Повеќе од пола, не знам што е со прашалникот. Има живот и после Скопје, и подобар, и поубав, како да ти објаснам. ...откако заминав од Скопје, личниот опис му го сменија, парада на невкус и кич направија, место дрвореди зградореди насадија, најпосле и гтц го уништија, фала ти боже што не сум таму, да ја гледам таа трагедија ...а Дениција? Таа сигурно не беше од Скопје
Она кога ќе сфатиш дека имаш три генерации над тебе што се по потекло од Скопје и можеш да се декларираш како стар скопјанец.
@Bitter-Sweet епа постари генерации се со србизми, понови со англицизми, после то - којзнае веќе. Мислам дека поќе сметаат англицизми, особено на постари генерации, зошто се многу подалечни од наш јазик, за разлика од србизми да речиме. И едните се десиле ( ) ради просторна блискост, а друга ради електронска блискост. Втората многу ја занемаруваат. Али ја сфаќам поентата. Пошто јас осеќам потреба за негување на се битолско, од култура, до дијалект, па секундарно на ниво на држава и нација. Локал патриот. Ама и сфаќам користење и прилагодени зборој, кај постари генерации од соседите попримено, во понови англиски. Пошто е прирорен процес сакале или не. Исправно е да знајме како треба и да се стремиме кон то али јбг. Природно иди поинаку. Дома лично, брат ми не чита. Ни јас читам за да сум пример. Ни јас имам вау концентрација, ни тој. Е јас сум се интересирала и можам соодветен збор во секоја ситуација да извлечам. Тој не можи. И дома активно го поправам. Трагикомично еј. Ми вика некни "литерално така е!", татко ми се буни од страна не било литературно така, така било на српски. Јас му викам "детево пробва да ти речи дека БУКВАЛНО е така". Расипан телефон.
Типов не збори само за англицизми туку и вели зборови со туѓо потекло. Нека каже македонски збор за телевизор, микроскоп, телефон итн. За телевизор далекогледач да не треба да кажам? Оти во превод теле= далеку и визија= гледање.
Па да, искрено некако србизми не ми пречат кога слушам, како да се имаат слеано со нашиот македонски, па еве и некои турцизми што останале. Ама англиски зборови, некако туѓо ми звучат. Дали дека понови, како што велиш, не знам. Ама не ми се пријатни баш. Пример зборот булинг, зошто булинг кога може да кажеме - насилство? Кога имаме соодветен збор во нашиот јазик. И друго што имам забележано, читајќи книги, некако самиот јазик денес како да е на едно поинакво ниво. Побогат. Кога читам постари книги, што биле преведени на македонски јазик пример пред 30+ години, поинакви се од денешниве преведени книги.
Па то е. Поблиски ни се на јазикот, а и просторно сме се испреплетвале низ историјата. На сличен начин ни се плетка англискиот. Ко ќе децава пораснат и нив ќе им е нормализирано. Тогаш нов јазик ако е ин ( ), нив ќе им е неприроден. Ни еден јазик не останва ист и се менва и сам од себе ама и станва хибрид со околината оти така природно се развиваме и јазично и културолошки. Хм, поспецифициран е. Во психологија користиме често вака туѓи изрази ради специфичност. Насилство е преопшто. Секој булинг е насилство, ама не секое насилство е булинг. И дур објаснам какво е насилството, еден збор го објаснува и штедам на време и преминвам на нешто поважно. Исто и со сиблинг. Многу се борев да не користам зборов ама учам семејна терапија и цело време морав братсестра, ама чек можи се поинаку и се братбрат, па едно време велев детска заедница ама пациент се лути ако речиш така и јбг бев ко "тое факинг сиблинг". Или тодлер. Мало дете. Ама не секое мало дете е тодлер. Ама тодлер е секогаш мало дете. На твитер еднаш кажаа еден збор шо би бил за тодлер кај нас ама да бидиме реални ако го знај само еден студент по македонски и никој друг - тешко дека ќе стани популарен и широко користен. Лично ич не ми текнува како беше и смао тогаш еднаш го сретнав. То ме носи до следното. За сите овие зборови можиме да имаме свој. Да речиме "еве од денес вака е". АМА како пошироката маса ќе го прифати то? Зато и неколку пати спомнав природен раст на јазикот и културата. Сами одбираме со секоја наредна генерација шо ќе остани, шо ќе замини, и шо ќе дојди. Несвесно. Ако сакаме да форсираме заменски збор, можи да остани заменски смао на хартија и шо менва то? Ништо.
Па ако кажеш сподели се мисли да споделиш мисла во живо. Ако кажеш да шернам, се мисли онлајн. И ова природно доаѓа со употребата на јазикот, не е дека некој го форсира. Транслација и преведување е исто. Превод е од еден јазик на друг ама во научната литература се користи зборот транслација за да се потенцира дека се мисли на синтеза на протеини. Исто и многу други зборови немаат соодветен македонски превод па мора да се користат странските. (пр. сплајсинг) Така што нека ме извинат патриотите ама не, македонскиот јазик не е толку богат и не би бил без интернационализми, зборови од туѓо потекло, сленгови, жаргони.
Леле ко че прочитам вака некој ко че се куроперчи дека е скопјанец, а се друго подолу гледа, ти се чини сина крв има. Во кој делузии живеете бе?
Најчесто користам англицизми во недостиг на македонски збор кој би бил соодветен у контекст на реченицата а многу често го нема па мора да се послужам со србизам или англицизам.
Na temata na jazicite, sakam da prasham, vie koga ste anksiozni, shto tochno ste A zlaten makedonski ekvivalent imame, mislam, koga ne stanuva zbor za dijagnoza... Od druga strana- novokomponiraniot filipchovizam ,,obeznost,,. Mislam
Не е новокомпониран обезност, од кај тоа? Голем број од македонските зборови се веќе со потекло од странски зборови. Тоа што уште се внесуваат нови зборови, како на пример англицизмите, значи дека јазикот се развива, бидејќи јазикот е жива материја која постојано се збогатува. Не постои "стерилен јазик"(добро освен можеби кај некои неоткриени племиња), всушност доволно е само малку да се знае за историја на јазиците и јасно е колку е всушност големо меѓусебното влијание и колку се испреплетуваат. Сето тоа е нормално. За поими за кои немаме соодветен наш збор секако дека ќе воведеме нови, нема да се преправаме дека одредено нешто не постои. Е сега, воопшто не ми се допаѓа кога помали деца не знаат, значи буквално не знаат доволно македонски јазик и мораат да формираат полумакедонски-полуанглиски реченици за да се изјаснат, но мислам дека тоа е веќе друга тема.
Зашто дебелина не е исто со обезност. Додуша мислам дебелина е повеќе онака секојдневен израз, обезност е како медицински термин за посериозна дебелина која влијае и на здравје. Дебел на англиски е исто што и overweight, obese е над тоа. Затоа е воведен за да се направи дистинкција за каква дебелина праиме муабет. Затоа реков за многу работи немаме соодветни термини
На скопјаните и скопјанките ништо не им можите вие од другите градови. Главен град Скопје ќе си остани и не го даваме.а Битола и Прилеп под нас ќе сее.