Дали е можно после секое кратење на косата, па и најминимално да е, веднаш уштр наредниот ден да се каам?
Најлоша комбинација за работа. Нашле и те користат како им одговара. Платата ти одговара? Ако ти треба работа, тогаш не се форсирај и работи ди лабаво, без да се замараш дали тие таму стигнале да прокнижат или не знам како. Реално не е лесно да се најде некој да работи во такви смени, а да знае јазик и да е ефикасен. Мене триста пати ми нудеа за топ плата ама џабе, со дете сум и си барам ок услови. Ако се дрски батали ги. Не звучи како фирма која нуди искуство и која ке ти даде препораки за иднина. Многу малку сме платени, затоа и за уса маркет работиш ти. Реагирај си, повеќе ке те ценат.
Зарем уште постојат луѓе од Скопје кои ги гледаат другите со потценување? Знаете дека и ние во другите градови, т.е од "провинцијата" имаме се што имате и вие? Дуќани, кафичи, живот, воздух, вода, струја...? Верувам дека 90% народот од "провинција" оде за Скопје по болници, факултет или многу добро платена работа. Никој не оде од своја волја, своја желба за Скопјето. Пред една недела во болница докторката се изјасна дека била "чистокрвна Скопјанка", па кога виде од каде сме беше како "А а вие не сте од Скопје, од друг дел доаѓате." Дедо ми како што го дал Господ без влакно на јазик и вели "Да, од тој град сме, не сме од провинција." Па докторкава кога почна, "Е добро не знам за таму ние во Скопје вака така." Дедо ми и вели "Што Скопје? Што е Скопје? Депонија, несредено, нечисто, без култура. Ти докторке во 8 почнуваш со работа а во колку стануваш? 6? Ние во 8 ако почнуваме со работа во 7:25 стануваме. Да немам потреба од болница не би стапнал во Скопје. Ти зимаш 500€ плата ами превоз? Кирија? Парно? Паркинг? И што е толку добро во Скопје, а лошо во провинција?" Поцрвене жената, ама за некои само така. Тоа е, подобро да си немаат работа со луѓе од провинцијата, ние не сме толку културни и меки на зборови.
Апсолутно поддржувам невладини организации кои се залагаат за поевтини или бесплатни менструални производи и поголем пристап до нив ама човече...онака очи превртувам кога ќе прочитам лУѓЕ шТо МеНсТрУиРаАт.
Го видов кај Боемот на стори и се чудев зошто немаше од вчера реакција од МВР, дури денес реагирале ама добро, колку да се работи нешто. А, ако не дај Боже беше нешто З.З. ќе речеше “Па тоа е,се деси и сега што прајме!?”
Човекот се вика оториноларинголог….чисто информативно Или лаички, доктор за уво, нос и грло. Е уште ова го немав видено… Влечење за уши за се повлече трет крајник. Најбејсик операција е Бог да чува
Бев на разговор за работа луге во бутик. И ај као си реков нормално си реков лично да се зборни ако бива ок ако не пак ок.. Одење луге дуканче метро на метро и "газдарицава" знајте од оние шо немале ништо до вчера ке праела кастинг и спремила 20тина прашања... Хахах абе за минималец шо си мислите вакви газди?! Како не ви е срам па ми вика камери имаме као демек абе какви камери кај имам јас работено дојдов дури сум Мк колку да не седам дома... Мислам да не ме сватите погрешно јас сум ептен културна и сум ја вршела работата коректно секогаш и секако не и посочив шо мислам... ама за минималец да ми глуми некоја глупачка лудило хаха уште долго ке бара.... И ми вика ако има проблем кај ке се јавиш кај мене или кај мажот ми хахахахах Грда како нок блазе маживе шо трпат вакви... МИЗЕРИЈА СТЕ чао поз
Не, напротив. Во денешно време во секој бутик има камери. Нормално е тоа. За тоа на кого ќе се јавиш ајде да речеме е глупо прашање. Ама за минималец ќе помине. Не е таа глупача жената само сака да се осигура дали си ти соодветна за тоа работно место. Нив не ги интересира дали ти седиш дома онака или не. Тоа ми беше зборот, ако сите работодавци се глупачи за тебе тогаш не е до нив. Бутик е, не е фирма со реноме па да очекуваш професионалност.
Ne jas ne sum rekla za site. Znam segde kade sto sum rabotela imalo kameri ne sum od mars, ok e da prasa da ama mislam kako za butik so 18iljadi premnogu ocekuvanja ima.
Искрено, кога некој има свој бизнис си одлучува колку плата ако ти одговара прифаќаш, ако не ништо. Се согласувам дека има дрски и некултурно меѓутоа да кажеш како з абутик 18илјади се преценува....велиш мало, локално дуќанче. Ако веќе гледаме така знаеш дека има медицински сестри што ја зимаат таа плата а имаат премногу одговорности, работа и слично?
Само некој што нема работено нема да те сфати. Премногу бараат од нас, работниците. Сум била во бутик знам како е. Не и е убаво однесувањето. Што ме интересира мене, какви камери има? Ако не ми одговара ќе се обратам кај неа или кај мажот и, зависи кој ми е шеф.
Baraat preku leb pogaca, bilo koja rabota za taa plata ne gi potcenav ni med sestri jas ni nikoj, ne treba da se dozvoli nekoj so do vcera nemal nisto zosto najcesto takvi se i naednas imat nesto i zaboravat koj bile i se ponasat kako kojznaj koi da se i gi maltretirat vrabotenite. Taka da jas ne sum licno dojdena do tie 18iljadi ama ne treba nikoj od nas da prifajka samo taka bi se promenilo nesto. Ali koj kako si saka.... Jas da, ke ja prifatev rabotata i ke tecese se super ako imase normalno ponasanje i baranja.
Си требала на културен начин да и посочиш што ти пречи. Отворено да поразговараш за условите за работа бидејќи интервјуто не е само таа да каже што нуди и бара или очекува туку и ти. Ако си покажела поцврст став, народски кажано муда можеби и таа ќе сменела фреквенција. Како се однесуваме и изјаснуваме така не третираат. Јас ти го прочитав првиот коментар и за тоа во врска со камерите се сложувам со членкиве погоре, за односот што ти сметал си требала директно да и посочиш. Вака си заминала и сега се осеќаш исфрустрирано. Разбирливо е тоа, си вложувала време, си се надевала и ти си имала очекувања како и газдарицава и си се разочарала, ама само продолжи си по патот. Ќе налетуваш на многу вакви ама и на многу поинакви од нив, во позитивна слисла поинакви.