Едно е сигурно.На никого не му е гајле.Сите само ветуваат и кога ќе дојде време за дела се повлечуваат.Јас разбирам сакаат да помогнат ама бе брат не ветувај ако неможеш да исполниш Секако јас и не очекувам чуда од луѓето.Ако сам не си помогнеш и не се потрудиш ти нема спас, братче.
Денеска моето сонце ги направи своите први чекори. Сине мој, животот е маратонска трка со пречки, ти посакувам да трчаш гордо исправен и никогаш да не се сопнеш од ниту една од нив. Ми понудија хонорарна работа. Не ме радува толку фактот што платата не е воопшто за потценување, повеќе ме радува комплиментот дека ме побарале по препорака како најподобна личност за извршување на истата. Кажав јас дека имам претчуство дека денеска нешто убаво ќе се случи. Мој ме „инсект„ никад не вара.
Го знаете она чувство кога ви стасува покана за некакви си прослава? Без разлика дали станува збор за веридба, годишнина, венчавка или роденден? И тоа од некое семејство Куптаберканманевски, за кои веројатно никогаш не сте чуле, или во најлош случај никогаш не сте знаеле ни дека постојат луѓето, а ви се роднини? Е, сеа пазете! Значи, откако веќе стасала таа магично замотана направа, правило бр.1 е - НИКАКО НЕ СЕ ПРИБЛИЖУВАЈТЕ ДО ПЛИКОТО, УШТЕ ТАКО ЗВАНО КОВЕРТ! Бидејќи шансата да го отворите правилно без ни минимално поткинување е еднакво на 0,001%, поплава од Дунав во Африка, или раѓање на 25 идентични близнаци без дамка промашај. Значи запомнете, колку и примамливо да ви изгледа проклетото, препуштете им ја таа света чест или задача на вашите дома, кои секако имаат завршено вишо ковертско образование и толку совршено ќе го отворат што никогаш не би ни ви паднало на памет дека било допрено од човечка рака. Или преведено и симплифицирано... Откако ќе стасате до писмото, бегајте од него како ѓавол од крст! И во случај да не постои вакво златно правило јас предлагам да се измисли, и да важи за сите помлади членови во едно семејство! Е сега, после свеченото отварање (кинење, раскостување од нивна страна), и фразата ,,е добро де не ќе го урамиме'' ..следеча е фаза 2, а то е: - Евоцирање прекрасни живописни спомени од страна на вашите дома за истото тоа семејство кое е во некакво сродство со вас, што наеднаш почнувате да се чудите како е тоа можно со оглед на тоа дека вашите не се ни чуле со истите тие Куптадарашеманевски задњи 10 години ни телефонски, а камоли пак да се видат. Но, секако одненадеж тие стануваат толку совршени што при изложувањата на мемориите (за кои е можно да капне по некоја солза, или рамката од гобленот да заврши директива у вашето чело во случај да заборавите да глумите падање у несвест од сентименталоча). Затоа и предлагам задолжително климање со глава од ваша страна и провлекување на што е можно по уверлив осмех во знак дека се сеќавате на стара добра времена. Па дури и да сте биле шести месец, повиени во колевка од колена до нос, само мудро клатете ја главата како судии пред зорт..! И одлучно без двоумење како од пушка велете ДА, особено тогаш кога ќе ве прашаат дали се сеќавате како тетка ви Паца, (која на баба ви Тинка од село Удолници е внука), се омажила со чичко Бране пред 30 и кусур години, а ве хранела со омилениот колач во скутот! ...Кулминација на настанот е кога ќе дознаете дека истата таа тетка типка actualy се мажи по fucking 4-ти пат, иако и се ближат шеесетите години, и уствари за тоа е поканата која веќе биднала пепел при отварањето. Но, како и да е вие само завршете си ја работата без грешка, како што ве учи тетка ви Валерин да нема после плачки, или безпотретно да бидете оценети како безчувствителни одвратни снобови, кои не се сеќаваат на тетка им Паца! ...Или уште подобро кажано - за на крај вие да не испаднете криви што е денес понеделник наместо недела. И то.
