Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Немаме струја и вода... :( навечер по потреба само со свеќа до вцто надвор одиме, ама затоа тањирите на реката секој ден ги миеме и се бањаме. :makeup: за разлика од тебе
     
    На Emy867 и simoncelicius им се допаѓа ова.
  2. Pax

    Pax Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2022
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    Јас пак можам да живеам и во Скопје и во помал град. Дури и надвор од државава и во метропола и во некое подалечно место богу иза леџа.:D
    Ако ги имам до мене тие што ми значат, имам професионална инволвираност по струкава буквално ништо не ми менува каде живеам. А таква ми е професијата од неа секаде има потреба и во помало и во поголемо место.
    Дури во последно време често се фаќам како размислувам за живот во некое малечко местенце или барем покрај море, каде што е убаво урбанизирано и се е релаксирано, а особено ослободено од големиот сообраќаен метеж.
    Само тоа најмногу ми пречи во големиве места, сепак и на тоа се навикнуваш или наоѓаш алтетнативи кога се живее на тој начин во поголеми места.:)
     
    На Ta-mara му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    15.675
    Пол:
    Машки
    Немаме, само на свеќи функционираме, и а затемни од шо нема шо да прајме само се прцаме.
    Повели кога сакаш да се увериш ;)
     
    На -црноока- му/ѝ се допаѓа ова.
  4. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.502
    Допаѓања:
    12.626
    Пол:
    Женски
    Шега настрана, нема ништо лошо и во живеење настрана од Скопје, само тоа што викаш, нема лекар, основна работа е здравствена заштита и на преглед да можеш да одиш кога ти треба, пат да има асален, другото знам дека се имате и дури и поубаво ви е од Скопје, помирно, почисто..
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Pax

    Pax Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2022
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    Како француската буржоазија на времето сте, мераци.:D
     
    На Bratot и Feminka22 им се допаѓа ова.
  6. Pax

    Pax Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2022
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    Како немаат лекари, имаат. Е сега на некои од нив што не им се раб. па на секое Ск. ги праќаат тоа е. Или и да се добри и стручни тамошните лекари немаат соодветна апаратура за подетални прегледи па пак се сведува на прати ги во Ск.

    Долга тема е оваа за утрински дискусии.
    Само се сложувам дека живеат многу помирно, барем повеќето во помалите места.
     
    На ElenaOfRivendell, Bratot, Anne Boleyn и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.322
    Пол:
    Женски
    Многу смешно еј
    Девојчето го нема овие сеир си фаќаат и гомца јадат..
    Абе да не ви се деси дома, нема вака да зборите
    Копук
    DC4EF69B-7DC6-4DBE-A2B1-D74DA59A8C59.jpeg
     
    На marlonbrando69, MeowMeow, KateKane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    1.101
    Пол:
    Женски
    Ноќва , а и неколку други пати (не се многу) сопругот во друштво, секогаш кога биле поднапиени и расположени, знае да си каже нешто за неговите сексуални искуства кога летаат такви теми од пријателите (кои му се сингл претежно) во мое присуство, а да беа со партнери не верувам дека ќе беа толку "кул" како мојов.
    Сношти кога мелеа пак за слични теми најотворено си кажа кој му бил најдобар секс, а после кога му текна дека сум тука, рече пред тебе драга секако, што немаше ни потреба од "брашинг" оти повеќе ме згрози.
    Никако не мислам дека беше "девица" пред да го запознаам , не бев ни јас, ама сметам дека не е воопшто елегантно пред друштво партнерот отворено да зборува на тие теми во присуство на другиот партнер. Зборувам за теми кои за секој моногам и совесен партнер би биле непријатни, а не воопшто да не зборува и прави шеги од "мрсни" теми.
    Кога сум сама со друштвото и јас сум отворена и можам да зборувам за се' што пред него не би.
    Секогаш му велам дека многу ми е непријатно кога го слушам така, и никако нема врска со љубомора, едноставно ми значат манири.
    Добар и како многу ретко одговорен партнер е, ама овие неколку испади знаат да ја расипат секоја магија на односот.

    Сакам да кажам дека без манири и елеганција овој живот нема смисла.
     
    Последна измена: 23 октомври 2022
    На cresa-jagoda, Michaelalala, sweet-cherry и 8 други им се допаѓа ова.
  9. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    4.760
    Пол:
    Женски
    Мама низ опуштен муабет спомна за братучед на моето дете, кои патем има 14г,му се потсмевале на училиште бидејќи носел ужинка домашно приготвена, поточно полнети кифлички. Ова се однесува на младите родители(секоја чест на исклучоци) - до кога ќе ги учиме децата на извртени, погрешни вредности? Зар децата снобови ќе ги правиме, без основна култура и домашно воспитување?
    Еве и јас сум носела храна од дома и не гледам ништо срамно, напротив треба да се гордееме со мајката/бабата која го приготвила оброкот.
     
