Немаме слава ни ние и не познавам многу што имаат слава ни јас, 3-4 пати дали сум била на слава до сега, реткост е некако. Иако мислам нема врска ни со други градови, со доста луѓе сум блиска што живеат на други места, па немаат слави и тие. Мислам дека општо помладите генерации веќе не го применуваат/применуваме тоа премногу.
Можеби. 19 години постојам и никогаш не сум била на слава. Во средно само тројца во класот имаа слава од 30 и нешто што бевме. Беа од Ѓорче и Драчево, затоа си имам замислено некоја таква слика во глава, дека само таму уште се негуваат некои традиции.
Па генерално некако и нормално ми е мене од лабораторија/болница после директно да одам под туш Инаку сакам да кажам на темата, ретко има било каква здравствена установа во земјава што е стварно чиста, генерално само убаво маскирани се да личат на чисти А болнициве што прават систематски освен што пари за ништо земаат, никому ништо не помогнале. Систематски бе, тоа кога си болен не те гледа никој, ова е па ептен ради реда. Дури и крвните слики што ги даваат се со скроз некалибрирани параметри.
Близок кога беше од работа со колеги на систематски на сите комплет им нашле камења во бубрег или жолчка или покачени триглицериди Патем у приватна клиника беше систематскиот. И многу нормално на сите им рекле дојди на контрола/подетален преглед. Да ти кажам би се изненадила да рекле на еден оти е здрав
Да де и сите со иста дијагноза, висок ти е пулсот имаш мака со тироидата. Легендата вели дека некој еден стварно имал проблем со тироидата. П.С. На моја бивша колешка и пишаа уредна жолчка. Жената нема жолчка.
Еве што допишав погоре, на овие систематскиов у приватна клиника им беше, Баш се совпаѓа со она - Најголем проблем во македонско здравство е да убедиш доктор на државно дека си болен, а доктор на приватно дека не си
Еве јас ќе честитам, па душманите слободно можат да си пукнат. Мажи среќен ви (задоцнето) интернационалниот ден на мажите! Што да ви кажам со вас е се динамично ама па и без вас сe не може. Партнери, татковци, синови, браќа, другари, потребни сте ни да не штитите и се грижите за нас и да имаме за кого да го правиме истото. Спојлер: . А да и запамтете жртва е жртва, без разлика кој што вика и гаслајтува.
Абе готово, колку европски живот се води во Скопје, да не знаеш дали си во Скопје или Париз. Има слави секаде, можеби минативе две години се намалија поради пандемијата, а и сега со сите поскапувања...
Зависи од околина, кај мене па скоро сите имаат по некоја слава. Ако не слава, именден. Без разлика на куќа, или стан.
Лични преференци, Париз не ми е ништо посебно освен што е испопуларизиран, а со нечистотијата што ја имаат, може да го споредиме со нас. Може не е најЕвропски, но менталитетот во Скопје и тоа дека скоро секој си гледа за себе, нема многу дружби и големи чести собири, за разлика од малите градови не е лага. Се си има предности и недостатоци. Не знам зошто некои сакате да сте дрски и со таква чудна доза на сарказам на најобично прашање.
Како можете да му се лигавите на луѓето бе? Зад грб му се смеевте како не е женет и имал над 40, и како ви смета што ви иде на гости во недела навечер... А,сега најдобри другари откако се среди момчето....па слики на фб, па срдечни поздрави и честитки, па како ви е најдобар другар, па, па..... Господ ме чувал, што сум се оттргнала од такви луѓе. Amen, to dat.
Такви се скоро сите денеска, како сончогледи се вртат каде имаат корист и бенефити. Се е од интерес. Чесни, добри и искрени намери кај луѓе се веќе реткост. Се е базирано на личен интерес, дволичност и лицемерие владее.