Зошто? А, зошто? Зошто светот не се врти околу нас скромните, љубезни и паметни луѓе, туку околу оние кои имаат пари? Зошто денес парите се мерка за среќе, љубов..? Зошто сите машки се вртат само по богати, напудрени и „измодеризирани“ девојки? Дали е срамота да бидеш добар и фин? Да бидеш вистински другар? Дали сте се запрашале како е да бидеш богат, од онаа VIP класа каде што сите се „на Тошо мачорот“ ? Дали сте посакале да бидете дел од нив? Предатори, бес срце и душа, без срам и перде, надувани како новогодишен балон и ладни како најстудената Сибирска зима? Дали јас, вие, дали не сме доволно добри за даимаме добар, просечен и нормален живор? Дали некогаш ќе има крај на овие прашања, желби, надежи?
Не ми е јасно што прават "Воспитувачките" низ градинките во нашата земја.Значи крајно сум изреволтирана од последните случувања. Ах бее,ахх така е кога си пијат кафе,оговараат или пак зборуваат за турски серии или пак која каде си ги направила ноктите додека дечињата се оставени сами на себе. Ми кажуваа во некоја градинка воспитувачката намерно ги разболувала децата за да го намали бројот-тешко и било со 30 деца да работи(читај кафе да си пие),друга пак ги оставала водени во пеленчињата и валкани цел ден како и гладни-причина? Епа кога му кажав да јаде,рече не сака и јас го оставив.Замислете 3,4 годишно дете цели 8 часа да е гладно,па тоа може да дехидрира. Ете тоа е реалноста за институциите каде што треба да се воспитуваат нашите деца и кога ќе излезат од нив да знаат песнички,да ги разликуваат боите,да знаат 2+2 колку се,а не да пцујат,да се агресивни толку многу што кога ќе дојдат дома ако не добијат нешто главата од ѕид си ја чукат. Додека некој се сити на тоа,друг очајно чека работа која што ја посакувал цел живот,но со оглед на околностите приморан е да работи било што. Јас се извинувам ако некого со овај пост навредив ама морам да си кажам што мислам. Тукуу и да си се пофалам . Елиминирани два испити од едногодишните постдипломски студии .Бев скептик,морам да признаам бидејќи е сосема нова бранша од тоа што го учев на додипломските студии,си мислев дека нема да можам да се снајдам,дека ќе паднам по сите предмети,вереникот вели поголема паничарка и од мајка ми си,гледаш дека положе ,а сега сум си горда на себеси. Кутриот само тој си знае како му беше кога му паничев дека ништо не знам и дека не ми е јасно,повеќе нема да го малтретирам со такви мисли,ветувам . ете давам чесен фемински збор .Уште 4 до крај и да размислувам за магистерска,како вчера да се запишав и размислував кои предмети да ги одберам. Ќе биде,ајде мора да биде си велам. Чичко ми ме зафркава,вели Или да ја кандидираме за нов претседател,а јас пак му велам аа уште 13 години до тогаш да почекаме,мала сум уште за таква одговорност иако имам такви амбиции . Шала на страна,како ми дојдоа добро паричките од постдипломските студии,па и јас да искористам од државата наша редно беше,ем магистер ќе станам,ем жена ќе станам . Свадбата ќе си ја платам на мое огромно задоволство што нема да ги мислам моите колкава сума на пари ќе потрошат само за еден ден и колку се заглавиле ,вака ем мои ем јас ќе ги чипчам за да остане нешто и за реновирање. Јак математичар сум кажете а ? Четири месеци свадба се спрема,а невестата гајле си нема место дедото кај мене е работата . Чудно и несвојствено за мене, уште 4 и пол месеци до неа,а ни фустан немам одбрано, ни покани,ниту бурми,ниту пак ме фаќаат некои паники за тој ден, добро е што барем музиката,сликарот и ресторанот ни се средени дури и вереникот ми се чуди,но му велам сега можи не,ама месец пред свадба бегај од мене,огин и пламен ќе сум . Ајде доста беше од мене сега за сега,многу да не ви дојди наеднаш,ќе ви пишам во друга прилика пак.Останете ми добри,исполнети и среќни,надвор временцето е пролетче иако не чини за февруари ама супер ми е на душичката од него. П.с Тренди фалиш,врати се како и многу други форумџики. Модератори,администратори свестете се,превземете нешто пред да е предоцна.
Чувајте си го здравјето дечки, чувајте си го, со ништо не се купува и заменува. Се некои шок новости во последно време, во бестрага нека идат болести кои се лепат се за млади, на кои тек животот им почнува. Се трошиме залудно за банални глупави работи, нелуѓе за кои ни трепка не вреди да се искуби, а она најбитното го забораваме. 24 годишен амбициозен, препаметен, вреден, богат и успешен дечко со неговата приказна пред некој ден ме остави со солзи во очите и со празнина во душава. Се нека остане пусто, запустено, кога она најважното го немаш кога ќе се разбудиш, т.е сонуваш за да се разбудиш... Кој го напишал она money makes the world go round, бил навистина неук, ступиден и неинформиран...
