И уште пак и кажуваат како да прави... Абе не се виновни децата, многу убави примери му даваат родителите.
Постојат ли такви планини и врвови каде што можам да се искачам,да врескам на целиот глас и да ми олесни ? Попатно да сретнам некој мудрец,кој внимателно ќе ме ислуша. Да му ja раскажам моjata животнa приказна,а тој само да ми се насмевне и да ми рече ќе помине дете. Ќе дојдат убави денови,само дај му време на времето
Убаво е да знаеш што имаш низ дома :geek: Какви се сваштарии и разни тракатанци и триста глупости сум имала низ соба, се исфрлив, зошто? Само да ми фаќаат место и прашина ? Аа, не. Си решив јас Се што е непотребно во канта ќе се најде Имам уште три фиоки за чистење, е баш ме интересира уште што ќе исфрлам од нив Elennaa, откако средивме малку од малку низ фиоките, си за едно кафе, упс, за едно пивце ? Ја ќе си пиам сокче
Значи џабе упорност, џабе сини очи кога нешто ете не е речено денес да се заврши. Туку, малце адреналин и физичка активност не ми дојдоа лошо во овој потром ден во којшто не се надевав дека нешто многу ќе имам физичка активност. И така.
Лизгачките врати од сите светски и домашни супермаркети направиле заговор да ме осакатуваат малку по малку Не е можно само јас кога поминувам да им текне да се затворат и притоа да ми оштетат дел од горниот слој на кожата или да ми смачкаат чанта,часовник или ќеса.Ако видите некоја девојка како се бори со врата,тоа сум јас Освен тоа,јас добра сум си,пак си шетнав на викенд кај јужниот сосед,ми се погоди годината Плажа,море,коктелчиња,милион кафиња,шопинзи и попусти,едноставно прекрасно,летово се одморив максимално,за сите години маки протуркани... Инаку дојдов на темава и да промрчам за вљубените парови што ја демонстрираат врската пред цела плажа и пред сите таму и во морето Разбирам јас љубов и страсти,фала богу нека има повеќе,ама во хотелот,не пред мали деца и пред возрасни луѓе.Не зборувам за обично бакнување,зборувам апла лапање,фаќање и секс може да падне,никад се не зна Навистина невкусно и вулгарно изгледа,си пливаш нормално и налетуваш на таков пар.Ако толку сакаат да искажуваат љубов,нека најдат некоја поосамена плажа или пак соодветен тајминг. Јас не сум јас ако не најдам нешто за муртење
Подобро е да се заборави отколку да се бунтува. Ги потиснуваш чувствуваш, ја проголтуваш тежината, го активираш разумот, создаваш херој од себе и продолжуваш понатаму.Чекориш по сопствениот пат,а тоа што останува зад тебе излекувај го со заборав. Заборавот е лек,а можеби и болка...
Велат дека е добро да бидеш добар, да бидеш човек, да помагаш на сите, но каде се сега сите тие кога мене ми треба помош и разбирање. Да тука се, но знаат само да ми речат ти си јаки ке го пребродиш и ова, а мене ми се здосади да бидам јака. Знам. Јаките сите ги сакаат, затоа што никогаш од никој ништо не бараат, но тоа незначи дека не им треба љубов и подршка кога на нив им е тешко.
Во три реда да ви објаснам зошто не ни чини државава. Слика на фб од подпросекот подпросек Најубава <3 Фалааааааааааа срцеееееееееееееее Ако ептен е габор ќе и дадат комплимент за цицки, гз, рака, нога... и се пријавува на избор за лепота. Ај да јогаме на водно. Приетно!
Многу сум горда денеска на себе си, што конечно го надвладеав стравот и направив чекор понапред. Само така треба да продолжам.
