Смешно ми дојде, затоа. Не мислам дека има повеќе дружби во помалите градови. Мислам дека тоа мислење е чисто заради фактот што по тие места има мал број на луѓе, сите се знаат и се добива впечатокот дека луѓето се подружељубиви. Мала е Македонија, не дека сме многу различни ние што живееме на 100-200 км раздалеченост.
Како поминува оваа 2022 година сѐ повеќе сфаќам колку премногу мојот живот се смени оваа година. Ме дигна в небо и ме тресна од земја, запознав бројни луѓе и изгубив некои кои мислев дека засекогаш ќе се до мене, сменав сосема нова средина и направив работи кои мислев дека ни на сон нема да ги направам. За сиве овие 25 години од моето постоење тоа што не се менуваше се смена за една година. Ама едно е сигурно, си докажав на себеси колку сум храбра и способна, иако понекогаш минатото знае да ме прогонува.
Некако поискрени пријателства имаат, повеќе си помагаат, можеби дека е помал изборот на луѓе. Ми се допаѓа мене како изгледа тоа живеење во мал град вака од страна, но знам дека се има pros & cons. Кога сум одела кај роднини во друг град, далечни биле, па биле погостопримливи и многу поинаку било се од роднините што ми се тука. Цело време имаа дружби, со комшии на кафиња си одеа, а јас со некои комшии не се ни познавам, не па кафиња да терам. Братучедите исто премногу се дружеа со луѓе, секој со секого се знае и поздравува кога одиш и до маркет. Ми се допаѓаше тоа, кај нас е многу подруго. Веројатно влијае тоа што се помалку луѓе.
Додека била жива баба ми, чекале слава, кој ќе дојди на гости, тој. После сфатија дека не е паметен начинот, од причина шо ќе спремиш за 10, ќе дојдат 20 или пак 3. Сега само ние домашните ручек, вино. И сите околу мене на таков начин функционираат, иако по социјални мрежи гледам собиранки да. И, отуѓен живот да, ама Европски не. Балканци си сме сепак.
Ај нека им објасни некој на некои луѓе дека тоа што ти се кашла, гади и повраќа од храна со ужасен и неподнослив вкус е еволутивна особина. Едноставно, храна со преинтензивен вкус на мозокот му кажува дека може да е расипана, контаминирана со нешто и затоа ти се гади, не оти пребираш. Ај ве молам. Затоа храна што не ми е вкусна не можам да ја јадам, колку и да е здрава или не знам што.
Мене тоа воопшто не ми се допаѓа. Сите те знаат, истите луѓе постојано. Ама добро сите сме различни. Единствено што ми е привлечно кај мали градови е тоа што сѐ е блиску, не трошиш време низ сообраќај.
Во заблуда си. Не дека се блиски, си прават лице, а уствари позади грб што се не зборуваат за тебе од најблиски роднини, до комшии. Јас па напротив сакам да живеам во поголем град, баш поради ова, не сакам контакт ни со роднини, ни со комшии. Кога сум седела во Скопје, ќе си излезеш во кафич, ќе си направиш муабет со рандум луѓе и никој не се замара со тебе, во смисла да се интересира кој си, што си.
Мислам дека ЦСР треба да си ги затрља рацете. Свесна сум кај живееме и дека више секој втор, ако не втор, трет се бори со сиромаштија. Не сум од Марс падната, ама како може да праите деца ако немате услови за нив не разбирам? Циганите го праат тоа само. Како ви дава душта уше едно дете да напраите, ако немате услови за себеси и другите деца? Ќе треба еден ден и од нивните усти да кратите за да има за малото. Сфаќам дека се дешава свашта, ама секој ден више читам у ЖДМ за жени со деца испод 1 год шо бараат помош. Не можам да разберам едноставно. треба да почнат да се одзимаат деца, немаш пари да го чуваш, нема ни да го чуваш. Сеа она уше најмалце 9 месеци нема да може да работи, дотогаш шо ќе праи? Ќе чека на овие од Фб? Еднаш, два пати некоје помогне, после кога ќе нема кој шо ќе праи? Ќе ги остави да умрат од глад? Стварно не сте фер.