Најдов љубов. Се фативме и не го пуштам бре,не не! Колку смотан збор ми е ова „се фативме’’ ама најдобро ми ја опишува ситуацијава. Си го фатив и не го пуштам,крај. И уште не ми се верува дека употребив „се фативме’’. Не знам зошто,но трагично ми е. Еднаш една моја другарка на гламстик видела дека за самозадоволување некоја напишала тинкање,и ми вика: -Абе си ја тинкаш? И... од тогаш,за самозадоволување викам дали си ја кристализираш со син камен. Поубаво е од „тинкање’’. Ама „ се фативме’’ ми е потрагично дури и од тоа. Ме потсеќа на нешто кое што Лајла Грејс би го напишала и би рекла дека е уметност. Леле,доста,доста зборам! Кога сум среќна само глупости ми истекнуваат И,каша попара ми испадна мислењево. А сакав само да кажам дека сум среќна и дека го сакаааам! Го сакам леле,ах колку го сакам,на него мислам и кога какам! Сакам да ве частам сите нешто бе! Штета што не можам. А сликине со храна ми се нехумани,како античастење,еве ти гледај ама нема да добиеш Така да веќе не сум сингл,Бокче нема да може да ми испраќа ЛП Добра ноќ!
Абре ова девојчињава се да ги грабнеш и да ги оставиш на место! Толку се дигнати во воздух, толку мислат дека се Мис шарм.. немам речи. Го гледаш метро и жилетче, во кратки панталончиња до пич, во корсет со најдебелиот пуш ап на светов па и градите на мегдан. Навали народее!!! Значи океј е. Лето е, на сите ни е жешко али брате погледни се како излагаш од дома. Како можат такви да излагаат, какоо?! Се почесто се прашувам дали јас сум нешто неарна или другиве се? Па и ова мајкиве бре, како можат да ги пуштаат такви од дома. Ја гледа и старо и младо, од мажи до жени. Башка тоа што бутовите и задникот и беа како лимон. Да земеш да ја цедиш, па може цела армија лимонада да пие од тоа. Искрено некогаш се срамам што сум женско..
Со него романтична вечера би ми била романтична по пропис и во смрдена грчка таверна која не е реновирана од 2005 и мириса на бајато маслиново масло и лук, ама има душа!!! Ете толку! И да ми се смее на цитирам - изненадната посветеноста во зенизмот и стоењето на една нога без посебна причина! Па да се начукаме со узо и да треснеме две три чинии уз едно ОПААААААА, ајдеее ,ОПААААА *штрас* ! И глава да не боли цело утро, да ги тргам завесите, а тој мижејки да ме влече за нога назад и да биде немтур цел ден, јер слаб црн дроб. https://www.youtube.com/watch?v=zpOAnWEyzt8 *не ми мешајте политика, љубоФ е у питање и све ова е базирана на истинитој причи, и да, ме пече срцето кога пишувам!!! Спомени болат, а ова му е некако сол на рана. Приетно! Не одете со дечко на одмор, спомени клавет в главана.