Денес напишав пет писма, на пет личности. Двајца се од сегашноста, тројца од нив се од моето минато, а четири (тројцата од минатото и еден од сегашноста) ме повредиле. Им напишав писма со зборови кои се важни за да останат некажани. Ги пишував од срце и бев поискрена од било кога. Писмата никогаш нема да им ги дадам, никогаш нема да ги прочитаат. Важно се испразнив. Четири од пет ги закопав во минатото. Овој пат ги пуштив. Тие се во минатото. Повеќе не можат да ми наштетат, нема да им дозволам. И на тројца од тие што ги закопав во минатото им простив. И тоа е напредок. Од срце им простив. Ги ослободувам од се. Само на една личност што ја закопав во минатото не и' простив. На неа не можам да и' простам, барем не сега. Да и' се одмазнам нема, неа кармата ја работи. Ако натаму соберам сила ќе и' простам и на неа. И само една личност не пуштив да си оди, не го закопав во минатото и не му простив. А што да правам? Уште се надевам, надешта последна умира. И расфрлав боички и листови и испишував различни quotes и си ги залепив до креветот. Работам на тоа да станам подобра личност
Mи се оди нашколо и најважно ми се учи.Сакам да ја почуствувам возбудата пред тест,моментот кога ти го даваат тестот.Исто и кога ги враќаат,или ќе се радуваш или ќе се нервираш Има многу шо не го сакаат школото ама после некое време ќе сватиме дека зазима голем дел од спомените.
Ам шо е грешка да плачеш за љубов? Подобро него ли да се радуваш од злоба, а за пакост туѓа, не? Ме боли бре! Младост, што е грешка да се собереш со другарки и маки да си кажуваш со розе вино, па уште и во вторник? Или па и сам, па што? Ќе се испцуете, наводно, квалитетно, тажно, глупо, ќе се отерате каде што не треба, па ќе голтате кнедли од гордост, ама нема да кренете телефон. И оти? Не заради еден со друг, заради други, заради лошо време, погрешни луѓе, мало слободно време, заради тежок живот, а попогодени да сте си не можете... сончеви петок и сабота, тамам ко за еден викенд, ете такви цуцки сте. И ќе ти пукне вратната жила од напор и болка, ама си викаш, ех живот, што не поминав, ќе се подреди се и ќе биде како треба да биде. И два тешки карактери... и гради кои тешко дишат. Не да не ми е ден, него не ми е лето! Си стоиш така фин, среден, наводно среќен и кога ќе те зашамараат глупости, па знаеш каде да се завртиш. Така сум уморна... и да биде иронично посмешно, ми треба само да ме стисне до себе и да си поплачам. Толку болка како ова лето одамна не сум почувствувала... да се случуваше се едно по едно, ќе беше лесно, ама се буквално наеднаш, ох леле веќе.
Колку е само тажно тоа што некој луѓе би дале СЕ за да имат дете, а некои девојчиња и момчиња од би направиле СЕ за спротивното. Жив пример се темите Поддршка за сите оние што сакаат да забременат и Дали сум бремена? Неможам да ви го опишам чувството кога само ја погледнувам темата, а не пак да ја отворам. Срцето ми се распарчува. А за темата Дали сум бремена? Хаха, искрено смешна ми е. Едни исти прашања се вртат низ цела тема, но подобро е да се зачлениш и фино лепо да си прашаш, отколку малце да си ја истераш мрзата од себе и да пролисташ низ темите, нели? Размазени и разгалени девојчиња, што незнаат што е тоа кондом, а тие се пуштиле во односи. Па потоа ќе плачат и тука ќе барат совет за дали се бремени. Страшно е ова луѓе! И за крај, сакам да им посакам среќа на сите жени кои се обидуваат да останат бремени. Се ќе си дојде во свој ред, еден ден ќе си го гледате чедото во очи!
Барем еден ден да бев некоја позната пејачка,актерка или било што и да требаше да присуствувам на некоја маниифестација ќе купев фустан од 1000$ а останатите 149 000$ ќе ги донирав на некој болен или ќе ги дадев за некоја хуманитарна акција. Барем не ќе беа потрошени на некои фустани (ако можам да ги наречам така ) кои не личат на ништо,туку ќе спасев некој живот а можеби и неколку.