Веројатно е тоа, боли знам, оти си го сакала и почитувала. И нормално е да поминиш низ таа фаза. Нека не те копка, завршниов дел е тој што е, каков и да е, тој секогаш и со секоја че биди ваков. Запамти дека не зависиш ти од него и ти си самостојна фер, вредна личност. Тој веќе нека не постои за тебе. Од искуство ти кажувам и да дознаеш се итн, само повеќе ќе си нанесуваш болка и уште повеќе ќе жалиш зошто си била со таква будала досега.
Славко и Славица (на друг Славко е ваа) отишле на фејсбук и интернет у бољи живот, ама својaтa Славица и Славко многу си ги сакаат, иначе се супер, кај тебе како?
Јас сакам вака убаво ми е да влезе ладен воздух да ми е свежо затоа и отварам особено вака есен и зима
Господ ги бира храбрите, бидејќи не секој може да се сноси со тежина. Не, не ги казнува со болка, туку ги наградува. И сите тие се посебни. Не губете надеж и храбро борете се со животот. Таман си накачил еден рид, зад него уште поголем. Ама тоа не прави посилни и посплотени. И да, за жал во лошо ги откриваш вистинските пријатели... Ама нека, Господ ги избрира оние кои ќе се изборат, оние кои ќе бидат победници. Ако и вие се прашувате "Зошто јас?", одговорот е затоа што сте посебни.
Последниве денови кога и да го отворам форумов ме мава некој флеш бег на оној период кога @marama заедно со @crimson и останатата екипа имаа модни комбинации па редовно отворав секогаш нивни блогови да ги гледам.Дани со комбинациите со капутчињата ... Јас и @buba4e89 и @koritsaki. редовно активни во темата вашата шминка... Исто кимка со перфектниот туш нанесен на очи , роус со рецензиите , плавото девојче со неверојатната прецизност, малата @Dream-Girl што обожавав и сега обожавам да ја читам. Девојчето со долга црвена коса кое редовно го следев што пишува во сдк @Someonespecial исто ... Најверојано ова беше во 2015 друштво , м?!? Баш убав период беше
Во животот се ќе прифатам, само Боже те молам никој мој ближен да не излезе како @Gringo99, тоа нема да го преживеам, нема да го издржам.
Животот е тркало ,но важно е капетанот да си ти да управуваш со себе а и со ситуацијата .Запомни што и да се случи, најважна е твојата реакција
Се наоѓам во неподносливо анксиозен и депресивен ПМС период и како постојано да си барам причини да се чувствувам уште полошо. Па си велам, дали промената на хормоните и исфрлањето на јајце-клетката мораа да бидат БАШ вакви, т.е. да се манифестираат БАШ со вакви симптоми, како еволутивна последица да сакаме да го замениме ова со репродукција, како жал за нероденото дете? Додуша, не дека во бременоста не „лудуваат" хормоните, ама натаму ќе размислувам за друга можна причина за тоа, доста ми е една депресивна теорија засега
Еклипсен. Извини ти се убацив тотално неповикана. Види the ancients жената ја гледале како феникс, што гори за да се прероди секој месец, или змија што се митари, преферирам така да гледам попоетично ми е .
Сакам да прашам- има ли некој не-фашистички пребарувач, кој на напишана кирилица, ќе ми даде еден факинг резултат на македонски?
Дали уште животно достигнувањето и врв на возбуда е да се опијаниш на Предновогодишна забава од работа? Лицемерие, глумење "лудила "- не, не ми се оди бе. Еден зад друг в грб со нож и муабети, па ќе седите на иста маса и ќе касите заедно...
Црвено знаме е ако ти е незгодно да прднеш пред дечко со кој си години во врска или ако ти пререче тој за тоа. Смешки ама да, Е ред флег ако такви незгодни и смешни ситуации не ти се најнормални пред партнер со кого делиш многу работи. Значи дека од некоја скриена причина не можеш да си доволно опуштена пред него.
Без навреда, ама дали оние родители кои немаат 1 ден стаж (не зборам за оние од оправдани причини кои не се во можност да работат) како не им е срам утре ден ако треба син да женат да треба тој да ги издржува? На внук да немаат пари ништо да му купат? Буквално да немаат пари за гаќи! Срамете се, здрави прави ништо да не придонесувате
На вакви глупи муабети се дава ваков одговор браво за женава од коментаров Сѐ дур им пишувате писмени, или ко овде што барате помош исто, нема да знаат/знаете една сложена реченица да склопат/склопите. У трета година имаме по 17, 18 години, не знам као не ви е глупо.