Саботно утро. Надвор сиво и тмурно. Лаење на 10 кучиња шо шетаат ко во глутница, прегладнети и замрзнати и се пуштаат на кој ќе стигнат. Луѓе уште од 9 сабајле се дерат надвор и се надвикаат кој е погласен и полут. Совршена есенска идила. Дома - друга приказна. Гости од 9 сабајле, гласни разговори во дневна соба, јас жива ненаспана и нервозна ми иди да ги избркам сите. Милина.
Дали сте сериозни?? Буквално не ми се верува дека до ова дереџе дојдовме, да се делиме кој е од Скопје кој не… овие ако се толку мајчини, нека се пишат со име презиме, да видиме кои сељанки стојат позади профиливе, па никој да не се дружи со нивните деца. Пошто нели, од големото добро утро се.
Сакам да кажам дека е нормално да имаме различни нивоа на емпатија. Ама колкави и да се тие снаги, ако ги користиме максимално за да го извадеме максимумот од себе, ќе правиме добро за себе и за општеството. Многу е тешко да излезиме од она шо не научиле дека е исправно. Зато треба да ги задоиме идните генерации да се прашуваат зошто нештото се случува, кои се последици, која е алтернатива. Да се обидиме да разбериме, за да можиме да напрајме нешто пообјективно исправно. Не велам објективно сепак, зошто секоја реалност е субјективна. Пообјективно.
"Тие со дијалект", а од кога скопскиот дијалект премина во литературен јазик? За некои луѓе единствен начин да се чувствуваат добро со себе е да понижуваат други. Жално што и децата нивни ги учат така.
Да се надоврзам,еве го овај сељаков со име и презиме што прокоментирал за студентскиот протест.Плус еден лајк добил и тоа од жена.Си мислам да не е трол ама најверојатно дно е од човек и тоа за жал млад човек.Ц,ц,ц.
Затоа после не нѐ сакаат скопјани, е ради вакви дегенерици. Буквално јас годинава од кога почнав на факс, сфатив дека бар машките кои се надвор од Скопје, се каде-каде повоспитани од овие овде шо се праат еди кој си.
Жив неписмен,ни голема буква ни запирка,хаос,па уште и на факултет се пофалил дека се запишал. Доброто е што е сингл,се надевам таков ќе остане,тешко женско со ваков дебил.