Ako jas ne bev do nego i so nego vo teski momenti, ne znam koj. I pak ne mu cinev. Ama vo situacijata - toj ne cinese. Sega veke e seedno.
Јас имам слична ситуација.Имав другарка со која порано си имавме дружење и секое гледање се повеќе се засакувавме.Имавме интимности еден период.После тоа она како се одалечи па пак се зближивме.Ама не можев со нејзиниот карактер.Кога и да имавме нешто интимно она тоа го гледаше како победа некоја и ќе ме ставеше на стенд бај да не се гледаме под изговори,после тоа на месинџер кога и текнуваше тогаш ќе пишеше а мене ме болеше сето тоа.Некој вид на детска игра.Па проверувај секој ден по пет пати дали има порака од неа.На крај реков блокирај на фб,блокирај број и отпиши од живот.
Тестови за интолеранција на храна се правеле само на приватно. Па така ќе живееш со подуеност 24/7 оти немаш 8000ки да фрлиш.
Подобро што ги немаш, затоа што ќе ги фрлеше беспотребно. Мислам дека единствениот валиден, барем комерцијално достапен тест за интолеранција е за лактоза (не сум сигурна за глутен, ама мислам дека не е валиден). Велам комерцијално достапен затоа што не сум видела досега тестови за друга конкретна состојка покрај лактоза, иако можеби постојат некомерцијално, во клинички средини. Тие што ги нарекуваат кај нас тестови за интолеранција за пример 90 типови на храна, на база на мерење IgG тела, мислам дека во странство се нарекуваат food sensitivity tests и не се сметаат за релевантни тестови. Објаснувањето е тука: Спојлер
Кога се обратив кај матичен ми вели избегнувај што ти смета. Само што прво беше само глутен, па ајде јајца, па ајде млеко па уште триста други се појавија. Па еднаш ми смета млеко, еднаш не смета. И така со години не можам да откријам што уствари ми смета. Толку често сум подуена што кожата и мускулите ми се олабавени на стомакот, имам и стрии дури. Знае некогаш и кожата ма стомакот да ми е болна на допир од што е преистегната Дури и нутриционист да платам, не знам што да кажам дека ми смета за да ми направи план. Затоа барем да беа на фонд, барем нешто од нешто. Макар што и други ми кажале дека не се релевантни туку интолеранции се повеќе самодијагностички. Ама еве не знам, ми скурчи онака.
Пробај елиминациона диета. Читав на еден сајт пред неколку месеци ама за жал не ми текнува кој беше ... Во основа 1 месец исфрлаш од исхраната многу намирници на коишто потенцијално може да си нетолерантна, како млечни, глутен, мешунки, јатки. По еден месец откако организмот ќе се "исчисти", воведуваш една намирница, пример на една недела, и гледаш дали имаш реакција. Ако немаш реакција, можеш да продолжиш да ја конзумираш. Ако имаш, нели, ја исфрлаш од исхрана. После воведуваш друга, итн. Мислам дека само вака можеш навистина да дознаеш на што си сензитивна.
Сум пробала вака многу многу пати. И како што пишав погоре прво беше демек глутен. Ама по некое време испаднаа други. Или еднаш од млеко ни мааалку не се дујам, друпат од истото млеко се дујам ненормално. Значи двапати пробувам таква диета и еднаш млекото Е проблем, вториот пат не е. Или јајца сеедно.
Ако е интолеранција на лактоза, всушност постои некоја доза до која може да ја толерираш, а над неа да ти прави проблем. За жал, тоа е индивидуално, мораш сама да откриеш. Еве јас испаднав интолерантна на лактоза, и немам проблем од тоа еднаш да се напијам на пример мало шише јогурт, ама ако секој ден го пијам, ќе имам проблем. Така би било и за другите типови на храна, затоа е многу тешко, треба ептен да обрнуваш внимание што и колку јадеш. Можеби ако запишуваш би ти било полесно да откриеш некој pattern, иако е напорно така... Друга опција е да имаш IBS, што не знам кај нас дали и колку се дијагностицира, ама мислам дека на луѓето со таков проблем им се препорачува поголем внес на ферментирана храна (пребарај за FODMAP, мислам дека на тоа се однесуваше, ако се сеќавам добро).
Ги знаеш оние луѓе што се стално насмеани? Си напраил ли некад муабет со таква особа? Ќе те слуша со саати. Сите твои маки и проблеми ќе ти ги слушне. И ќе ти се насмевне. Ќе те пипне за рака. Ќе те разбере. Од очи им излегува утеха и благост, со која ти ги мачкаат раните како со мелем. И те лечи тоа бе брат. Те лечи од корен и те праи ко нов. И си идеш после тоа и си викаш – абе ја сум можел да летам?!?! Е, ама ти текнува после дека нешто забораи… Забораи да ги прашаш како се они. Дали нешто ги мачи. А ги мачи бе брат. Ужасно ги мачи. Све ги мачи. Ама не цвикаат и не се жалат. Ги научил животот да примаат удари, а сепак да останат на нозе. Носат километарски лузни на телото, ама си ја превртуваат кожата наопачки за да не се гледа. И се смеат брат. А би плачеле. Би плачеле и они ама нема нигде рамо за нив. Дека они се рамо. Затоа, кога ќе сретнеш друг пат некој од нив, гушни го бе брат. Гушни го јако и кажи му – “плачи… исплачи се… зашо ќе експлодираш бе брат, па не си ни ти од челик.” www.dragantanevski.com/нарачки
Сакам да кажам дека некои луѓе и односи ги надраснуваме,ние се менуваме они се истите , и тоа е ок...
Направив колачи со какао, сварив какaо, имам запалено свеќа мирилива со мирис на ванила, исто и парфем, станот ми е ко куќичката од чоколада на Ивица и Марица. Искрено мислам дека малце претерав, ама добро, шта је ту је. #tistheseason
Се прашувам кога ќе дојде денот да се искорени постојаното користење на излитената фраза 'брат' кога си се обраќаат меѓусебе тинејџериве, посебно од женски род #мрчаторскипостнаеднамладатетка
Па и овие од прво-второ одделение си се обраќаат така, души бе Само што тој братот од Солзи и смеа, беше келнер бе брат
@Rama Јас никогаш не користам брат иако други користат, од причина што ми е антипатично и не доликува на женско баш многу.. Е сега замисли мажите да си велат меѓусебе еј сестро.. Тоа нигде го немам видено, а што е најлошо женските си велат брат меѓусебе.
И јас никогаш не користам и не ни користев, во мозок ме бушат кога возрасни ми се обраќаат со брат Ептен навлезен е зборот, дури и првачиња се викаат така, и тоа женски, некогаш ми се смешни, ама некогаш