Барав соодветна тема но не можев да најдам.Ми треба совет и мислење што би направиле доколку сте во моја ситуација.Имам шанса да работам во Дубаи една година.Платата не е голема. Да напоменам дека не би идела за да заработам туку едноставно во моментот и немам други можности а во Македонија не можам повеќе да седам затоа што целото семејство ми е иселено. Јас сакам тоа да биде за пократко време 6 месеца,но тоа не е можно затоа што визата е за една година,а отприлика за 6 месеци би требала да добијам европски пасош и тогаш и јас да се иселам.Ме мачи тоа што за 6 месеца полнам 27 години и во однос на кариера немам направено ништо.За да работам во странство на мојата струка ќе ми треба високо познавање на било кој јазик,мастер студии и полагање на дополнителни испити и затоа тие 6 месеца плус што ќе ги поминам во Дубаи мене ми се многу.Од друга страна имам прилика да живеам во Дубаи и шанса за неколку патувања преку работата.Пишете ми во инбокс што би направиле вие.Благодарам.
Валјда зошто имаш ппвеќе слободно време и во смисла да правиш повеќе работи(заработка, едукација, шетање, дружење) полесно изводливо е пред брак
Pa pravi si kako sto mislis ti. Ne mozi drug da kazi samo ti si taa sto ke si odluci sto kako i kade saka da raboti. Ne slusaj drugi sekoj so svoi moznosti i zelbi
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3621648/#text=The fact that brain development,development of the prefrontal cortex. Еве зошто. А да земеме предвид дека кај мажите почесто дури и после 30тата. Пошо колку и да мислиш дека си многу паметен во своите избори, не си ни свесен колку не си.
Нема врска. Таа граница може брзо да се помести до недоглед, ако не се научи да се резонираат основни претпоставки, како, причина, последица, одговорност, не си стално ти на прво место и не се врти светот околу тебе... Или што знае дете што се 100 кила
Научниците така викаат, кои сме ние да викаме поинаку? Мислам науката не кажува ние шо сакаме да слушнеме де... ако нас не не ќефи или сме во статистиката под 25, не значи дека не е вистина. Има некој критериум по кој вадат истражувања, исклучуваат варијабли кои имаат отстапки во секој случај. Не се само просто собрани податоци. Ова не значи дека секој склопен брак пред 25тата треба да биде ставен под знак прашање (а можда и треба ). А и реално да збориме, све од ова што наброја го гледам кај луѓе и над 35, што мислам дека не е лошо да напраат едно ново истражување.
Имаш странец што лови црвени лобстери и е нон стоп на сред океан, има едукативен тик ток за одржливоста на ловењето на лобстерчињата, дава елоквентна и разбирлива информација интересна за нас обичните смртници, му дава рипче на лобстерот и го враќа назад во океанот. Едноставен, а сепак интелектуален човек кој можеби е високообразуван, а можеби и не, не е ни важно, важно е дека не е лаком, добро се изразува, има широка слика за светот и е паметен. Истото го работат со генерации. И го имаш Андреј, 23, што едвај знае името да си го напише, седи у Тибека, има дипломирано на економски и бара работа за менаџер, а и не мора нешто да ја бара зошто има пари од татко му со купена диплома од Благоевград, нешто увезува, никој не знае што, малце е пуничок и вози БМВ 7. А со генерации може само да е доктор, ништо друго. Зошто знаеш, круша под круша паѓа, небаре преку сперматозоидот и знаењето му е пренесено, па мора штом е од иста фамилија да е добар доктор... И реално, просечен македонец што све му е тешко, а не знае нос да си издува како што треба, не па да е малце попаметен, јер паметноќа кај нас се врзува со завршен факс и строго во канцеларија да седиш, на топло, ќути си.
Опис за просечно Скопско богато лигленце. Да дополнам - врти шемици во Mosh и Mezzo исто, приглуп е ама 80% луѓе и женски му се лепат заради парите и татко му што му средил се во животот и зошто знаат дека во иднина ќе биде нешто не дека е талентиран и паметен туку пак заради татенце. Не знае ни каде се наоѓа, ни што прави со животот, битно мисли дека е бог и батина зошто потекнува од јака фамилија. И утре ваквите директорчиња ќе ни се, по шемите во Македоња за врски и наследувањето на функциите од тато и остварените досегашни контакти на татичко, чичо, дедо итн.
Типично балкански муабет. Или се несреќени во бракот како што велиш или им е криво што се прерано мажени/женети и ги гледаат другите сингл, како се шетаат сами по светот, уживаат сами со себе или со дечкото /девојката.
Ако ти се работи, мораш да почнеш од некаде, за да напредуваш во работата и јазикот, мораш да почнеш, ќе се снајдеш. Сите сме почнале од прв ден на работа, па една работа, па друга итн. Конкретно за дубаи, не сум бил лично, познавам луѓе што работат и работеле таму, не е мед и млеко, но мислам ќе имаш понуди на кои нема да можеш да кажеш не. Малку сум директен, кој и да прашаш тоа нема да ти го каже. P.S. И да го чекаш еу пасошот, пак кога ќе одиш надвор од МК, пак мораш да почнеш нешто да работиш. Пример , ако сакаш да работиш механичар, прво ќе бидеш асистент на мајсторот, па покасно ќе почнеш да работиш сам. Хирург, исто. Ќе почнеш како асистент, подоцна касап. Ако ти кажат иди оперирај слепо црево, а не си работела ништо слично на тоа, после операција ќе им го предадеш само цревото, телото ќе биде на делови. Значи мораш да почнеш од некде од некоја почетна точка ако ти се работи.
Во врска со темата за рано стапување во брак. Не сум мажена и за себе не би го избрала то. т.е. среќна сум дека не се мажив ко прв пат се судрив со мислата и муабетот, не оти евентуално раскинваме, туку мислам дека јас ко личност толку се сменав на начин на кој сум комотна, шо ако ете, i tied the knot на 21, сега ќе бев скроз друга личност. И од сегашен аспект, не го сакам то за себе. Бев и послободна да прам и пробам работи и да одам на места каде шо ако делев домаќинство со некој, а веќе ако и дете беше во слика, немаше да сум способна да го напрам. А тие искуства ми се клучни за то во шо продолжив да растам. Секој можи за себе да избери дали порано или покасно или воопшто ќе стапи во брачна заедница. Треба да е нешто со шо сте комотни. Ама ако стапувањето е прерано или активно се избегнува, можда прашајте се зошто. Се во екстрем ни кажва нешто. Или бар пробва. Лично за утре кога би имала дете, не би сакала да стапи рано баш за да можи поќе работи да види а и добро да созреј. Пошто искуствата не созреваат. Или не, има и такви. Ама најчесто од година во година можиме да сфатиме на шо бевме слепи годината пред. Ама ако то сака порано јбг. Која сум да речам немој? Поентата ми е, поќе за нас збора како судиме, во случајов туѓ брак, него нечија забелешка да почекаш. Како беше она, брзата кучка, слепи кучиња раѓа.
Вчера направив една мала работа со која излегов од комфор зона. Нешто за почеток, што барем ќе ме турне. Ама пак се осеќам гордо што го направив тоа, оној првиот чекор што е најтежок Нека се множат вакви (макар и мали, ситни) успеси
Prv pat odam strumica, rabktime momentalno tamy za prv den mi ostavija vpecatok prepozitivni lujgevo, pa i posimpaticni zenive od veleshanki.