Хаха исто дај ми само миење садови и ништо друго а чистење и метење не обожавам .мразам машини особено кога тропаат
Јас го разбирам дечкото и сочувствувам со него. Те молам, ама те молам побарај го. Поразговарајте. Не за неговата врска не за бившата не за начинот на кој завршил контакт со блиските. Сигурна сум дека сега кога се тргнал и расчистил со неа му е јасно каде згрешил. Апсолутно се му е јасно и има почиста слика. Ама не го оставај така ако толку сте биле блиски некогаш.
А кај беше он кога мене ме изеде цела 2022? Јас си знам што претргав, само погреби не можам да добројам годинава. Раскин, други фамилијарни глупости, а него НИКАДЕ го немаше. Расчистив со луѓе кои не биле тука за мене кога сум пропаѓала. И ми се смачи само да давам без да земам. Сочувство не ми изрази кога пропаѓав, епа сега нема назад. Сакам да сум поголема од ова, ама не можам, жал ми е.
Денес едно бабуле забулено (не знам дали е правилен збор) пред мене на шалтер си подигна топче евра, си извади од џебот свилена чорапа си ги намота парите и си ги протна некако меѓу гради…. Валда не улетав како статиста во некој филм
Хахах ова ме потсети порано, приватните автобуси кога наплаќаа возење. Епа имаме приватен автобус и тогаш пред неколку години се качила некоја на предна врата нели да си плати. А татко ми возел, и вика прво брцна рацете во прслук, извади купче замотани пари, па плукна на прсти и почна да пребројува десетки да ми плати. И само и реков не треба ајде стара сте вие, возете се бесплатно
Кај мене, едвај млаки се радијаториве моментално. Сабајлево само едно 20тина минути беа топли и толку. Резил!
Добро и ја осетив млако ама сабајле накај 10-11 секад нема Башка види надвор какво е, шо е нѝ е, ќе вадиме сипаници
Абе надвор е потопло од вчера да, ама дома не се затоплува така брзо. Веќе со денови дома наутро е ладно, а цела година се плаќаат сметки за парно за сега да пушташ клима.
Не знам мене дома ми е топ По кратки сум сега, по кратки и спиев Не дај Боже сега да ми го пуштат парното..ќе умрам
Викендов има бесплатна достава од citymall и eastgate (ако некој не е упатен, една корисна информација и од мене)
Шубаво место ова форумов, има се за секого, од бавење со пелени до воспевање нео фашисти и промовирање нивни идеологии. Баш инклузивно, има се за сечиј вкус.