Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    И?
    Јас ни социјални мрежи неам и пак никаков проблем не гледам.
    Големата работа, демек вие пошетаните идете секој викенд, па сега леле мајко еднаш пошле и слики ставале, со кои глупости се замарате да можам да сфатам.
     
    На LovelyGirl3, Stefi_555, sweet-cherry и 9 други им се допаѓа ова.
  2. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Напротив, воопшто не сум пошетана, но не е ни важно. Се реди една-две слики, а не секој ден слики од истото место, во истиот аутфит. Има регулации на социјалните мрежи за спам.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Постирање на сопствен профил не е спам, ама ти од твојот имаш регулации околу содржината која сакаш да ја гледаш ;)
     
    На sweet-cherry, tirkenbal, Avery и 12 други им се допаѓа ова.
  4. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.953
    Допаѓања:
    15.948
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе.
    Ако досега прикачам слики каде се не сум била... Ехееее
    Па со тоа запросувања, па бебиња, па фотосесии трудна, па месец па два, па 5 па 9 месеци... Уште не се сликале кај што го прават бебето.
    Боже прости ми.

    Држи се за твоето мислење.
    Затоа постојат истомисленици и луѓе со спротивно мислење...
     
    На Tea678, nena2010 и poi им се допаѓа ова.
  5. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.560
    Пол:
    Женски
    Секој втор-трет пост што некој направил на социјални мрежи, проследено со eye-rolling, а во темана причини за бришење на социјални мрежи никој не разбира кои би можеле да бидат. :D
     
    На GirlLove и poi им се допаѓа ова.
  6. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Едно 7-8 саати сум на форумот без престан и се изначитав на многу мислења во најразлични теми. Сакам да кажам оти планирам да бидам повеќе активна на форумот бидејки ме прави да се осеќам cozy:inlove: и како дел од една убава онлајн заедница каде што слободно можам да напишам што мислам, сакам и чувствувам. Знам дека има доста кул членови со длабоки сфаќања и широк поглед кон светот.. затоа ќе се потрудам да ги игнорирам членовите со коишто не ги делиме истите ставови. А, за тоа какви се тие членови со тек на време можеби ќе падне муабет. :D
    Доаѓа зима па се почесто ќе си се туткам под јорганот и ќе си се дружам со вас. Посакувам на сите да ни се случуваат што повеќе убави и радосни нешта и што повеќе за убаво и добро да споделуваме. :sun:
    F9DBDD9D-D0BE-45F4-BCE4-E66F00C79B90.jpeg
     

    Прикачени фајлови:

    На elimkd, Guns N` Roses, Stark и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.129
    Допаѓања:
    180.871
    Нафтата е скапа и ја нема и таквимити работи.

    Сдк, се прашувам, ќе беше ли светов на ова дереџе ако беше матријархат:?:.
     
    На sonuvana, bertold, INNERBEAUTY и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Така ли се брани нафтата, со убивање сопствен народ и деца? Еве планираат 14000 главно тинејџери да убијат, ваљда ќе ја одбранат.

    Дали ќе беше исто вака под матријархат? Не може да знаеме и тешко дека наша генерација ќе дознае.
     
    На Ahoy, 1209 и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  9. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Машки
    Мислиш некому му е гајле таму што ќе убијат 1400 или колку и да се тинејџери, жени? По нивниот закон, кој тие го прекршиле и пробале да ја срушат власта, има да ги обезглават без око да им трепне. Кога на Ердоган му направија сличен пуч, сите тие пучисти ги елиминираше секундарно, а беа во далеку поголем број.

    И ај што западниот свет не прави ништо за тоа, туку и Иран беше под најголеми санкции веќе 20 години, кои почнаа да ги повлекуваат баш сега кога почна војната со Украина за да може нафта да купуваат по половни цени. Исто така најголемиот експорт на нафта се врши преку персискиот залиф што го контролира баш Иран.

    За ова ние читаме по медиуми затоа што пучов беше диригиран од западот и затоа што Иран им е противник. Пред само еден месец, имаше сличен пуч и во Саудиска Арабија, каде што не паметам колку од луѓето што протестираа беа обезглавени сред плоштад, ама за тоа не се пишуваше по западни медиуми затоа што С.Арабија им е миленик. Да биде уште по трагично, баш западот им го исценира тој пуч затоа што овие почнаа многу да мрдаат и да склучуваат договори со Кина и Русија. Изгледа после пучот си легнаа на брашното и се договорија со САД, па затоа и не се пренесе веста.
    Една од главните точки на договорот меѓу САД и С.Арабија и тие останатите арапски земји за експорт на нафта е и тоа да не им чепкаат во нивната внатрешна политика, права и уредување, а овие секако ќе им даваат половна нафта и ќе ги слушаат како добри вазали.

    Business as usual.

    Затоа и сега не превземаат ништо за Иран. Не дека им е гајле за правата на жените таму. Гајле им е само да ја сменат власта за личен бенифит. Впрочем баш тој радикален ислам го инсталираат токму САД во сите муслимански земји за да имаат поголема контрола. Иран, Ирак, Сирија... Сите овие земји во 60-те биле секуларни општества со далеку поголеми права. Има слики на интернет од тие времиња.
     
    Последна измена: 15 ноември 2022
    На Annath, Bratot, sonuvana и 4 други им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.439
    Допаѓања:
    114.693
    Пол:
    Женски
    Е ова !! Ауу колку ми е одвратно. Што велиш уште не сликале кај што го прават бебето. Исто и некои на пример за шмнкање што им бил каналот, останува бремена и сега цело време за бебето. Ало жено, нека ти е живо и здраво не ме занима, дај да видам за тоа што сум те заследила.
     
