Јас што сум крава од 60+ кила ме фаќа благо пијанство од две чаши вино, ама за бебе од кило што го носиш у себе не му е ништо од тие две чаши . И ај да се еднаш две чаши, ама секогаш не се само тие две. И само зашто ми смета воздухот еве не сум тргнала да пушам, пијам големи количини, тек па да се дрогирам или не знам што. Тоа што можам да превенирам, ќе превенирам. Воздухот и да неќам, ќе го дишам, цигари друг не ми бута во уста или алкохол. И тоа за себе. А тек па живот да носам у мене кој утре ќе е човек.
Фала ти Господе за овој миг и извини што се сомневав во тебе. Навистина си семоќен и навистина ни го даваш тоа со кое знаеш дека можеме да се справиме. Девојки се чувствувам како камен од срце да ми паднал, плачам, липам ама од радост. Се' е готово, лошото останува зад нас, само убавини не чекаат.
Зошто се жалите, партиски вработените сте, имате плата, е сега зошто сте со години, со договор на дело. Прашајте си ја партијата ваша, а не да се жалате наоколу.
Нивото на срање улуга во Космо никогаш нема да биде надминато. Другарка ми купи неколку продукти од Дм прво, зема сметка секако и потоа бевме во Космо да купи уште нешто. На каса идеме да платиме, другарка ми отвара ташна да извади пари и вработената изгледаше ко злато да видела внатре. Не праша дали ги пријавивме продуктите што сме ги имале, и нормално рековме не затоа што знаеме дека ако имаш фискална не мораш да ги пријавиш. Фискалната не ја ни побара ама другарка ми сепак и ја даде да види, ја гледа, и со најдрзок и налутен тон ни рече дека ако немаме фискална се пријавуваат, ако сме имале не мора - исто како што постапивме, така да целата таа конфронтација беше толку непотребна.. едноставно прашај дали имаме сметка прво жено, ни тоа не го направи. Боже! Толку неуслужливи, ни добар ден ни ништо, по сто гуски те следат во една продавница додека разгледуваш, па недајбоже да прашаш нешто, превртувања на очи мислиш низ мозок одпозади ќе им паднат. Не знам, али во Космо најнегативни искуства сум имала, исто и во Шатци. Мислам дека квалификација за да се вработиш таму е да немаш никаква грижа за тоа како и со кој тон зборуваш.
Легендата цели дека продавачи некогаш искористиле снимка од камера за да видат дали е нешто украдено или не. Во дм ме наместија да изгледам како крадец поодамна. Мислам имам пишувано. Алармот свири кога влегов, дотичната се прави на Тошо. Алармот пак свири кога излегувам, е тогаш ајде претрес. Испадна пудрата купена од претходниот дм, таму не го деактивирале тоа беџот.Им викам - ама свиреше и кога влегов. Ааа не знам, не сум чула вика. Во Космо онака имам влегувано и све ми се чини во такви продавници или си елитата што ќе ја купи цела продавница или си створење што не заслужува љубезен однос и само им го губиш времето
Нели??? Имам другарка која не се облекува толку модерно, хипи е. Кога влеговме у парфимерија и сакавме да прашаме за машки парфеми не ни сакаа да не услужат, не одговараа тоа што ги прашуваше, па си зема еден што го свиѓаше, накај 6000 беше. Е тек тогаш кога забележаа дека има пари одма фејк насмевка на фаците им се појави, па почнаа да објаснуваат каков е и трајност бла бла.. а пред тоа штама, како телиња не гледаа. Дно.
Зошто толку глумење дека не знаете да си прочитате крвна слика? Мислам за некои луѓе треба театар да отвориме.....
Баш вечерва ова го зборевме со другарка јас си сакам чаша две три да испијам и си викам две години ќе треба без алкохол здравје. Мене ми е страв и од една чаша кај бремени, зошто би правела ризик за нешто што можам да спречам...
Зависи каде, мене во Шатци во point retail ми се префини продавачките и во Космо во Зебра ми се супер
Нема ни да има кога пола форум се имаат на „игнорирај“ ставено, Апсолутно се изгуби поентата на имање форум. Разбирам да се стави „игнорирај“ на некој новајлија што пишува пцовки и затоа се зачленил на форум или да замара луѓе, ама да се стави на игнор член (и тоа стари чпленови) само затоа што се има различно мислење ми е скроз апсурдно за на форум. Темите се тука за дискусија на тие различни ставови и учење од истите. Барем така би требало да биде....
https://netpress.com.mk/chetiri-fun...ata-zarabotuvaat-858-000-evra-za-eden-mandat/ 858,000€ ало Некој ќе живее како шеф, некој во Стив ќе спие во мувла и со глувци. До кога бе? Утре кој може, во 17:30 пред Влада Доста им се ќутеше
Синоќа им напишав коментар на фб дека не е ок студентите да имаат лоши услови, сите против мене, јас сум бил политички навивач Чудни створења сме ние како народ.
Ако нѝ е Сами сме си криви. Сами ги гласаме, сами си ќутиме. Еден протест не може да се напраи од партиски полтрончиња