    На cresa-jagoda, Ekvador, Emy867 и 16 други им се допаѓа ова.
  10. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.913
    Допаѓања:
    15.827
    Пол:
    Женски
    Зошто нема луѓе околу мене кога најмногу ми се потребни?

    Кога јас им бев најголема утеха на сите.
    Сега никој нема....

    Никој.....
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  11. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.502
    Допаѓања:
    12.626
    Пол:
    Женски
    Баш, секој родител кој што се грижи за своето дете му подготвува оброк и му дава за на училиште, наместо да му даде 150 денари и да му рече купи си бурек, јогурт, смоки, и нешто благо за детето да се тови со нездрава храна..
     
    На cresa-jagoda, Ekvador, Maca Macka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.660
    Допаѓања:
    79.582
    Пол:
    Женски
    Ова со потсмевање за ужинка од дома е само еден пример, како што ги гледам децава за сенешто се споредуваат и не знаат дека и она што е поинакво од нив е во ред, не ги научиле од дома. И некои велат, новиве генерации биле посвесни, повеќе имало разбирање меѓу децата и повеќе прифаќање. Аха.
     
    На cresa-jagoda, Cutiepie1, Emy867 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Живеење во голем град или провинција ,се си има предност или мана.
    Еве ќе зборувам за провинција.Се ти е достапно,доволно ти е велосипед и се ќе завршиш работа за брзо.
    Има поголема солидарност меѓу луѓето,можеби затоа што се познаваат,немаш ли доволно пари во локален бутик,продавница,,нема проблем ќе ми донесеш ќе ти рече.
    Кога сме кај докторите точно се знаат кој се професионалци во работата,таму ќе одиш,ако нема соодветен доктор ќе има во соседниот град,пак колку да патуваш од Драчево до Центар во Скопје.
    Маната е што имаат застарени апарати,замислете доктори од странство во чудење ,се фотографирале пред таков апарат како пред артефакт,мизерија.
    За младите нема доволно клубови за забава,библиотеки,културни настани.
    Исто приватноста ти е на тацна,се што се случува,се се знае.Владее сеуште некој висок степен на застарени сваќања и обичаи ,кои во поголем град како Скопје се веќе отфрлени.
     
    На elimkd и GirlLove им се допаѓа ова.
  14. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Кога потенцирал дека се за тебе тогаш за тебе се парите,ама пуста алчност на газдите ,никогаш не им се доста.Ама ако греота, нека ги земе,тој е посиромашен од тебе,затоа што таквите се чувствуваат секогаш сиромашни во себе,зошто секогаш сметаат дека немаат доволно.Душичка!:devil:
     
    Последна измена: 23 октомври 2022
    На st-el и нина122 им се допаѓа ова.
  15. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Па секако е поздраво од дома.Оброк ли е шуплив кроасан полн со адитиви и кока кола?
    Моите деца немаа такви комлекси што ќе речат другите,напротив сами инсистираа од дома да им дадам.
     
    На cresa-jagoda, MeowMeow, GirlLove и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.322
    Пол:
    Женски
    Среќен празник сограѓани.
    За многу години.
    Да учиме од сите што дале живот за државава..само да знаеле за кого умираат.
    За папаци и тупаци.
    Е такви сме.
    Нашето ВМРО е на Фб и Фемина.
    Тоа е нашето
    Ајде убав ден
     
    На Pax, Beautiful Dreams и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  17. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Комшијата го видов ,дословно на еден метар пред контињер од прозор од кола фрли ливче,што и да беше.
    Па не ме чуди зошто ќерка му во основно фрлала отпадоци на улица,како што ми кажуваше мојата.
    Ах бре комшијо, џабе се фодулиш и ги гледаш луѓето од призма на интерес,заради функцијата и моќта што ја стекна со купена диплома.
    За жал воспитание и култура не можеш да купиш или да ти го поклонат од партија.
    Ќе си останеш ѓубренце од човек,исто такво какво што го фрли пред некој ден,на исто ниво си со него во моите очи.
     
    На marlonbrando69, Pax, GirlLove и 3 други им се допаѓа ова.
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    СДК има во ново дуќанче до Стокомак (кај зелен пазар ул.11-ти Октомври) ми се допаднаа штрудлата со вишна но и тиква, 50 ден. парче.
     
    На GirlLove и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  19. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Женски
    Сакам само свет во кој никој нема да те осудува поради тоа што си и ќе научи да те САКА....океј?
     
    На Anah му/ѝ се допаѓа ова.
  20. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Зошто во одредени теми ако некој член пишува прв пат или е нов на форумот се понашаат сите арогантно? Која е потребата? Тоа што некоја членка е 10+ години на форумот не и дава за право да командува кој каде треба да пишува и да се понаша како да поседува одредена тема. Се надевам дека во реалниот живот не сте такви "Карен", бидејќи изгледате како невоспитани, арогантни и одбивни.
     
    На marlonbrando69, buba4e89, Anah и 1 друга личност им се допаѓа ова.