Фрлај, фрлај, не се дофрлува, мајката. Три огромни кеси расчистив(ме) од шкафовите и фиоките и пак е полно. Го знаете оној моментот, кога сте решени: Ќе расчистам, ма ќе џапосам све, само место ми зафаќа. Глупости чувам. Отвораш фиоката, гледаш капаче од далечински управувач. А бе може ќе ми затреба, што знам? Ејјј, состав од второ одделение, нека седи. Еден ден ќе се смеам на тоа. Гледаш состави за мојата татковина и како го поминав летниот распуст (можеби некое третоодделенче ќе ми побара ), картички од мобимак и космофон. Мобилни телефони од пред дедо Ное („еден ден“ ќе ги однесам во мобилара и ќе ми дадат цели 100 денари :geek, дреч портокалови врвки од патики, (случајно да не посакаш да се обесиш, затоа што тие дефинитивно не се за на патика ), Развигори, лексикони, тетратки по природо и општество. Цела колекција на полначи за мобилни, узб кабелчиња, расипани тастетури, синтисајзери, 18 шпила карти (од кои пола испогубени ), дискови од Мартин Вучиќ, Евровизија 2004, Ѓорѓи Крстевски, Дино Мерлин, Нови дечки, Бјело Дугме, Аква (можеби ќе ми се присака да го слушам Вучиќ ). Цеде од Маме 32, Зума, Симс... Испразнети шишенца од парфеми („еден ден“ ќе отидам до парфимерија и ќе ми ги наполнат), мини од тенкоминец (уште тенкоминецот ми фали, ама ќе ми се најдат еден ден ). Еден куп шнолички, стегачиња, распар прерамки од градници, привезоци, истечени гарантни листови (тие доминираат ), истрошени батерии. Само уште на попот капата фали, ебаго. Најголемата грешка при расчистување алишта: Ова сега ми е мало, ама можеби ќе ослабнам, па ќе ме собере. На куково лето, што ќе ослабам. Или кога ќе видам чорапи со дупчиња, на пример. Како да ги фрлам, кога ми се омилени и ми одат со се'? Е само криво ми е што не си ја најдов детската пошта. Којзнае дали сум ја фрлила... И гробницата на Александар уште да ја најдам. Ама чекајте, уште цел шпаиз ми остана! И фактички се' што беше изгубено најдов. Ама каде го ставив... е тоа не знам. Да ме праша сега некој што - каде ставив... ќе го гледам ко теле во шарена врата. :geek: Ова е само дел од работите што ги најдов, доста е за денес, уморих се. Она пивоно што го пиев распустов, искочи цело мислам дека. Па Бога ми... или пиво или лубеница. Никако без едното или другото. И после ќе дежурам ноќе, е па ќе дежурам. Тргање душеци, шифоњери... Ладен туш и ајт у кревет на нанање. Не оти ќе заспијам сега, ама ќе си фантазирам, ќе си праам Бајрам на мозокот. Ај, чиао аморе.
Ги знете оние денови кои не ви дојдено до ништо и се чувствувате како ништо веќе да не ве исполнува? Е баш таквите ги проживувам,а ни сама не знам како. Дали некоја депресија ме фаќа зато шо вака така си ојде летово или затоа што не ретко во мојов живот се појавува по некоја особа со ќе и верувам најмногу и баш таа ќе ме заебе. Или јас не знам да ја препознаам злобата во нивните очи или тие предобро глумат. Што да правам таква сум наивна. Ветувам од сега нема толку многу да се зближувам со секого. Едно здраво,чао,пријатно доволно е. Ојдов на спиење доста си го мачам мозоков со глупости.
Најпрво добро ви утро, дочекав и да се раздени, најубаво е во овие часови, ем е веќе разденето, ем е ладно, рај божји е, ми доаѓа на тераса да си поставам кревет и да спијам. Вечерва се случи нешто што никогаш нема да го заборавам, само ќе кажам спомените се најдоброто нешто што човекот го носи од минатото. Имајте убав ден, а ако денот по утрото се познава, ова ќе биде дефинитивно добар ден.
