Добро како е возможно ова пак да ае случи? И како вооошто дознаваат откако е пуштена таа зерија во промет? И што правиме со тие литри и литри кои веќе се испиени? Не проверуваат ли пред да го пуштат во продажба? Мислам плаќаш 90 денари литро и уште со токсини ти го даваат. Да не зборувам дека ова млеко најчесто се купува затоа што е во Кам/Стокомак пазари 90% од населението.
Претпоставувам дека некоја друга земја која исто го има во употреба млеково, го има откриено. Би требало да прават рандом рутински контроли на производи, никој не може да постигне сите серии од сите производи да ги контролира.
Никогаш нема да сфатам како не ми е страв дур се бодам за пирсови и тетоважи а само од помислата за вадење крв ми се пресекуваат нозе и раце.
Ви пречи што јавно кажав дека гатање и баење е исто како казино? Даваш 100че и поможи боже за подобро. Модератори извинете ако некој од Вас гатачка и ако со мојето мислење ги предомислив муштериите да не идат кај бајачки. Форум е ова ?
Се восхитувам на луѓе што се секогаш средени, дотерани, нашминкани уште од сабајле. Во автобус веќе на сабајле исти фаци се возиме, некои девојчиња ги забележувам така средени секое сабајле, убав накит, убава шминка, убава облека, преубави. Многу сакам убави луѓе. Штета што не сум од тие што сабајле стигаат да се спремат така, се трудам ама не успевам да се нашминкам, многу ретко. Затоа фалам други средени. Шта је лепо и богу је драго.
Чујте и почујте народе, некоја си Бисера од Скопје напрајла свадба на Бали, ајде сега сите одма да напишете по едно амин во коментар за оваа небитна вест. Бисера од Скопје направи свадба на Бали со партнерот од Босна: „Имавме 50 гости од цел свет, мајка ми ја шиеше венчаницата преку видео повик“
Речениците како -Леле ама мало бебе, ај ќе порасне. - и моето е х месеци па веќе оди/седи. -и моето ( во мојов случај) е 4,5 години ама веќе кажува Р, песничка цела, зборува чисто. - Што е? Предвреме родено? Де па ти ама си се стресла, нашиве баби во памук во корито ги чувале. - еее моето е за 5см повисоко од твоето итн итн итн. Воопшто не помагаат во некои ситуации. Размисли!
Што е со жените и непрестајната потреба пола ден да проветруваат, дури и на ниски температури Како цело време без воздух да остануваат . Намерно велам само жени, затоа што не сум ја забележала таа појава кај мажите.