, но застанав на нозе. На двете. Не се стаклени повеќе. Се исчеличив .. доволно. Од таму добив охрабрување, кое има контра ефект. Не се свесни дека ме охрабрија крај да ставам баш од таму и да почнам нешто ново. Оти не е убаво да почнеш ново, а товарот од претходно да го влечеш.