Перница - предмет за којшто сме најпребирливи и кој највеќе од сите лични работи ни недостасува кога престојуваме надвор од дома...
Што очекуваш? Награда? Да ти кажам браво за секоја глупост и секоја твоја лага? Тоа го очекуваш? Нема да го добиеш! Очекувај ме мене каква што никогаш не си ме видела. Очекувај ме полна со бес и омраза кон тебе. Очекувај го неочекуваното. Очекувај ја мојата одмазда девојко.
Kога луѓето ќе видат некој пар каде едниот е добар а другиот лош или едниот е физички позгоден од другиот,веднаш се повикуваат на онаа -убавите круши свињите ги јадат. лесно е да се донесе заклучок од страна ама само кутрата "свиња" си знае колку е црвосана "убавата круша" што ја јаде.
Да ви кажам искрено, едвај ја чекам зимата. Доста ми е од топлото и од сонцето. Плус тоа, посреќно се чувствувам Божиќните празници, нова година, подарување и добивање подароци, вечера со најблиските, абе најубаво нешто Надвор се е бело, врне снег, елката ти светка,а ти си седиш до каминот покриена со ќебе, чаша кафе или чај во рака и секако и некоја добра книга Исто така и облеката, шал, капче, чизмички Само дај боже оваа година да има повеќе снег Spoiler Многу рано почнав да сонувам за зимата
Јас пред некоја недела бев сведок на нешто слично. Во ресторан. Сите јадат, си зборуваат. Се’ убаво. Само една маса нагласна од сите. Дете, две-три години и мајки, татковци, теткици околу него. :geek: Цело време се кикотат, се дерат како дома да се. И едноставно не е можно да не ги слуштеш за што зборуваат. Мајката (или тетката) му вели на детето: А ти ќе одиш вечер на Здравко Чолич? Детето: Да. Истата: Имаш пари? Детето: Имам. Истата: Дека? (на струмички „каде“) Детето: На п**** мека. И верувале или не, сите што беа на таа маса од срце си се изнасмеаја, и детево по нив. Искрено, жал ми беше за детето што треба да живее со такви створења. И не знам како не им беше срам додека сите јадат тие да зборат и да се смеат на цел глас, и тоа со вакви глупости кои го учат детето. Алал да им е. Има разлика од родител до родител. Некои едноставно не заслужуваат да имаат деца.
Денес сфатив дека е можеби крајно време да посетам психолог/психијатар. Бидејќи никогаш, ама никогаш досега немам видено грда девојка/жена. И да, сериозна сум кога го велам ова... Дури понекогаш се прашувам да не сум проколната случајно, бе? Не, сериозно!? Зошто стварно не знам како биднало сите девојки да ми се убави, и во секоја од нив да пронаоѓам по некоја симетрична црта кога станува збор за естетска убавина? Значи овде не зборувам за карактерни црти, туку стрикно за жената претставена како поубава половина според општо прифатените стандарди. И рака на срце, затоа ги избегнувам во последно време кафулињата во кои се водат таквите трач муабети, дури и подолги од некоја книга со 500 страници. Па, како за инат кога и да појдам со пријателки или познанички, веднаш почнуваат озборувањата околу нечиј изглед од типот - Имала преголем стомак, искривен нос, прекумерна тежина... Значи некогаш до тој степен ми зоврива што ми доаѓа да вриснам, и преку таа моја постапка да им пренесам порака дека никој, ама баш никој не е и не може да биде совршен! Сите ние поседуваме маани и недостатоци кои некогаш се помалку или повеќе видливи на прв поглед. Секако, ние секогаш ќе обрнуваме внимание на оние повеќе видливите, бидејќи сме толку искомплексирани, саможиви, несамокритични и површни суштества, што сме способни да дозволиме таквите ситни парчиња од слагалицата да ни го растурат сиот мозаик. И само затоа што никогаш не си даваме прилика да нурнеме во ничија длабочина и да ги спознаеме неговите вистински квалитети губиме добри луѓе околу себе. Па после се чудиме зошто мажите стануваат исто толку големи експерти или критичари (читај: опасни алапачи) по питање целулит, коски, или меса. Од друга страна пак, не е тајна дека околу нас има еден куп изгладнети жени кои се доведуваат себе си на работ само за да ги задоволат критериумите на општеството. А што всушност е општеството според мене, знаете ли!? Една голема превара која во својот состав вклучува стадо прозаични роботи кои наликуваат еден на друг, и само покорно го примаат она што им е сервирано! Ете, само толку.
