Секој треба да си ја сака работата што ќе ја одбере ама да не се лажеме се живее од пари, не треба да се измачуваш, жртвуваш се за другите луѓе. Секој нека си ја работи својата работа точно и да е добар човек, а дека ради факсот треба да се откажеш од животот па и не баш. Завршив медицина и да ми е овој памет никад не би се откажала од толку многу работи како што правев тогаш. Ништо не е поважно од моето здравје, а работата како работа како и секоја друга професија треба да се рачуна грешка. Си работиш колку можеш и тоа е тоа. Не да зимаш мито ама добра плата кој не сака и многу јасно колку пари толку музика како секаде. Ако полага за недела испит валјда има врска ама па и да му водиш на некој евиденција што полага за колку време исто е премногу слободно време. П.с не е нормално ни професор да ја чита лекцијата, и сл. И доктор се консултира со други не знам како ја замислуваш работата, не е дека е секогаш лесно да поставиш дијагноза од прва ама тоа е дел од работата. Не е се црно и бело
Во врска со последниот пасус, медицината е професија кај што најмногу се потсетуваш, се консултираш со колегите на работа, учиш постојано и никогаш не знаеш доволно. Ако мислиш дека учењето завршува со завршување на студиите и докторите знаат сѐ, се лажеш, воопшто не е така. За другото се согласувам, ама големи се шансите особата за која што збориш да поминува со врски па затоа ѝ е лабаво.
Преку глава ми е од овие примитивни луѓе по фејзбук. Велат дека младината не чини, а со вакви коментари не се знае до каде ќе тераме... Го читав постот и баш намерно отворив коментари, бев згрозена со исклучок на неколку паметни коментари.
Добро колку слободно време имате или ви е досадно од 0-пријавување секој втор ден бомби у школи? Дај кажете како живеете тогаш ако имате време за вакви спрданции. Башка мислите ли дека е интересно ова? Прво е вадење од памет за сите Башка од кај знаете у тие школи дали има деца со анксиозност или било какви проблеми и како може тоа да им влијае? може некој паничен напад да има, у несвест да падне. Си ставате ли прст на мозокот пред да напраите нешто? Ова важи за доста добар дел од народов. Не викам дека сум јас најпаметна и најмозок, ама волку глупа не сум.
Можам да трчам неколку минути континуирано без да сум задишана, а кога почнав да трчам пред месец едвај минута можев. Денес гледам дека можам да ги поставам скоро рамно дланките на земја со прави нозе. Од март месец до август успех ми беше еден squat да направам правилно оти колковите и колената ми настрадаа пост ковид. Ужасни болки и укоченост со месеци. Сега можам 30тина + повторувања без болка. Ги размрдував со пилатес, јога истегања и low impact вежби. Meanwhile клише фитнес инфлуенсер(К)и - ЧиМ нЕ кРеВаШ тЕжИнИ џАбЕ тИ е.
Кога баш не ми е денот овој е еден од клиповите на К-15 кој радо се навраќам да го погледнам и да се насмеам, а рака на срце се уште ја доловува и реалноста
Луѓе што превише и пречесто праите муабет за себе разберете дека сте само досадни несигурни па дури и патетични луѓенца, и аман не замарајте толку многу, никој не е должен да ви биде заложник додека се силите колку сте мудри, авторитетни и јаки со вашите прикаски. Стоицизмот ме одржува цврста, ама у пм, понекогаш и јас не можам да слушам глупости!
Многу брзо лета времево, животот.Кога ќе се потсетам, како да поминало малку време, а тоа биле години.Тешко е во вакво "брзо" време да си свесен и да живееш во моментот.
Не може да знаеш кој како учи, секој учи различно. Јас имав колеги што памтеа како да имаат мемориска вградено во глава и да не беа од моја група, да не ги знаев лично, ќе речев дека минат со врски.
- High-key горда на себе што имам храброст да правам работи за кои лани ова време ни на сон не можев да замислам. Чекор по чекор. - Се осеќам bittersweet бидејќи се збогувавме пред одморот со колегата со кој работиме, иако е само за две недели, рековме дека многу ќе си фалиме. Реално зборувано, стварно ќе ми фали, и работата исто. Не мислев дека ќе го речам ова некогаш.
Една недела го шарам и тинтарам и после го наоѓам во скриеното место за тој период ( последно беше плакар меѓу алишта) со останатите 10тина планери шо сум ги тинтарела недела дена. Вчера вечерта гледав скрепбукинг и сега денес нов ќе купвам оти е забавно. Стариот не знам кај е, уште не сум свесна кај ми е скришно место периодов. Од ко го "хакнав" плакарот го сменав.
10000 пати сум кажала, уште 10000 пати ќе кажам. Почнете. Да. Воведувате. Соодветни. Затворски. Казни. За. Сите. Психопати. Не можам да ви опишам колку се вознемирив од видеото таа џукелата во старечки дом каде што ја тепа бабичката. И тие коконите што ја снимаат и си се кикотат. Па пичка му матер, колкав психопат треба да си да удираш бабичка, немоќна, стара и едвај подвижна и сето тоа да ти е смешно? Не знам кој е крив, дали родители што израснале вакво говедо, дали институции што не прават правилен психолошки профил на секој што сака да се вработи, дали системот што ваквите не ги фрла во затвор да скапат. Не знам. Ама едно знам. На моја баба вака некоја да и направи, последно што ќе направи ќе и биде. Ти ебам тоа џукелата ти ебам.
Јас не го ни отворив, немам желудник за такви ствари, арно немаше порано ни интернет ни бутур, да му се згади на човек што све шета по земјава
Не знам на која вибрација вибрирам ама цело време на ФБ и инста ми излегуваат објави за некој што починал и со трогателни наслови и текстови, не само на тие што ми се пријатели туку и предлози ми излегуваат и вчера една жена цело време го објавува гробот и да не влегувам во детали и мислам дека начисто скренав. Во ред ли е така да се објавува на социјалните мрежи? До сега не ми се појавуваа вакви работи ама ми влијаат многу лошо и не можам да функционирам после цел ден цела ноќ се мачам. Ја разбирам и болката и се ама не сфаќам дали е ок на социјални мрежи да се објавува? Што мислите вие? Морам да ги деинсталирам и ФБ и инста не можам
Гоце кмичи, епа ќе кмичи и он чувствува во срцето дека стварно не е океј ова што се прави. Иначе ја само да упатам поздрав до Антена 5 безнадежните романтици што Sunset програмот сеуште им иде во 19:00 h.
Среќичка на денот ми беше што галев едно мало маче, дотрча друго, го погалив и него и првото почна да го бута второто за да го галам пак него. Па второво пробува го бутне првото и да ми се пикне под раката за него да го галам. И така наизменично се туркаа со главите и ножињата. И така бев сведок на најслатката караница меѓу две маченца кое да биде погалено
Седеме друштво на кафе и така 20 мин си правевме муабет, и дечкото до мене ми вика оди седи на фотелјата , јас ќе седам на столот … дека така се погоди… Ми го разубави денот а прв пат се гледаме