Мило ми е многу и се радувам за тебе, после таква трагедија и несреќа, после толку многу години, среќна и исполнета си
Блазе на оние кои за еден ден лечат вирус и се како нови, па тераат наоколу со планери и агенди реалноста вели дека не се, си сеат наоколу, ама инстаграм трпи секакви фалби, па зошто да не и ова
Што праваат сите феминистички организации низ светов и зошто со курот в рака седат и не е цел свет запален за ова не знам.
Се влечат по судови докажувајќи дали тоа што колегата им се насмевнал е сексуално вознемирување или не, зошто да не можат скоро голи да одат на работа и слични работи кои ќе придонесат за напредок на човештвото. Каде попрво?
А што можат реално они освен да дигаат галама каде што можат. Два месеци молат по ОН и сите држави за да ги санкционираат овие што се на власт, има едно сто мерки што може да се превземат, а досега на ниеден ирански дипломат не ѝ/му е изречена санкција.. Па лично Камени пред само еден месец имаше настап во ОН. Најгласната женска организација водена од Масин Алинеџад (новинарка за која има објавено награда за оној кој ќе ја убие, и досега два обиди за убиство) имаа средба со Макрон пред некој ден, исто го молеа за санкции, а овој ни осуда нема објавено досега. Додека иранските дипломати шо се залагаат за крвопролевање уживаат по Европа и САД, никаде влакно не им фали, си живеат на висока нога меѓу елитите. Еве вие обратете се до нашето Мнр и Влада, ако ништо барем да бекнат за осуда. Не, а? Сигурно и вие немате корист.
Слабо е Mikha4. За сета таа моќ што ја имаат, твитер требаше да гори. Протести требаше секаде. Секаде. Еве кај нас да организира некој јас прва ќе отидам. Ниту еден едини протест немаше, а на овие жени сме им најпотребни. Како за девојчето во Албанија што го силуваа тие 5 души, како Србија што се запали за тој серискиот силувач, така требаше цел свет да гори. Млако, слабо, недоволно искра и жар. ОН е организација која е прекорумпирана, од кој да очекуваат помош, од истите воени лица што во Судан во мировните мисии ги скапаа силување тамошните жени? Не им се тие пријатели. Пријатели им сме сите ние, што не боли што жени ќе бидат силувани, па убиени после. Нас требаше да не соберат. Многу, многу слаб одговор на ова има. Ужас.
Некои луѓе се научени на премногу внимание. Ако некој го нема поќе од недела дена или месец , значи има нешто. Нависитна, не ги разбирам луѓево. Ако не се јавувам значи имам проблем, ми треба тишина, време.. Недела, месец , не ми требаат луѓе што зборуваат само за себе а не ме ни прашуваат како сум, дали ми треба помош... Сфаќаат лично, се вреѓаат бе. Као те нема тебе, ти заборави и другарки и другари, не го очекував ова од тебе, си го покажа лицето,безобразна си станала. Кое лице? Имам голем домашен проблем,бе 2 месеци уназад..
Јас колку што ги пратам, има огромен одзив, си ги ризикуваат животите буквално, од жртви, новинарки, глумици... И тоа од организации кои постојат од поодамна а се посветени на слободите на жените во Иран. За сите нив има парични награди доколку ги фатат или убијат. А не знам зошто очекуваш одзив од кај нас. Овде фемицидот и семејното насилство е за три пати зголемено од лани а годината сеуште не е ни завршена, па никому ништо.. Сите си гледаме за нас, едноставно такви сме. Еве нека организира некој јас ќе направам напор ќе дојдам, ама да обвинуваш некој друг зошто не го прави тоа што ти си си го замислила дека треба да се прави ми е бесмислено. Одговорноста и моќта се знае каде се, не се во организации створени од обични граѓани, туку од тие кои се избрани и платени за тие работи.