За едно - две деца иам емпатија. Ете мерак им било родители да бидат. Или не предвиделе колку ќе се трошоците точно со деца. Ама да, ако гледаш дека со тие две деца мора да стискаш, знаеш дека за повеќе деца ќе трпиш повеќе, и ти и децата. Језда државата ни е трула и све тоа ама деца не паѓаат од небо и гледај барем тие две или едно да ги нахраниш и облечеш. Стварно ми е жал за децата во вакви ситуации.
Се сложувам со твоето мислење. Живеам во помал град и често одиме на слави. Лично ние немаме домашна слава. Не сум некоја социјална личност, но некогаш годи да се собере фамилијата и најблиските. Не сакам лицемерие, а тоа го има и во малите и во големите градови. Во големите градови не ми се допаѓа што има премногу народ, сообраќај. И да, навистина пример во Скопје не се толку ,,социјализирани" комшии, роднини. Еве во мојот град цела маала се знаеме, се поздравуваме, си посакуваме добар ден. Ми се допаѓа таа позитива, иако секогаш има и оговарања. Живеам за себе, така што не ме ни интересира откако ќе ми посакаат убав ден што мислат за мене.
Уште не си ги пронашла вистинските пријатели или не си имала таква можност. Јас си имам најдобри другарки од маало што ми се 15+години другарки, дечко ми исто си има другари и другарки уште од градинка и му се од маало. Исто и јас си ги знам сите од населба, сега ако си некаде преселен или сите во маало ви се нови доселени ќе ти биде така. Има другарство насекаде а и има недобри луѓе насекаде
"Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува небезбеден производ – БАЛAНС + ферментиран млечен производ, нето количина 1 кг." Па п*&#а му м#$ер, има ли нешто асално останато во државава? Секој трет ден пијам баланс јогурт. Среќа оваа недела се немам напиено од 1л, само од 0.5л пакување. Иако не би ме чудело и таму да има нешто.
Не знам дали да се радувам дека барем ги наоѓаат небезбедниве производи или во прашање е дека до сега ништо не работеле па затоа и не сме биле запознаени колку јадеме несигурна храна
Кај се сеа паметните што велеа минатиот пат за Милкано оти они не се заебавале со евтини млека, само од нашите поскапи купувале? Овде за јогурт ама иста е поентата, брендот нели. Не дечки, ич не се ситам. Ама сакам да кажам дека ако е поскапо, не значи оти е побезбедно, барем у кризава кога и онака вештачки се дигаат цените.
Лабаво, нема потреба од брзање. @Billy Idol ни се навикна организмот. Ќе еволуира чоекот, отпорни на се' ќе станиме, дали од јадење или од воздух. Светот ќе биди благодарен на Северна. Не мислете одма на лошо. Мајтап настрана, ај ако не го испиеш ќе го вратиш и ќе вратат пари, ами ако го испиеш? Оштета нешто?
Јас искрено сум дечурлав тип на човек и ептен се радувам на деца. Од друга страна сум пораснал во сиромаштија и знам како е да одиш на школо со скинати патики или излитени алишта и ми идело прашањето секогаш зошто моите ме зачнале кога не се способни да одгледаат едно дете? Така да според мене ми е жал за ваквите случаеви, ама доволно се возрасни да му ебам мајката да размислам тро од тро..
https://www.slobodnaevropa.mk/a/32139358.html Кога овие од САД ќе прекинат да си го бутаат носот секаде? Ако толку го сакаат Косово, нека си напраат таму горе покраина некоја со име Косово и ајт Ко стеници се више @Stark thats the point… Не треба уште многу деца да се прашуваат така како тебе