И после се што доживеа, таа не се откажа од него. Продолжи да живее со празнината во себе, продолжи да го сака со секој дел од нејзиното распарчено срце... Со него ја запозна болката на љубовта и со него сакаше да ја излечи... Не се откажа зошто знаеше дека никој друг не би можел да и ја пополни празнината која тој и ја остави, никој не би можел да и даде такви спомени од кои во ноќите заспиваше и се будеше со солзи. Не сакаше нов почеток со друг, сакаше само крај со него...
Така преместувајки се од телефон на компјутер започнав да размислувам што значи животот за мене? Хммм Животот за мене е една голема војна.Сите ние се бориме за пари,љубов,другарство едноставно се' што не прави среќни и одржува на нозе. Некои велат "Среќата со пари не се купува."Малку себично од мене,но зар парите не не одржуваат.Што освен љубовта не се купува со пари ?Зар не ве прави среќни една милка чоколада,една дормео перница,прекрасен парфем,облека,една добра книга,кафе со другарките...дали се' oва е бесплатно?НЕ. Љубов Пред точно седум месеца мразев да зборувам на оваа тема.Мислев дека на дури 18 години ќе се заљубам и ќе се запознам со пеперутките.Сосема случајно се заљубив во едно момче...Сигурна сум дека сите барем еднаш го искусиле тоа прекрасно чувство.Никој досега не се заљубил во некого без да се бори.Се бориме за него/неа ,се бориме да не ги изгубиме,се бориме со пречките..И секако на самиот крај ни се остварува целта...чувствуваем возбуда и задоволство ,а потоа го живееме животот заедно. Но,што ќе биде без другарството.Кој ке ни биде подршка,на кого ке му плачеме на рамо.Како и со љубовта што е една и единствена остануваме накрај со еден другар,подршка.На почетокот односно во детсвото имаме безброј другарки,се бориме една за друга.Заедно се радуваме,тагуваме,плачеме и се смееме.Но,со тек на време една по една си одат и остануваме со една другар/ка кој цело ова време бил најдобар. По овој пост што го напишав сватив колку е тежок и убав животот.На крајот остануваме со најмилите...заедно ..засекогаш
Се додека купувате за вашиот партнер подароци само за роденден и св.Валентин, а сите други денови се лутите за се што правел, од вашата врска ич ништо нема да биде. Љубовта се дава секој ден, со милион ситници кажани и направени, а без да го јадете и тестирате дечкото. Мене би ми било навреда подарок по повод, јас љубовта ја заслужувам ко секој ден да ми е роденден, и така ја давам.
Kлимент оди финале со Стив. А бе Трската опасн беше денес,душа. Ама и Папа не беше лош.А бе Филип само два коша даде..цццц.. Владче ќе го сркшев само 1 и едниствен кош даде.. После натпреварот му велам-А бе Владе само 1 кош даде или јас не видов? -А бе добро си видела само 1 дадов! Души колку се,а и Виктор не беше лош и оние од помалата генерација. Натперварот мислам заврши 68:27(ама не сум сигурна,со Тодор игравме). Ај утре финале нема Хемија да имаме
Колку пати ова ми се врти низ глава, ама пак не ми доаѓа памет и пак се нервирам. А тој млад човек се би дал за да е здрав. Тоа е трагичното. Инаку сакам да кажам дека колку и да мислиме дека не е така, сепак, треба да се биде трпелив, праведен и чесен, добрината на крај секогаш е наградена. Добрите особини не oстануваат незабележани и ценети. Постои во светов малку правдина и мило ми е што го најде патот до мене.
Да се надоврзам само,добрината во денешно време и не е баш исплатлива,те сметаат за наивен,мирен да не кажам глуп,многумина ја злоупотребуваат и манипулираат со добрите и искрените луѓе,едноставно те газат,понекогаш помислувам дека добрите личности се отфрлени од општеството.
Среќа. Среќа е кога си среќен поради другите. Кога се радуваш со твојата најдобра пријателка. Кога таа е пресреќна,а ти уште посреќна поради нејзе. Среќа е кога едвај чекаш да ти се јави,да ти каже што се случило. Среќата е прекрасна работа,доаѓа кога најмалку ја очекуваш,прекрасно чувство. Со зборови неможе да се опише. Кога си среќен врискаш,се насмевнуваш. Се смееш после телефонскиот повик кога таа ти ја пренесе пресреќната вест,и си се смешкаш во автобус додека другите те гледаат како луда. Аххх таа среќа,дајбоже и најлошите денови да ми бидат вакви. Сега кога гледам за што сум се нервирала,дури смешно ми е. И кога сватив дека работите не биле толку трагични колку што изгледале. Ви ги посакувам истите прекрасни моменти со вашите пријатели,дури и подобри,сите заслужуваат! Имајте пријатна вечер.
