Оние личности што истовремено многу ги сакате и многу ве нервираат... Е ако таква личност би била овошје, ќе беше калинка. Зашто толку се убави, а толку живци вадат кога ги чистиш?
зависи,тоа е за мене благородна работа,ма да сепак од доктор до доктор,али мене муабетов ми беше ако сакаш да се зачлениш мораш да си искешираш 1000 или 1000 и неш денари месечно за да бидеш дел од елитниот форум
Веќе немам време и трпение за луѓе кои со некаков изговор се наметнуваат и ми даваат совети и мислења кои никогаш не ги побарав. Уште помалку ако истите се за тоа како јас си го живеам животот и како го поминувам сопственото време на планетава. Немам време ни за конфронтација, ниту за давање втора шанса. Особено кога некој ми се обраќа на начин на кој никогаш не би му се обратила. Има начин да се комуницира како возрасен и зрел човек, дури и во конфликтна ситуација. Немам време за луѓе кои ми го губат времето и не знаат да застанат до сопствениот став, демек, “немој погрешно да ме сфатиш, ова не го мислам за тебе, АМА..“ абе ајде бегај, никој не те праша. Колку повеќе човек има почит кон себе, толку поочигледно станува дека некои луѓе треба целосно да се искоренат од сопственото секојдневие. Не ми се бара доброто во луѓе кои постојано ми покажуваат колку се цинични, и уште помалку имам толеранција за оние кои немаат доволно карактер ни да си ги одбранат сопствените ставови. Ич не ми е гајле кој се лутел или навредил, време е јас да си посветам време на себе, и сопствените потреби, и сопствениот избор, и да си ги поставам моите граници. Доста ми е од „добронамерни“ вампири.
И насабајле. Навистина е годинава многу ладно, уште од крајот на август некој студ фати, не се сеќавам вака да било другите години.
Edvaj sı go cekam odmorot,kuferot so novıte fustanı e spremen , ıako samo 5 dena ama dovolno da ıznauzıvam na 38stepenı zaedno so mm samı..
Денес дознав дека причината зошто 60-70% од населението во Европа умрело од црна чума е мизогинијаи вау. Се надевам дека некој ќе извлече порака од тоа.
Прекратко трае сезоната на нектарини. Моментално сум на исхрана без преработени шеќери и доаѓам до моментот кога јаболкото е стварно најблагото нешто во куќава
Денес цел ден глава ме боли, демек спиев ко си дојдов од работа, пиев и апче за глава ама не, сигурно утре или задутре ќе ми дојде ( колку го мразам женскиов проблем секој месец ) Инаку дојдов да си ја пофалам јавно тука Наташа , значи секоја чест, го имаш доловено реалниот живот на 70 % од македонците ( ќе пишев 80 %, ама да не претерувам до толку ) Ич да не се секираш што не те поддржуваат нашиве, љубоморни се и завидливи, кај си видела македонец да се радува на туѓа среќа. Ама затоа те сакаат корејците, доказ ти се коментарите под твоите видеа. Одличен клип и браво за идејата да го израдуваш татко ти со парите што ги заработуваш од Јутуб. Кечаппппп, другар да те тагирам, @Ketchup , на овој форум само јас и ти следиме по нешто корејско А за Наташка едно големо браво , ептен е приземна , од дното на срцево и посакувам успех оти го заслужува тоа , душа мила
Може ли да престанете тоа за влечење на слики да го ставате?!?! АМАН, или па стави го таму подоле, не си го ставил на пола слика!! У пм со тоа, го повлеков до крај баш кај се прелистува на личност на која најмалку треба.. Има ли начин да се избрише?