Никој не спомна за темите на форумот. Може и јас сакам да читам за бебиња и брак. Може ете сум во таа фаза од животот да се остварам како татко и секако тие муабети ми се корисни. Може на Кајгана да читам за филмови, серии, политика итн, итн. Нема машки - женски теми. Се е до тоа што те интересира. Има теми за секого да се пронајде. Ама муабетот овде се води за техничкиот, визуелниот дел и организацијата. Тука Фемина длабоко заостанува, со што се одразува и на намалената посетеност во последно време. А, и предобри, квалитетни членови си заминуваат најчесто поради лошо модерирање. Кајгана ги адресираше овие работи, ги поправи, вложи пари, и го издигна бизнисот на едно повисоко ниво. Навлезе во e-shopping, и се етаблираше на врвот. Фемина од друга страна, тоне.
Не знам, не се замарам до толку искрено. Со другиот форум немам искуство и не ме ни интересира како било таму. Ми се допаѓа тука, си читам, си пишувам каде сакам. Убаво место е, жени со жени да си споделиме искуства и совети во слободно време.
Glupavo e da se delat forumite na maski i na zenski jas na ovaj forum sum kratko vreme poveke bev aktiven na Kajgana ama vo moeto dosegasno iskustvo so forumi Forum. hr e ubedlivo najdobriot i najposetuvaniot forum sto postoi na balkanot so najmnogu traffic tamu imam poveke vreme i komentari ostaveno odkolku na site makedonski forumi.
Во ред е тоа и никој не вика дека тие теми треба да згаснат. Како и да е има и добар дел од нас кои не сме дојдени за слики од пелени да гледаме, а пример форумот не ни овозможува некоја си дискусија зошто било која тема со некаква спротивставеност на мислења веднаш згаснува. На пример во темата за бебиња може комотно слика од голо бебе да ставите што никако не е ок за форум, никој нема ни да примети, ама ако збориме на некоја поопшта тема со пример спротивставени ставови, одма ќе избанираат 2-3 ца погласни, ќе избришат некои добри поенти и после фала богу никој нема да се замара да пишува. И така, место да има некаков диверзитет на форумот, нормално дека ќе преовладуваат баш вакви теми какви што ти пиша и тоа нема врска со тоа што форумот е женски. Да не зборам дека 90% од дискусијата ако воопшто може дискусија да се нарече се дешава на една тема.
Леле, и мене ова ме нервира. Влегувам во продавница за долна облека, небитно која и само оди по мене. Како да гаќите и прслуците ќе и ги украдам.
Ќе се делиме, делиме, делиме... на поситно и поситно... Се додека не почнат да ни фалат 'етикети' за секоја човечка (пер)верзија. И после... можи ќе ни текни дека сите сме исто говно. Некој посветло-некој потемно, некој посмрдливо-некој помалку смрдливо, некој потечно-некој поцврсто... ... ама како и да го свртиш: Говно е!
Ова неиронично го кажувам, Јована Јеремиќ е препаметна жена и ја о б о ж а в а м од првиот клип кога ми има излезено на тикток. Жени кои се паметни ама градат кариера од тоа да изгледаат делумно глупаво и откачено >>>>>
Ако не сте излезени уште од дома, само да ви пренесам дека е бајаги потопло од минатата недела и да не ве излаже дождов да се наоблечете ко што ме излажа мене.
Јас верувам дека во октомври пак ќе фати некој пекол, така да @Feminka22, ич не се грижи за дуксерите со гол стомак, ќе имаш прилика пак да ги носиш годинава. Ау не знам, кај мене едно сонце опече, ептен спарно стана.
Не знам јас колку сум репер за форуми. Фемина ми е единствено, едвај едногодишно искуство и тоа што досега го барам - го има. Немам некој стаж овде ама ќе се дрзнам да искоментирам. Сеа баш пролистав на кајгана набрзина, уште стоам на тоа дека со естетиката се малку помодерни од Мирц, ама можеби тоа е и за почит. Доследни на стил, trademark. Фемина и сајтот и форумот имаат друга публика и ми се неспоредливи. Реално, нема да одам на кајгана да куцам у колку сум родена да ми пресмета подзнак. Има нешто што ме држи тука, темите од интерес, разговори, познанства, ама дефинитивно има ствари и шо ми пречат. Не сум достојна да зборувам за начинот на работа на кајгана, едноставно не сум таму. Еве лаичко мислење, кајгана слуша и имплементира, а фемина малку си тера стара слава можеби. Шознам.