Уште сега на невидено бетувам дека на наредните доделувања на награди, оскар за најдобра главна женска улога ќе добие Cate Blanchett за "Tàr", а за најдобра главна машка улога ќе добие Brendan Fraser за "The Whale". Ај се кладиме!
Ја отворив темата препорачајте албум и едно од последните мислења е од мене и се инспирирав да го направам следново: How it started: How it's going:
Порано јас бев тој што касни ама сега не можам да опишам колку се нервирам кога некој не е на време, ако не е во точното време не ни сакам да се појавува повеќе. Имам разбирање кога понекогаш навистина со причина се касни ама да се касни буквално за џабе и често не можам да разберам. И така се нервирам за нешто што требаше да е во 10:30 па ок во 10:45 па во 11:00 и во 11:00 ти вели ќе касни. Не знам до кога да се толерира… Маж ми е па таков што ни 5 минути не чека.
Болест. Ужасот на модерното време: Фотографија од тројца луѓе кои „продале“ бубрег за новиот „iPhone“ го згрози светот
Купив тетратка од Кам затоа што аватарот на корицата личи невероватно на мене па за успомен, сега седам и реевалуирам жиотни одлуки и целокупно животот уствари...
Што убав доказ ова со бубрегот дека живееме во ера каде само насловот се чита и се носи заклучок, а текстот под него останува недочитан.
Сдк1: Отприлика еднаш месечно се враќам кај моите да ги посетам, и секогаш се осеќам како моето родно место да е сосема исто, или можеби јас се менувам сѐ уште. Запознавам луѓе, стекнувам искуства, се навикнав на живеење сама.. Кога ќе си дојдам тука сѐ ме потсетува на тоа колку многу беше различен животот пред само неколку месеци, како да беше сон сето тоа... Ме фаќа некаква чудна носталгија, како да сакам да се изнаплачам ама не ми излегуваат солзи. Можеби навистина веќе прифатив дека минатото е минато. Сдк2: После фрлањето погледи и потоа по едно здраво, вчера на пауза го видов колегата симпатија како стои сам, иии собрав храброст да му пријдам и да направиме малку муабет. Колку што е симпатичен уште повеќе е срамежлив. Повеќе од мене се срами, а мене постојано ми велат дека сум срамежлива. Значи, многу. Сепак ми е интересен, можеби ќе успеам да направам помалку да се срами пред мене барем. Сепак, она што најреално го очекувам е да стекнам колега пријател. За повеќе, рано би било да се мисли.