Да, воедно и мојот. А ако тебе не ти сметаат англицизмите или другото што го зборевме, океј. Ако ти е ок, да се негира државата и јазикот во која си родена.
Не би се согласила, еве јас знам совршено англиски и германски. Знаењето на странски јазик она совршеното можеш да го добиеш ако живееш во земјата или ако имаш талент за јазик. Предавам на дечиња одма се познава дал некој ќе го биде ил не. *Мада ако некој се заинаети чуда прави . Зборам за она убаво ЗНАЕЊЕ, а не познавање , кое впрочем повеќето од луѓево го имаат ( за било кој јазик). А за останато во право си, пред да се почне со било кој јазик мајчиниот треба да си го знаеш/познаваш. Сериозни реформи се потребни во образованието.
Така, да. Ако си роден таму или отселен. Ќе го владееш. Јазикот баш, или те бива или не. И јас имам предавано на деца, во Македонија, но лошо е што на странките јазици им се дава приоритет. Совршено.. Хммм, тука не се согласувам. Ние како македонци не си го знаеме јазикот совршено, верувај, не па да знаеме странски.
Проблем е доколку некој знае повеќе јазици? Исто така, не ти го разбирам револтот во првиот дел од мислењето за перфектно зборување на определен странски јазик и како тоа е поврзано со останатиот дел од твоето мислење...? Децата и младината се најмалку виновни за тоа колку тие го знаат и се интересираат за македонскиот јазик. Кажи ми шо оваа ДРЖАВА има направено за унапредување на македонскиот јазик? Како таа стимулирала негово изучување и знаење? Освен во училиштата(а и таму), на ниту едно друго место нема квалитетен едукативен материјал на мајчин јазик. Веќе години нема никакви емисии од забавно-едукативен карактер, нема серии, нема филмови на мајчин јазик, нема ниту доволно книги кои се добро преведени на македонски јазик. Се помалку се одлучуваат да студираат македонски јазик и книжевност. Катедрата за македонски јазик е пред затворање. Стручњаци од Институот за македонски јазик последни се прашуваат пред било какви компромиси и промени врз јазикот! Сигурно и за тоа се децата и младината криви?
Сигурно очекуваат да гледаат вести и синхронизирани турски серии. Покрај интернетот... од шо мака да следиш македонски медиуми? Апсолутно нема потреба.
Тие што ги има досега нема еден без гола цицка или секс сцена бетер од порнич. Онака да ти е соодветно да седнеш со фамилија да го гледаш
Не е проблем да некој знае повеќе јазици. Кој спомна тоа и како си сфаќате? Кој рече да гледаат турски серии? Кој рече да следат САМО македонски медиуми? И реков дека не постои некој што совршено го користи својот или туѓ јазик. Еве како што јас искористив океј. И одма со ' А, океј да не е наш збор? ' Полека. Накратко, дали ви сметаат странски зборови во нашиот јазик ( зборувам за оние кои имаме наши зборови)
Рече девојката со англиски јузер (пардон, корисничко име). Погледни по јузерите овде само колку е навлезен англискиот јазик и култура кај нас, оди во темите за филмови 90% Холивуд ствари, музика исто, пушташ (македонско) радио исто. Неможеш да избегаш од тоа, причинска последица е.
Далеку од тоа дека ќе избегнеме нешто што ни е наметнато. Муабетот е дали ни смета или не. Овде на форумот не сум видела правила за тоа дека ЈУСЕРНЕЈМОТ мора да биде на македонски. И не сум потпишана ГирлЛове
Мене многу работи ми сметаат, ама умеам да направам разлика меѓу нешто што е општествено неприфатливо и нешто што мене ми смета како индивидуа. Во ера на социјални мрежи, каде што универзален јазик е англискиот, нормално е луѓето да попримаат зборови кои потоа ќе ги употребуваат во секојдневниот живот. Не гледам на кој начин ова е предавање на државата и јазикот. Си има места на кои се користи формален говор и писмо, социјални мрежи и кафе муабет, не се едни од нив.
Не мора и мојот е, како и на 60-70% од членовите овде (со се главниот модератор), тоа ми беше зборот насекаде е околу нас англискиот денес, a и ко што кажа
Да ја поздравам @GirlLove со насловов https://kurir.mk/magazin/tehnologija/germancite-postavuvaat-solarni-paneli-nad-autoban/ Аутобан бе