Никола, Никола нешто чудно ми се случува, дали е тоа листерија, Николааа Никола, Никола свинско месо или пилешка салама, Екстра меин или Пекабеско? Николаааа
Добро утро. Се разбудив со силна болка.Ме болеше многу стомакот.Станав пред 2-3 часа. Се напив апче и седев.Размислував... Што се имам јас се поминато.... Денес ги изненадив мојте со доручек Му направив кафе и доручек ( јајца варени, путер, и доматчиња ) Сакам кога се среќни моите родители Денес ми е во план да одам со дечко ми на излет, па ќе видиме
Уф конечно да си дојдам на себе таква главоблка ко што ја имав вчера одамна немам трпено . За почеток се разбудив со главобилка мала,како и да е станав, бев за уписи и скапав на пмф со што каде како, ајде бидна тоа отидов да си купам бурек абе пола саат ја чекав да ми го донесе бурекот, да го сукаше кога и го порачав па готов ќе беше за пола саат! Ајде и тоа помина имав идеа да одам до рамстор, ме мрзеше отиов до трговски до космо да си купам парфем чекам ред да си го платам парфемот а една теткица пред мене пудра диор купувала у задните 50 години ама поседната што ја купила била 05 а таа користела 04 ако можело да и ја заменат бај д вуеј ја купила у фебруари да се разбереме за среча преку ред ми наплатија и завршив таму. Некако не ми се остануваше у ск си викам ајде на автобуска... По пат поминав до веро, нешто си ја обрнав ногата од штиклата и си викам да седнам малце на најблиската клупа 3 баби едната седи а другите ги зафатиле сите останати места со ќеси и им виакм слободно ли е да седнам малце ми вика не е! јаоо господи мој Ништо, си викам ајде ке си одам на автобуска, стигнав таму си купив вода и грицки и си седнав. Се супер ама до мене прво седна една пензионерка што пишувала киниги за господ директно имала врска со господ, била просветлена, мајка и била прва што пишувала такви книги у земјава- а сето ова го знам од нејзиниот телефонски разговор, кој се погрижи да се чуе дури до пероните, со особа непозната од која бараше пари на заем! Саат време разговор ау ми идеше да ја бутанам од местото и така седеше на крајот ми скисна еј! кајме молеше глава плус па и оваа.... Ајде таа стана една јапонка ли е од кина ли е со коси очи битно кога почна да прашува колку време бил патот до кочани па директно ли одел автобусот па што можела да види таму јао бре си викам господи види ме кај ме стави бре човек И за крај се качувам у автобус уште една будалаза да го завршиме денот зошто не дувала климата у автобус, па требало да пратат исправен автобус -јао бре у македонија живееш жено. Се надевам денес подобар ден ќе имам!
Хахахахахаха тралалалала тралалалала само уште тоа ни фали, тралалалала тралалалала ма мора од нешто да биди...
Се разбудив со главоболка.Ама само на едно место.Или ја сум се треснала и сум си ја дупнала главата некако или некој ми бушел со штравцигер во неа
Мразам упикливи, наметливи личности кои се обидуваат да ти се пикнат во животот и да ти глумат најфини И онака пробувам да ги игнорирам ваквите луѓе ама морав да пишам с*урчено ми е од една особа -------------------------- Друго сакав да си кажам, мама и тато цело лето се двоумат да одат, да не одат на одмор, онака за прв пат сами без мене и сестра ми (секогаш заедно сме оделе) , де бре луѓе одајте големи сме веќе, им велам не не думајте..е ај се натокмија и заминаа до Охридон демек на неколку дена, ете ги два дена не поминаа се вратија :geek: Досадно им било без нас, доста им било два дена..ањања души И тие два дена шо беа само на телефон, -Што правите сега, како сте, јадевте, спиевте, бевте излезени негде...итн....? -Мајко арни сме бла бла.... После татко ми ете го по пола саат -Ах бе Кејли досадно ни е без вас, нема кој да ни досаѓа сакам ова, она, кафе, во вода, сладолед, коктел, лежалка... па и вака не го бидувало ајде дојдете си со автобус ќе ве пречекам јас, се што сакате ќе имате... (не убедува) -Тато абе немора убаво ни е нас, сега вас ви се дало шанса искоритете ја, уживајте малку таму, ајде Родители, секогаш сме си за нив деца малечки без разлика колку години имаме, и најсреќна сум што имам родители што се навистина добри луѓе. Сакајте си ги и гушкајте си ги секој ден, зотоа што можеби најмногу ќе ви биде криво ако дојде ден кога нема да можете.....
Лани дури ги дував свеќичките од тортата посакав да се смирам со дечко ми, 4 дена подоцна желбата ми беше остварена Годинава не дувам свеќики, не ги собира на тортата, до толку сум остарела , ама пак после полноќ си замислив желба, се надевам и ова ќе ми се оствари во најбрз можен рок И како што е редот да ве почестам и вас повелете