Помина одморот.Броени денови брзо минат,но беше максимално исполнет.Сеуште сум под импресии од прекрасната Турција која во целост ги исполни моите очекувања и да, ќе ми треба време да се соземам(во позитивна смисла).И така освежена,одморена не сум се чувствувала незнам од којзнае кога,и сега дури стварно сфаќам колку ми недостигало тоа и колку тоа ме прави поинаква личност.Па нека потрае вака
Лап топот отиде јабана, а јас се наоѓам во најинспиративниот mood ever. Го докачив таблетот од ќерката и сфатив дека сум требала да пуштам малку повеќе срце и да брцнам малку подлабоко во џебот кога сум го купувала. Овие две речебици ги пишував скоро 20 нинути и веќе немам нерви да ги исправан правописните грешки. Ионака боцкан како да има стапици за глувци по виртуелбава тататура. Кој разбра, разбра, кој не, нолим лепо. Барем се потрудив да пишувам на кирилица. А она што сакав да го кажам, го зборавив пораи тегбички проблеми.
Деновиве го забележувам,и се запрепастувам од фактот,колку луѓето прават нешто што не им е по ќеф заради другите,и колку многу се грижат за нивните мислења: „Ееј,сите ја носат маичкава,ќе ја купам и јас’’ „Одам на економски факултет,татко ми ми кажа дека е најдобар,заради него одам,не дека сакам...’’ „Имам секс заради дечко ми и кога јас не чувствувам потреба за тоа и не ми претставува задоволство’’ Значи добро. Зошто едноставно не го правите тоа кое навистина го сакате? Ги задоволувате туѓите потреби,па се жалите зошто вашите не се задоволени и велите дека сте несреќни. Не е во ред. Секако,треба да ги усреќуваме и другите,но секогаш,ама баш секогаш треба прво да се усреќиме себеси. Бидејќи кога ние сме емоционално незадоволени,дури и кога пробуваме другите да ги задоволиме го нема истиот ефект,и згора на тоа излегуваме повредени од таа ситуација кога за тоа нема никаква потреба. Никогаш не се родил човек кој им угодил на сите,и никој не е совршен а ниту пак треба да се стреми кон тоа бидејќи совршеното е вештачко. И доколку би имало совршен човек,тој сигурно би бил тажен бидејќи додека ги усреќувал другите заборавил на сопствените мрачни тајни и неприфатени задоволства (кои секој човек ги има) кои би го усреќиле,само за да е прифатен од другите. А од „благодарам’’ не се живее. За туѓите потреби,не се живее. Се живее за да се биде среќен. И онака,кога ќе кажеш „цвет’’ луѓето тоа го слушаат како „шарен цвет во саксија спакувана во машна’’ или уште пострашно „цвет во собата во која секој ден се дрогирам и одам на оргии’’. Едноставно,задоволете се самите себе. Бидете среќни. А оние кои што навистина ве сакаат,исто така ќе бидат среќни штом ќе ве видат вас среќни. simple as that. Добра ноќ.
Е тоа де, не можам да разберам, луѓето одат против себе си, после се прашуваат зошто, е зошто де.Човек не треба да оди против себе си, особено кога станува збор за неговиот живот, бидејки секако дека другите нема да го живеат неговиот живот наместо него, на другите не им е гајле, затоа и воопшто нема потреба да се слуша друг, мислејки дека тоа е добро за самиот него.Никој друг не може да знае што е добро за него, освен самиот тој.
