I cant Ми се дига притисок Башка и у ПМС сум и сѐ ми смета. А и никогаш нема да можам да преќутам на ова
Нека ни е честит и вековит денешниот празник, денот на востанието. Смрт на фашизмот, слобода на народот.
Среќен роденден. Имајте убав празничен ден. Јас кога бев мала сакав кога ќе пораснам да бидам Лепа Брена. Ме навративте во слатките времиња на детството.
Не знам зошто мажулињава мислат дека шерпа, тава, џогер и сл се топ подарок за роденден, годишнина и сл. Мислам, освен ако не е да го фукне по глава со нив, не, не е ок поклон. Тоа е дел од покуќнина, нешто што морате да го купите за да го имате дома, како чаша или тв, а не да ја воодушевуваш со тоа.
Многу е добро кога гледаш како животот им враќа за се лошо што ти направиле, кармата си работи, и наместо да се ситиш ги жалиш.
јас би се израдувала на џогер, ама ако е смарт и чисти сам Или чаша што се мие сама. За тави да не зборам пошто мрзам тави да мијам…
За кој како .. Јас обожавам да готвам и да добијам за подарок квалитетна тава или тенџере би бил пресреќен или квалитетен нож.
Не знам како луѓе што се немаат скапано учејќи биохемија, метаболизам и физиологија, стануваат нутриционисти.
Мислиш празник е ќе одмориш малку...ама не, работа еден куп, башка по кишава да ми се одмили животот.
Мое мислење е дека тоа е од она старото, жената е за домаќинка и му има останато на мажите. Или е некој голем чпараџија икономист па прави трошок два во еден да не се арчи
Е#*ти државата кога на оваков празник на МТВ не го пуштаат "Македонски дел од пеколот" Нека ни е честит 11-ти Октомври. Смрт на фашизмот, слобода на народот.
Епа за второво. Колега на мм ми бика, и купив сет тенџериња на жм за роденден, ионака ќе требаше да ги купише, вака да искористам. А жена му ич не сака, не знам како ќе помине.
Сдк 1: Нека ни честит денешниот празник, но исто така треба да нѐ потсети дека фашизмот е сѐ уште присутен и воопшто не е минато. Сдк 2: Денес се чувствувам многу бескорисно. Не сум workaholic толку, само ми е мака за тоа што дури седам дома така можеше да си земам дупла дневница како некои седејќи на работа.
Денес сфатив дека кафеава ми е омилена боја. Ретко да не ми се свиѓа нешто што е кафеаво. Плус, има изобилство на богати нијанси што ги поседува. Ја доживувам ко некст левел на црна, ем нема утка со неа, ем има повеќе карактер. Исто така: Зимски модни комбинации > летни модни комбинации.