Неможам више,неможам стварно. Ептен сум уморна,само сакам да немам чуства,сакам се да си избледи неможам. Ќе бидам ли некој ден и јас среќна.? Што толку сум згрешила па ова мене ме снајдува? На кого толку сум згрешила за вака да ми се враќа? Ќе помине ли ден без да плачам и без да се нервирам ,без да се разочарам? Ќе дојде ли ден да имам причина за живот,да бидам среќна да имам некој покрај мене што вистински ќе ме сака и се ќе биде во ред? Ќе дојде ли тој ден некогаш?
Семејството е најголемото богатство што еден човек може да го има. Имам толку многу да кажам, толку многу емоции, толку многу зборови кои и неможам да ги изговорам од што се полни со чувства и со љубов, толку е многу што незнам од каде да почнам и што прво да напишам, како да го сместам сето тоа во неколку реченици... Тие стојат секогаш позади мене, ми ја даваат поддршаката да продолжам напред, ме поддржиле во секоја одлука, ме мотивирале, ми ги укажувале грешките, ме карале кога сум го повторувала, се гордееле со мене, ми давале премногу љубов... Сега ми требаат повеќе од кога и да е, и се плашам да не ги разочарам, се плашам кога ќе се завртам дека веќе нема да бидат тука за мене. Нескам никогаш да бидат тажни поради мене, сакам само да се среќни и секогаш насмеани. Поминавме низ секакви проблеми и кризи и стоевме на нозе, а сега не очекуваат многу повеќе проблеми и разочарувања.Сакам се да помине добро и мирно, сакам и се молам да помине брзо. Сакам само да биде еден немил настан на кој ќе се смееме подоцна и ќе прераскажуваме гордо дека сме го преживеале и тоа. Семејство мое, биди со мене засекогаш.
Колку и да се правиме дека нашиот живот е совршен, без маани, проблеми, не е. Се тоа е само глума или пак утеха. Утеха дека работите ќе се подобрат. Секој во себе чува тајни, проблеми, работи кои неќе да излезат на површината. Но доколку тие работи ги чуваме долго време во себе, ќе не уништат. Да имаше тука опција fwwling, дефинитивно би ставила destroyed. Но ајде, после бура секогаш доаѓа сонце, бар така кажуваат....
Искрено не ме интересираат повеке луѓето што ме оговараат зад грб,на таквите веќе им го свртив грбот,затоа што таму им е местото,идете лечете комплекси неиживеани створења,гадови едни.
Што мислиш ти дека не сум им кажал? не вреди пак оговараат. Со стока неможеш да се разбреш. Пс Одмаздата ке ви ја сервирам ладна без око да ми трепне.
Знаете ли кога помагате на " најдобра другарка " и тоа се ви се врати на нос Ете и муншајнка со денови ја сослушува и советува и што доби? Сум и се мешала у врска..?! Секаде сум ја зборела?!?!?! Да луѓе и на крај да ми го хакира фејсбукот нејзиниот дечко ( читај : психопат ) јас стварно не разбирам, разочарана сум од луѓето и дочекав тоа девојчето што ја викав сестра да се сврти против мене само поради дечкото, извини девојко али мене дечкоти не ми пишуваше да ми летат заби на сите страни и да ме следи у 1 сат по полноќ кај идам до продавница тебе ти праеше тоа, и коа реков дека не го сакам во моја близина ми викаш па тој е добар дечко, да добар за во лудница и ти со него директ. Ајде се сваќам сакајте си се вие, мене не ме мешајте али на крај твојот психопатен дечко да ми го хакира фејсбукот и ти да ми пишеш дека ја сум била ненормална.. Жено заслужуваш се што ти се дешава, се ако ти е ќе тропнеш на врата ќе се вратиш сите се враќаат
Наместо човек со љубов и мир, се претворив во насилно чудовиште желно за одмазда. Велат дека две лоши работи не прават една добра. Па нормално, две грешки никогаш нема да бидат едно. Во име на вистината, најголемото задоволство може да се најде само во една од овие две парчиња. Тотално простување и заборав, или крвава одмазда. А во мојата приказна, нема прошка. Невозможно е да бидам повредена, да страдам, без некој да плати за тоа. Тоа е исто како да пијам отров за глувци, и да чекам глушецот да умре. Ќе те повредам за ова. Сеуште не знам како, дај ми време, но се колнам дека ќе ми платиш. Ќе дојде денот кога ќе се почувствуваш сигурен и исполнет, среќен... Луѓето не помнат премногу добро, забораваат... И одеднаш, твојата среќа ќе се претвори во пепел, горчливиот вкус во устата ќе те потсети дека дојде време да го платиш својот долг. Порано или покасно, ќе ти ја сервирам одмаздата што ја заслужуваш. Би можела да им простам на своите непријатели, но, не пред да бидат уништени.