Никогаш нема да сфатам зошто луѓето се тотални идиоти и провоцираат мали кученца(од мали раси) за после да ја снимаат и објават нивната реакција - односно ржењето, и демек тоа треба да биде пресмешно и интересно.
Диазепами се штанцаат на големо во државава, и не, не оправдувам без потреба да се земаат ко бонбони, само на сестрата кај мојата матична и е проблем да ми даде, па тоа молење, се осеќам дури како да и го полнам егото, бидејќи ја знам што мустра е, ексик ми е жими се секогаш кога треба да одам да ми препише. И не, не земам диазепамче при секој мал проблем или нервоза, туку земам само кога ќе ми се повиши притисокот или ако имам болка во половината. Ама што знаат докторите што и за најмала болка ти инјектираат диазепам, повеќе знае сестрава на која и се правдам секогаш пред цела чекална пациенти
Работава со ужасен мирис е што не можеш да игнорираш или да е прашање на вкус ко да се работи за стил на облека. Едноставно мене лично ми се лоши од прегадни мириси до степен да ми се повраќа (буквално). И пот од пред некој саат мириса под мишка или ако се гушнеш со некој па да осетиш. Ама ако смрди апла многу, или е нехигиена или некој хормонски проблем. Зашто дланката не ни мириса така лошо кога ќе се испоти?
Минатата недела максимално замарав, како на форумот , така и по дома , ги полудев комшиите со песната што ви ја постирав. Оваа недела се селиме од Шведска во Норвешка со хитот на неделата, има да ги пукнам сите на риплеј по 100 пати во денот. Ајде да ја постираме и тука , ептен е заразна уште од прво слушање. @Ahoy , ако добро ме држи меморија, тебе ти е омилена држава Норвешка, епа повели хитче од 26 годишната норвежанка Аурора Акснес. Јен два, спремни за денсање Абе легенда е Бака Прасе, одма предизвикува реакции, таков лик се бара на интернет, другите се ко умрени и досадни за гледање, не задржуваат внимание ко него. Го виде ли најновиот клип, хахахахахаха со периката Ај да се префрлам во форумски игри, таму кулираме со форумџиите заедно
Колку што јас можам да ти глумам дека ти работам, ти толку не можеш да не ме цениш. На секое "сеа нема да има промени во плата", ќе добиваш "сеа немам време да ти средам тоа". А додека несреденото ти се трупа, ја ќе си гледам серии и ќе си пијам кафе. Ќе видиме кој кого повеќе ќе искористува!
Заборавиле дека на лице со попреченост не треба да се потсмева. Жално. Сигурно се приметувало дека се татко и син, незнам како помислиле дека се нешто повеќе.
Гледам нешто многу потресени сите за таткото што си го уби денес тримесечното бебе. Горчлив вкус во устава кога прочитав. Истиот вкус кога ќе дојдам на форумов и во "љубовни проблеми" темата ќе нагазам на пост каде жената плаче и корне коси оти трпи насилство. Коа бев помлада им се лутев на тие жени што седат и ќутат. Уште се лутам на тие што имаат каде, ама убедени се дека насилникот иако ги тепа, ги сака. Ама срцето ме боли, значи онака стварно ме здоболува кога ќе прочитам жени заборавени од своите, каде не можат да се вратат во сопствениот дом оти на родителите им сметале, на золвата и сметале, комшиите што ќе речат и слични вакви гомненици. Никако не сме заштитени во државава, може некој да не крши од ќотек, да не убива, да не гази. Се дури не убие некого. Тогаш е пост на сајт, неколкудневно колнење на убиецот, и после јово на ново. Одново тепачки, одново убиства, одново црни хроники. Маж што дига рака на сопствената сопруга, девојка, партнерка е способен на се. Дури и детето да си го убие. Знам дека ме читате, знам дека ви е јасно. Ако некој дигне рака на вас, подигнете црвен аларм. Пријавувајте, молете, барајте работа и БЕГАЈТЕ.
Денес ептен ме направи среќна. Ми ја исполни желбата за одмор, сами ние двајца. И тоа Дубаи Многууу ми фалиш, сами да си сме си. Ми фали тишина, мир, како порано. Од децава, работава 24 часа обврскиве никако немаме време да си се посветиме еден на друг. А така ми фалиш.. Мајка, секако ги мислам маливе како ќе бидат без нас но неколку дена нема ништо да им биде, ќе бидат чувани ептен од баба и дедо. Едвај чекам искрено
Која некултура владее во автобусите, страшно нешто. Ќе се истепаат на врата да влезат, да излезат, се буткаат сите, никаков ред и култура.