Мене кога ќе кажам дека од понеделник до петок ми е убаво исто и како викенд сите се чудат. Да, ќе средуваш дома, ќе шеташ, ќе спиеш се ќе правиш кога си слободен ама пак е досадно. Без работа немам некоја мотивација за денот ....
Па порталиве, една вест не знаат да пренесат точно. Наместо возот од Битола за Скопје, тие Скопје-Битола. Па се спомнува “брз” воз, кој го нема веќе едно 5 години.
Пред 3 години рандом купив патики за пешачење од продавниците на рампа за смешни 800 денари. Очекував да траат не знам, ни година. И така ги макнев по планини, трње, камења, сум копала со нив, трчав со нив, душата им ја имам вадено. Факинг удобни, цел ден да ги носам и нога да не ме заболи ама ич. И еве сега однадвор освен што се прљави малце, никаде не се пукнати или одлепени. Ама одвнатре подлогата е искината скроз на места па гледам веќе треба да ги фрлам. И си викам вака тажно дека нема уште еднаш да имам среќа да купам вакви јаки патики за тие пари...
35 пати тргни застани, 5 сати брз. Значи кај сме отепани го бараме најевтиниот можен превоз, па уште ко стока. И ништо пак само мајтап ќе си напрајме и ќе ни помини.
Јас сум еден месец без работа и уште малку фали да полудам, висам секој ден на сајтовите за работа. Ми фали да треба да се дотерам и средам за некаде. Ама и да почнам со тоа, за кратко ќе ми помини ќефот и толку ќе биди. Никако не е погодено.
Многу често на работа слушам луѓе кои зборуваат дека сакаат и бараат да работат прекувремено за да се одморат од децата и маж/жена дома. Какво мислење имате? Многу мажи кои зборуваат дека не можат да ги трпат негативните мисли на жените дома и вревата од децата, и жени кои зборуваат дека децата им се товар и на работа си ја одмараат главата и не мислат на нив.
Дисциплината и добрата организација помага во борбата против депресијата. Кога не ги одложуваш нештата и едноставно ги правиш, многу подобро ќе се осеќаш. Не и' се предавај.
Одвратни створења, искрено. Што мајка си барал да се жениш и да праиш деца, ако не ти се живее со нив? Ебате ретардираните.
Јас не смеам да работам периодов.....тоа уште помака ми е, гледам огласи а не можам да аплицирам. Иначе да, никако не ни се наоѓа крајот. Јас сакам 4 дена работа, 3 одмор така ми е идеално. По 6ч работно време од 10-16ч може
Имам мислење дека додека не сум мажена и додека нешто не ми се случи во куќа не можам да имам мислење
Познавам еден таков маж и него не му е јасно дека жена му е фактички негативна и никаква зошто по цел ден е на работа па сама со децата и нема време ни за себе ни па е задоволна од времето што го поминуваат заедно. А жените што бегаат од децата не можам да ги разберам никако...
Не ги разбирам луѓето што одбираат портокали пред мандарини. Мандарините се мали, вкусни, имаат помалку бело за лупење. Дури и нашиот најдобар пеач го овековечи нивното постоење со песна. Портокалите што? Големи, тврди, без вкус... или со други зборови, мандарини од Аликспрес. А највеќе не ги разбирам оние што сакаат Цитрони. Или како што ги викаше тетка ми, Цитроени. Од друга страна пак, и Цитроените се лоши како коли. Никогаш не би ги купил... и така. Тим Мандарина.