Јас ако ја исушам со фен, после ништо живо нема да ми ја скроти косата. Бушава и разлетана упм Затоа и ја чешлам само пред спиење колку да тргнам влакна опаѓани. Инаку и од чешлање за нигде ми е.
Мене пак ете класици тек сега почнаа да ме интересираат... немав мозок во средно да дешифрирам таков стил на пишување и сл. А ни сега не планирам да прочитам конкретно Злосторство и казна. И не мислам дека госпоѓава е боља особа од мене ради тоа.
Имам традиционални ствари што ме враќаат на колосек секогаш кога ќе ми се смачи од се, а и имам и од оние што морам да ги приспособувам како се менувам и учам нови ствари за себе одново и одново се заљубувам во животот. СДК битно е да си ја знаете вистинската формула во секој период и даден момент што правилно ве храни и прави да му се радувате на животот. И ви одговара за тој период од животот. И понекогаш не е истата од пред ден, недела, месец, година, 10 години,.. константно морфира и треба да се адаптира.
Денес му кажав на газдата дека давам отказ и он ми рече да сум размислела уште еднаш, да не брзам, викам јас сум сигурна, и ми рече сепак да размислам уште еднаш..
Газда чим два пати ти вика да размислиш има две варијанти, или му треба време да најде замена па затоа те убедува или пак му рмбаш за ситна пара па неќе да те изгуби.Ако ти е ради платата речи му размислив сакам покачување.
Па размисли ете него може му е срам да ти покачи да не испадне дека ете вредиш и сака да те задржи со покачување па со тоа ти крева акции а вака ти е win win комбинација ако мислиш дека ќе те гледа со исти очи ако останеш тогаш мислам да не се срамиш и да си бараш покачување...и така нема што да изгубиш.ALL IN
Некој од комшиите гледа Горка земја, ама толку е појачан телевизорот боже мили... Ги слушам како врескаат и се караат тие од филмот. И како да спијам, а? Барем Моцарт да го пуштеле.
Искрено мене воопшто не ми се допаѓа прославата за град Куманово. Некој се бори, умира да имаме град и после 500 и кусур години некој да пое "Хоче забрањено воче..". Не е само за Сара Јо, и лани Брена беше промашај и др. години кога носат пеачи од Бог знае каде. Прво, македонски град а носат пеачки од Србија. Второ, наместо да трошат 1.5 милиони за сета организација, можеле да поминат поскромно со наши пеачи, зашто знаеме дека Сара Јо зема најмногу пари од тука, а останатите пари да ги потрошат поефикасно. Може ќе кажете не знам да се забавувам, ама лично не ми е забавно некој со гол газ да игра на сред плоштад за празник на градот.
Нема подобро нешто од тоа да не ти е гајле кој што прави, кој што збори за тебе и да не мислиш дека си најпаметен секогаш и секаде
Има, 100% сум убедена дека прочитав некаде и тоа со сигурност е веродостојна страница. Штом најдам ќе пратам.