Тешко да е сарказам ова.. И мене не ми се веруваше Изгледа е некој бот https://m.facebook.com/story.php?st...rydFJPTAGl&id=100000055956218&mibextid=qC1gEa
Тролови се сите, еден до еден. То им е целта, да се глупираат и со то да привлечат внимание. Веќе видено е ова, секоја есен..
Мразам кога од дома ќе излезам со мисла дека се ќе 'исфрлам' од мене и секој ќе си го добие заслуженото, и во последна секунда ќе се премислам и ќе го сожалам тој што се наоѓа пред мене
И? Ако се проверува 24 часовна урина треба да се собира во тегли и пластични шишиња???? Постојат посебни градуирани контејнерчиња/канистри. Плус за тие 24 часовни диурези се ставаат и посебни киселини оцетна и хлороводородна така да не е само така земи теглата и мочај. Мене не ми е јасно како на тие луѓе не им е нималку срам да се појават со тегла или шише. Ама сериозно. Еднаш ми се случи да донесат примерок за копрокултура пази сеа во пластично кутивче од чепкалки за уши. Од оние правоаголните со дупчиња, и кога еднаш ќе се отвори тешко се затвара па така си го шетале примерокот низ Скопјево полуотворено и бап еве ти го на да се анализира дали има некоја бактерија. Или па се случи да донесат дури од Косово памперс со се фецес за да може да се земе примерок за анализа. И тоа памерсот полн со употребени тоалетна хартија и влажни марамици како што го бришеле бебето. Навистина ме интересира што мозок имаат вакви луѓе. Мислам како може вакви глупости да ти паднат на памет. Ако едно флаконче е само 10 денари во аптека чему брукање? Плус приватните лаборатории сами ги даваат бесплатно. Барем кај нас е така.
И оваа што ја спомнав Медика С е приватна и се зачудив што даваа на луѓето обични пластични чаши.. А бе хаос. А за претходно напишаното.. немам коментар. Прост народ тоа е. Не сите се запознаени како и што треба.
Наградена сум со трофеј славна личност е кога не сум славна инфлуенсерка на инста, овде ќе си бидам славна Во чест на напишаното 5000 мислење, добив и трофеј 'Се чувствувам како дома'- Па да, овде сум со години, сум имала и убави и неубави искувства, ама среќна сум што доминираат поубавите, емоциите си ги оставив овде, многу работи научив, се надевам дека и од мене некој научил нешто. #Скроменјубилеенговор
Зошто е толку тешко низ бутициве да најдеш најнормална еднобојна блуза со нормална должина и ширина? Без апликации, натписи, кроп топови, или преширока у рамената а кратка доле. Обична, еднобојна барам. Толку
Колку многу сакам дечиња и колку тие ме сакаат мене, мислам нема дете што не се заиграло и прилепило за мене каде и да одам. Моите ми викаат дека и како девојче цело време помали дечиња и бебиња седеле со мене.
Избришани се препукувањата. Затоа темите за Скопје и провинција се затворени, ве молам не продолжувајте.
Никој вчера да честита празник/интернационален ден на ________. Битно да се потсетиме на фамозната лага дека жртва е жртва Инаку денес е светски ден на детето. За мамичките на форумов што ги шлапаат оти шеќер истурило детето е само недела
Ми е смачено да се давам себеси 100% за секој и сешто, а за возврат да добивам ништо. Кога ќе ја научам лекцијата?
Everything on earth has happened before, nothing is new, but woe to the lovers who fail to discover a fresh blossom in every future kiss. Jaroslav Seifert
Вие што сте од Скопје имате слави? Никогаш во живот сме немале слава дома, ни мои блиски немале. Само по помали градови и села уште се негуваат вакви традиции. Не е за споредба Скопје - други градови туку дека тука стварно се живее во Скопје некој отуѓен Европски живот. Кога слушам како е во други градови, се чудам тука што е поинаку се. Некогаш ми е криво што не сум осетила како е да живееш и во таква средина, можеби повеќе се сите поврзани еден за друг.
Ама живеете во куќа и не во овие центарските населби како пример Карпош, Капиштец? Не те прашувам за некоја лоша цел, да не ме сфатиш погрешно туку дека знам само луѓе од Ѓорче и Драчево или некои места накај Скопска Црна Гора што утре прават слави во Скопје, единствено таму уште се негуваат некои традиции. Од другиве населби не. Ниеден комшија во зграда, ништо, не познавам ниеден со слава што сме се дружеле. Има разлика, во некои места уште се живее поразлично од тука, тука е многу отуѓено станато се. Барем моја лична констатација.
Славеше дедо ми, па ја зема чичко ми, вујко ми има слава, имам другарки што слават, секаде живеат Бутел, Кисела Вода, Центар. Се слават секаде низ градов. И јас сакам кога ќе имаме свој дом со дечко ми да си земеме слава, а и многу млади брачни парови знам сега што си земаа слави валјда ти е таква околината, некои си слават со многу луѓе, некои со помалце