Јас после ваков однос би расипала пријателство, со кои очи ќе го гледаш како близок пријател кога направил пред сите да се осеќаш како го*но? Ќе го оправдав скроз овај муабет да ти го напраеше на само, ама пред сите на маса? Па и плата ќе ти крател идиотот, шо си ти, просјак? Не ти се заработени парите па ти крати од милостината? Зошто бе македонскиве газди се толкави ропаци и луѓе без грам култура и совест? Страшно еј, страшно. Ако не зависиш нешто многу од неговата плата, напуштај од кај него и барај си нешто друго. За 20 000 секаде ќе најдиш работа.
Не зависам од неговата плата... пред месец си дојдод од странство, и имам фора до кај декември да бидам бадијалџија и после да започнам со обуката на Бреинстер. Ова ми беше чисто за да му помогнам него, и секако некоја пара плус не е лошо. Инаку ако сакав да заработувам ќе одев на работа каде што одев минатото лето, поплатено многу повеќе отколку овде, ама тоа е. Инаку јас не се плашам за работа или било што, ко шо велеше порано министеро Спире напиј се кафе сабајле излези, заврти лево десно че најш работа. Така и јас, за добриот работник надалеку се слуша.
Ова ќе да е прашање. Со кои пари, професориве одат празнично на екскурзија? Цел ФБ фрчи од слики и сториња. А до вчера се жалаа дека мала им е платата? Шо се деси, им ја зголемија ли па извадоа од џеб?
Се убаво што си му рекол. Цени си себе и давај си одвет. Прво, тоа однесувањето му е дебилско и типично македонско ( а колу што знам и ми кажа точно од кој град си, комшиски, мој, и добро знам за луѓето таму пошто дечко ми бивши беше оттаму) Пиши ми, жити се во ЛП која е таа фирма да знам да не праќам луѓе таму. Ја би одма дала отказ, не пријател, ако сака и брат нека ми е. Употреба на дрзок тон, такво летање со мозокот дека е газда, нека се потсети дека утре можи фирмата да му пропадне, па ко ќе му рече така некој.... Сето газди бе.. Па и уште пред други да ми речи така.... Искрено брату, одма би се ценела повеќе, близина ќе имам, но, не толку голема, доволно за едно кафе во месецот,.
Сепак, тие се нечии пари. Сум слушнала за Еразмус Плус, претпоставувам невладина е нешто и верувам дека и преку тоа се перат пари. Нека ги пуштат учениците на екскурзии со нив или нека ги дадат за учебници. Плачеа по телевизии како се нема учебнци и сведителства.
Што се изнапиша и сѐ испомеша....преку еразмус одат бесплатно, а за екскурзиите исто така не плаќаат или плаќаат помала сума.
@Stark, жал ми е но другар ти? Не ти е другар.. Веројатно и ти самиот тоа веќе го согледуваш, можеби и од порано си се сомневал ама не си сакал да го прифатиш тоа, зошто ти бил близок и си го осеќал како брат. Со ова однесување, само ти покажал каков е навистина.
Искрено не знам зошто сега и овие екскурзии, односно проекти ти сметаат, што е сега не смеат децата ни да се прошетаат?
На еразмус проекти одат неколку ученици со професори, најчесто. А и да отишле само наставници, пак не сфаќам зошто ти смета затоа што секако никој не зема пари од твој џеб.
Зошто го напаѓате девојчето? Не дека се зема од нејзин, мој, твој џеб... туку за тоа се има пари, а за побитни работи се немало. На пример децава одат во школо и седат на ладно или минимално затоплување. Се штеди на здравјето на децата?! Како пример ова, има и други битни работи. Неправда е секако
Трчав само 6 минути и пешачев саат и пол и потрошив повеќе калории и повеќе арно му напраив на телото (за беспари) од рандом хербаслим таблети за слабеење од 2000 денари.
Пак и ти мешаш. Значи за екскурзии или за еразмус ниту плаќа школото ниту државата. Никаква врска нема греењето со овие работи.
Се испомешаа нешто. Они мислат да ги земат парите од Еразмус и да ги пренаменат за греење. Оти така оди тоа
Ок, испомешавме. Сепак мислам дека @KiT најубаво ме разбра Како и да е, добро е и тие од Ерасмус плус да направат кампња некоја си европска, за да ни тргне и во образованиево покрај шетњето.