Не знам што се дискутирало по темиве и за која членка станува збор, ама ова што го пишуваш дека го има по форумов нажалост е секојдневие и во реалноста. Си пишала сакаш да знаеш зошто е тоа така и тоа е сосем во ред, социјални битија сме, не сме научени да живееме секој сам со себе, комуницираме, имаме соживот и ете сакаш да знаеш, ама едно што сум научила и сфатила дека за некои луѓе и нивните постапки не вреди да се замараш и размислуваш воопшто. Уште поубаво е што немаш никаква комуникација и гледај така да си остане на тоа, а не пак не те ни познаваат вистински каква си ама петсто дијагнози и муабети ќе ти извадат зад грб. Ќе си додаваат и одезмаат што ќе им падне на памет и си мислат кој знае колку се паметни и што постигнале во животот. Некогаш им се чудам на умот на ваквите, а најчесто игнорирам и отпишувам на глупост. Особено игнорирам кога по потреба кога имаат најголема корист од тебе знаат да те бараат и да те најдат и под дрво и камен па се лижат и се прават најзагрижените личности на свет за тебе. Како па да не, лицемерие упалено на најјако. Не им се или конкретно во твојов случај не и се замарај на членката која и да е.
Не знам зошто свесно навив аларм во 7 кога имам предавање од 10? Сега блејам и гледам колку е грдо што е темничко и облачно надвор.
Мислам сите имаме по некоја таква Јас имам и гратис- две три што се појавуваат само коа некој скокнал да се кара со мене а иначе не, не пишуваат тие у таа тема, испод части им е. Одвратни се уживкај си, нивни комплекси од дома се тоа
Сигурно ти е љубоморна дека се носиш помодерно од многу од нас Или па може и е криво дека ќе идеш у Дубаи... упс и у Турска (заборавив и за тоа се пофали)
И ти некако чим си лажен профил а мене ме пратиш.. хммм... Најинтересни сте кога велите се фалиш. Де де анонимен форум е, зарем се што ќе прочиташ ќе веруваш? Лажњаку
Јасно ми е зашто некои луѓе посегнуваат по дрога и алкохол. Ама не, не можам да сум supportive ако таа моја поддршка ме става во ризик да останам без покрив над глава, без пари и општо целата моја безбедност да е на ризик. Така што, кога во своја близина би имала ваков зависник, ќе се оддалечам за свое добро. Ако се излечи и докаже дека е сe' океј, нека ме бара. Ама и тогаш ќе размислам. Знам дека секому може да му се случи. Ама човек кога ќе навлезе во зависност, целото негово однесување, размислување и перцепција се променети. И затоа кога во оној момент ќе стане небезбеден, разумно е одредени да се оддалечат од него.
Кај слушам и сум љубител на real crime приказни, замисли и слушам метал и играм кантер! Мора да сум психопат добро скриен во општеството. Пазите се.
Гледајќи се повеќе жени како се со партнери што им даваат пари, подароци, а не смеат да работат, а на социјални мрежи се претставуваат како среќни и секоја втора слика им е со ќесите, а позади тоа знаеш колку се тажни(се довериле)....си ја кажувам старата народна " не ми треба злато ако ме држат во окови".
Чајот името го добил од Кина. Таму, се вика Ча на Мандарински, или Та/тé во Мин Кинески. Според тоа како се пренесувал во Европа, така и го добивал името. Оние што го добиле по копнен пат, го нарекле Чај, а оние по воден, Ти. Интересно е и тоа што, кога стигнал во Британија, Англичаните врска немале што е тоа, па течноста ја фрлале, а ги јаделе лисјата. Битно сега се tea nation. Какво кафе... Нема подобро нешто од топол чај со мед на ова есенско свежо време. Бујрум.
Ни тоа не е проблем. Проблем е географската ширина а таа не се менува. Тест за интелигенција е дебата.