Исклучуваат каде што се пијалоците, каде што има месни и млечни производи мислам дека не исклучуваат, а и не смеат ...
@Dream-Girl , девојче, од твоите постови се шири позитивна енергија, плениш со неа, ти посакувам вака да чекориш и понатаму во животот
Менталитетот наш? Па на објавата за ослободителната пресуда за таткото што го уби зетот - сите жени, само по некој маж со честитки. Објава за некоја разголена или силувана - сите машки, по некој женски коментар дека си го бара(ла).
Мразам да мијам садови на рака! Фала му на Господ за машините за садови, кој ја изумил да му даде господ рај вечен! Миење на рака наспроти миење со машина за садови: -повеќе време потрошено за средување на кујната што сум можела да го искористам поинаку, попаметно и поинтересно (и не ме убедувајте дека е точно тоа дека за да ги наредиш во машина и за да ги измиеш на рака е исто толку време потребно. Знам дека не е- сум мерела!) -потрошено многу повеќе вода и струја од бојлерчето што се загрева многукратно - топла вода не стигнува за сите садови ако се многу. Бираш да чекаш да се дозагрее вода или да миеш со ладна. -рацете и ноктите оштетени (не ми зборете за ракавици, се исфрлам од нив така да тоа не е опција) - вените и така попуштени, не си ги поштедуваш, нозете поболни, кичмата и рамењата поздрвени -Кујната потоа полна садови што се сушат, а не средена и празна. И мразам дополнителни пластики и сталажи за сушење на садовите. Нехигиенски, неестетски собирачи на бигор, бактерии и мувла. Кај миеш садови па и нив гломазни целите да ги премивам. Користам кујнски крпи и ги перам на вриење зошто ми се подобро решение. И со тоа трошам плус вода, струја и детергент што ме нервира дополнително. Сум имала и кујна со вградени полици на висечките за цедење на садовите врз мијалникот. И тоа не ми се допаѓа, зошто стално се крш внатре садовите, пошто тука треба да влезе и чаша и тенџере и чинија и се оштетуваат. Ете си кажав, ми олесна
Тогаш мене нешто ми фали, мене па релаксација ми е да мијам садови на рака. Значи се можам да правам само не ме терајте да бришам прашина. Ау тоа ццкаво па извади па пребриши насекаде па па врати.... а ова и правосмукалка работам и мозокот ми е пуштен на off, буквално ме релаксира. Затоа кога сум јас дома кај нас машина за садови не се пушта. Јас знам и на слави кај блиски кога сум, тетки, баби, да станам и да отидам да им мијам садови во кујна.
Da te barame,koga ke imame sadovi hahahaha jas mrazam da mijam,masinata 3 x na den raboti,nekogas I za 5 casi hahahaja
Па и јас истото се прашав. Зошто имала толку дежурства? Затоа што некој мора да дежура. Интерен договор меѓу докторите е тоа, кој кога ќе биде на смена. Е сеа друго ќе беше ако излезеше со докази дека она треба да е дежурна а не дошла на работа а сепак и е платено. Ама јас такво нешто не видов. Секако реакцијата на докторката и заканите не ги оправдувам. Секоја конфликтна ситуација може да се реши на цивилизиран начин. @Dayandnight ма слооободно, не одбивам да знаеш
Дали има некој ко мене што обожава ретро југословенски работи? Ме фаќа носталгија, иако многу малце од работите лично ги имам користено/видено, ко на пример чоколадите од Краш и шољата со крава од Линолада кремот. Само видете го профилов, прекраснотии: https://instagram.com/retroteka_?igshid=YmMyMTA2M2Y= Може некој да отвори тема па да си постираме фотки и да ги коментираме работите?
Има не си сама. За тема се си мислам имаше таква, нешто спомени од детството ли беше, не знам детално како одеше насловот, ама така нешто како да беше. Ај поискусниве во пребарувања нека ни излезат во пресрет да ни помогнат. Убави спомени од едно поинакво детство се, макар и само сликовити.
Минатата ноќ мислев дека ти ја оттргнав тагата бакнувајќи те за папокот. Мислев дека ти ја оттгрнав, но ти седна во кревет. Целата треперејки, со уморен поглед ми кажа Дека има чвор во твоето тело кој не можам да го одврзам. Никогаш не знам што да одговорам кога ќе го кажеш ова. „Во ред е“, „Легни пак да спиеш“, „те молам, не си оди повторно“. Понекогаш те нема со денови, А јас се воздржувам да се јавам во полиција, Да те пријавам за исчезната, иако Ти си тука до мене, спиеш до мене. Но, твоите очи се како празна куќа во зима, Со запалени светла за да ги брка натрапниците. Иако, во овој случај, јас сум натрапник А ти си толку силно затворена во себе, Што не постои човек кој може да ти се приближи. Минатата ноќ, мислам дека ти дадов причина Да не бидеш тажна, кога ти го држев телото Толку цврсто што двајцата треперевме. Сепак, некои луѓе, и покрај се, се тажни Покрај целата љубов, целото разбирање... Сега знам подобро. Знам што да кажам кога ќе ми ги кажеш сите работи Во темница, треперјќи, со уморен поглед. „Во ред е“. „Остани до мене во кревет“. „Те молам врат ми се“.
Ептен либерте луѓе и совесни граѓани имаат разбирање за луѓе зависни од тешки пороци, демек општеството ги натерало, демек на секој може да му се случи да посегне по дрога, демек треба да ги прифатиме и помогнеме. Ама истиве те пцујат ако фатиш врски кај доктори после година дена ебавање низ ходници за состојба која те спречува нормално да живееш. Пошто на тоа ич ништо не те натерало, не.
https://sitel.com.mk/krazhba-vo-dve...sK_EB5JyCjOeF-D2tN5-Nuy5pVexLpLNsOZd7Vbk4u1gI мизеријо Македонска…
Леле фала ти за профилов, ги обожавам овие работи иако голем дел не сум ги начекала, сепак се носталгични. Сдк дека открив нова песна и нов бенд во кој се заљубив од прво слушање, и едноставно се чудам зошто не се воопшто популарни (најверојатно дека нови) ама песните им се скроз мој стил, еве една: Чувството кога си наоѓаш нов омилен бенд што се на почеток на кариера. Се надевам ќе продолжат вака.
Имав еден другар на времето, неразделни бевме. Сме искачале заедно, сме иделе сегде заедно, сме се сакале и дружеле. И си имаше голем број другарки, баш беше све океј. Фати девојка. Девојкава љубоморна до бол, значи до бол. Му забрани да се гледа со секоја што нема дечко, не смееше на кафе со нас, сами па да се видиме боже пази. А никојпат, ама апсолутно никојпат немало нешто романтично. Се оддалечи од сите, избриша социјални мрежи, го снема. Неколку години не знаев ни каде е ни што прави. Некни разбрав дека раскинале и дека сега не знае што да прави, нема кому да се јави, сите се лути не затоа што ги заборави, туку затоа што на сите им кажуваше дека за мир у куќа мора така. Од една страна сакам да му се јавам, од друга страна ми ѕвонат зборовите што ми ги кажа тогаш, морам ради неа, ја сакам а ти и сметаш оти си многу либерална. И така, не бидете шупелки во животот.