Таман ги спремиле бактериите да се појаки за мене после ковидов.. И тоа јас потврдено имав на две места бактерија, не беа од ракав дадени оти мрсул ми потекол.
не ми е јасно како функционира ова, во кои случаи стануваат отпорни на антибиотик бактерииве, само кога се пијат непотребно кога не е присутна бактерија во организмот? јас се си мислев дека секој организам индиввидуално станува отпорен на антибиотиците после долг период примање на антибиотик.
Се претворивме во генерација која за се вели прво здравје, станавме како старите баби и дедовци кои ги ругавме
Баш... Значи некој така да ми рече на: Јас:Сакаш на Шар Планина зимово? Тој/таа:Здравје, ќе видиме.Само здравје. Значи ич не го сакам тој израз...
Јас не сум ругала за тоа ама сум го слушала како фраза. Сега веќе си го употребувам, дури и за план за два три дена што е викам здравје, да станеме тој ден па ќе одиме.
Живототв е таква курва, што за беспари ме исцица. Ме исцица начисто. До 30 ако не полудам тоталка супер ќе биде. Викаат биди силен, стегај заби едно друго. До кога бе? Не мислите дека и јас сум човек?
Па може и така ама пошто целта на антибиотикот е да ја нападне бактеријата, отпорноста лежи во неа. Станува отпорна бактеријата кога е пречесто изложувана на антибиотикот па сама си еволуира и создава гени што ја прават резистентна. Ти си цело време во контакт со бактерии, ама фала богу имаме имун систем кој ги сузбива пред да се размножат доволно. Е кога пиеш антибиотик (а нема потреба), ти можеби во моментот да имаш бактерија ама чиј број на клетки е безопасен или успешно би се изборил имунитетот без антибиотикот. Ама таа бактерија пак ќе биде изложена на тој антибиотик и нејзини следни генерации може да почне полека да си создава гени на отпорност. Некои ќе изумрат ама дел што ќе преживеат ќе ги исфрлиш со кивање, кашлање или на некој друг ќе ги префати. Сеа нормално при контакт со луѓе, предмети, храна сме исто изложени на нив. И тој другиот веќе има (за степен) поотпорна бактерија во него. И истото продолжува понатака. Сега зборам вака само што ова не се случува преку ноќ него постепено. Инаку секако еволуција се случува и да неќеме ама проблем со претераното користење на антибиотициве е што се случува пребрзо таа еволуција, додека се произведуваат едни антибиотици, веќе треба да мислиш на други.
СДК дека никого не треба да го боли патката кога јас ќе украсам за Нова Година. Ваква лоша година не сум имала, па за да си ја разубавам, можам и од Септември да си украсам ако сакам. Глејте си ја вашата елка, тикви едни
Ќе копирам тука еден цитат: Life is simple. It's just people who make it complicated. И тоа complicated за обични глупости... Што ви е, луѓе?
Не знам колку треба да ти има религијата исперено мозок за при сообраќајка или тешка болест или па смртен случај да кажеш дека "господ така сакал" или дека чим си доживеал нешто лошо, значи господ сака од тебе појак човек да направи, дека тоа му е планот итн. Мавнете ми се бре со вакви гнасотии. Не, нема да ти го почитувам изборот да веруваш ако вака ми зборуваш.