Нема ништо поубаво од тоа кога наоколу има само среќни лица кои бликаат од позитивност Па така бе луѓе мои дајте малку и јас да гледам пример од вас за позитивно размислување а не само јас да ве учам на тоа Рано е да се фалам ,сепак годината уште не е помината но вистина е тоа што велат :како ќе ти започне Новата Година така ќе ти биде цела година Да немаме куртул од прекраснотии Среќна сум затоа што фала богу сите сме живи и здрави од тоа поубаво здравје. Не барам многу а онаа малку што секојдневно го добивам и гледам ме прави да сум презадоволна од животот. Работите одат стандард исто, но сепак се е под контрола и нема место за дополнителни нервози и паника. Затоа луѓенца чувајте си го здравјето и радувајте се на секој нареден ден а се друго ќе се среди и кога тогаш коцките ќе се наредат. Сите заслужуваме да уживаме во животот да бидеме среќни и насмеани Имајте добра ноќ
Има ли нешто на светот помило од мајка? - Нема ! Ако барем еднаш во денот не и се јавам , не и кажам како ми е што ми е , како ми поминува денот , едноставно не можам. Премногу ме е тешко што не живееме блиску и премногу ми фали. Кафето испиено со мама ми е најубаво, ручекот од мама највкусен , прегратката од мама најтопла. Можеби звучам како разгалено дете , но се гледаме ретко на неколку месеци но јас живеам за тие средби. Од секогаш ми била најголема подршка во живото , мајка, другарка, психолог, доктор ,учител... Мамичке моја премногу те сакам!!!
... најголема среќа на овој свет е да имаш сестра. Тоа е личност која ќе те сака безусловно,која тешките времиња ќе ги направи помалку тешки,која нема да ве остави кога ви е тешко,личност кој ќе ве советува кога е потребно и никогаш нема да ве изневери. Да имаш сестра зачи дека никогаш нема да бидеш сам, и кога сите ќе си одат и кога сите ќе ве напуштат таа е овде. Имам уште многу да кажам ама да не го тупам постот,доволно е за денес. Само сакав да кажам дека ја сакам сестра ми најмногу на свет и дека мојот живот немаше да биде ист без неа.
Која од вас е г-ѓа Ружа што собира лајкчиња на твитер од мојата песничка It's not even that good! Ај за добро утро
Деновиве се чувствувам ко да сум загубена во галаксијата и ѕвездената прашина се насобрала околу мене. Ама не, сепак јас сум во мојата растурена соба што всушност е мојата галаксија, а ѕвездената прашина е прашината на работната маса. Но, понекогаш апстинирам и се осеќам ко да не сум тука. Ми се допаѓа тоа чувство кога сум изгубена и кога добивам безброј прашања на кои ни самата не можам да им дадам одговор. Со оглед на тоа што може го заборавам фактот дека сум женско, треба да фатам да расчистам по соба. Ама сепак невозможно е да го заборавам тој факт, барем по овие напред испрчениве што ми се. Исто и не можеш да одлучиш во какво расположение сум, нешто ко ПМС ама малце побетер. Ако де. Ќе пишував уште, ама нема да има крај, премногу ќе биде долго, или слободно да речам дека немам веќе инспирација да го допишам ова? Нема врска, ќе се снајдам. Чао.
Добар ден вистински жени и вие што се трудите да бидете такви. http://karmin.tocka.com.mk/56/135485/ti ... trii-a-vie
Во потполност се согласувам со твојот пост. Значи ништо на светот не е повредно од мајка! Си ја сакам најмногу на свет, и премногу стравувам од денот кога за жал ќе мора да се разделиме. Се плашам дека тогаш би била вистински осамена, колку год луѓе да има до мене, стравувам дека нема нема да имам доволно сили да продолжам понатаму. Се надевам дека тој ден е многу многу далеку бидејќи во спротивно бескрајно многу би патела.