    На GirlLove и poi им се допаѓа ова.
  12. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Не реков јас дали некому од страна му е гајле. Дали е пуч или не, бизнис или не, ние не можеме да знаеме, а за затворена држава како Иран тоа е многу малку веројатно. Едноставно власт имаат психопати кои се држат за неа со варварство. Такво општество нема добра иднина, нафта или не, заговори или триста чуда кои ви текнуваат... Во мизерија, на дното од човештвото не се живее.

    Ердоган ти е пример, да, успеа да ги загуши протестите, мислиш дека добро му се пишува? Турците плачат за времето пред тој да дојде на власт, а кога народот ти е мизерен, немаш иднина.

    Еве на младите во Иран на кои не им се живее веќе така, порадо би да умрат отколку да ги прифатат тие закони, ама најлесно е да го верглате лошиот запад.

    А вас ако не ви е гајле, мене ми е. Иако не можам ништо да направам никогаш нема да кажам дека е во ред, дека таков е законот, да релативизирам дека некој трет ги тера да убиваат деца по школи и улици, да применуваат казни како бесење, силување итн. Западот не им го направи тоа, религиозни фанатици и сопствените лидери дома им го прават. Да не му стои чичко сем на камени со пиштол на глава и му наредува да си ја уништува земјата?

    А пред да мешаш договори на трети држави со Кина и Русија, разгледај ја малку трговската размена меѓу западот и овие, не е сѐ толку црно бело како што тврдиш, е тоа таму ти е бизнис ез јужуал ;)
     
    На Ahoy, 1209, KateKane и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Машки
    Како мислиш многу малку веројатно? Пуч е секако да им се смени власта. Дали се барбарски шизофреничари? Се, и те како. Исти такви се и во С.Арабија, Кувајт, ОАЕ, Катар, Дубаи и сите тие залифски земји.

    Единствена разлика што овие другиве не ги чепкаат е затоа што се вазали на САД и им даваат нафта по поволни цени. Иран не им е, плус и продава оружје на Русија, и затоа сега имаш пучови, востанија и нереди.

    И во С.Арабија им направија пуч затоа што откажаа послушност и склучија договор за нафта со Кина во Јуани, заобиколувајќи го доларот. И затоа што нејќеа да го зголемат производството на нафта за да ја турнат цената на Русија. Не го послушаа САД, и затоа им следуваше мало пуч-че.

    Врати се назад во историјата и погледни ги сите овие земји какви биле во 60-те и 70-те години. Секуларни. И повторно, прочитај, ќе видиш дека радикалниот ислам им е инсталиран токму од САД со тактика "раздели, па владеј".

    Инаку секако дека нема да сакаат младите таму да живеат. Никој не би сакал да живее во такви средини. Како што и младите во Турција плачат по времето на Ататурк и не им се допаѓа како се движи Турција под Ердоган.

    Јас никогаш не би живеел во такви радикални дувла од општества каде немаш најосновни човекови права, а луѓето се третираат како животни. Искрено ги жалам сите таму што живеат. Ама еве има еден куп наши што отидоа по Катар, Дубаи и не им смета тоа, секако, за добра сума на пари. :)
     
    На Bratot, nextredstyle, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  14. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.428
    Допаѓања:
    60.474
    Пол:
    Женски
    У право си.
    Олку емоционално реагирам пошто сум лута, гневна и многу немоќно се осеќам.

    А и на себеси се лутам што ништо не правам, само читам и се нервирам.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    2.378
    Пол:
    Женски
    Некако за сите теми почнаа само во оваа подкатегорија, дури и само во оваа тема да пишуваат што веќе не гледам поента од разгледување на форумот. Џабе постојат темите кога никој не пишува во нив. Актуелна тема? Нема проблем, пиши си тука. Нешто поврзано со филм? Пиши си тука. Поврзано со политика? Пиши си тука. И така цело време. Со речиси 5000 страни со по 20 мислења на темава и одвај 3 страни во останатите.
     
    На GirlLove, elimkd, poi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Па и нема дискусија некако, освен темите за бебе друго сѐ ми стои неактивно од темите.
    Плус ќе пишуваш, па ќе те бришат шо не им се свиѓа, или офтопик се иде, а и тие што пишуваат почесто си добиваат банови, и така.
     
    На Angie1432, buba4e89, GirlLove и 4 други им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.439
    Допаѓања:
    114.693
    Пол:
    Женски
    За жал не е само власта. Не сѕе свесни колку жени го подржуваат ова. Не се сите згрозени верувај ми, повеќето се жени кои ги осудуваат протестите. Само побарај Ден на невиноста ( да, да неивонста на жената), како се слави во Иран и кој е организатор. Најлесно ќе беше да беше ова само од машки да беше, ама за жал и жени го подржуваат.
     
  18. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.032
    Допаѓања:
    14.438
    Пол:
    Женски
    Отследи ја и не се нервирај :)
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.654
    Допаѓања:
    39.434
    Пол:
    Женски
    Тоа е затоа што им е испран мозокот од религијата и власта да размислуваат така.
     
    На GirlLove, Bezimenka90, Munchmallow20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.439
    Допаѓања:
    114.693
    Пол:
    Женски
    Нормално ја отследив..
    Тоа е трагедијата