Ми се муабети со некого, иако денес зборливка бев баш Ко на филм си превртувам лента од збореното денес со блиска личност и дојдов до заклучок, ТАА и понатаму се меша и создава нервози и проблеми.
Добро зошто ние немаме некој Адвент? Данела? Ало? Би го направила во Жена парк и би ставила лизгалиште на плоштад околу елката. Да почне од кај 20ти декември се до 05 јануари. Па на 05ти место да палат огнови, би направила фин, привлечен настан како завршеток. Измеѓу, све скоцкано со новогодишната прослава на плоштад. Идијтс сме, не знаеме да се прилагодуваме на новото време, негувајќи ги нашите работи.
https://m.mkd.mk/makedonija/razno/d...pika-ti-materina-mater-ti-eam?mibextid=Zxz2cZ Он е пред сѐ, џентлмен…како и Славевски… Браво. Машала
Проја треба да се најде високо на листа за слабеење, тука некаде со вежбање. Повеќе калории согоруваш џвакајќи отколку конзумирајќи
Пренемагање. Пола зборови на англиски пола на македонски. седнати на кафе во кафиќ возрасни 35+. Која е поентата освен глумење лудило не знам, ама е иритантно или можеби имаат сиромашен македонски. И на форумов е слично.
У Кашмир у Скопје е најсмрт со вакви. Поенглезени. Ама и ја пример користам англицизми. Пример: Маврово е добро за getaway. Нема друг збор, краток. Ќе треба ,,Маврово е добро за да избегнеш од реалноста/да се одмориш. Или место скроз- legit Не знам има и други примери, шо се користат често у прака, ама сеа не ми теквит… А и мене ме нервира така преку еден наш збор, еден англиски.
Ама ајде вие сте омладина па ви личи ама наша генерација 40+ кога се прават полуенглези ми се смешни. Не ги сфаќам.
Уште се делите на Скопјани и провинцијалци? Нема да не биде ни во наредните 100000000 СВЕТЛОСНИ години. Фала, чао, пријатно.
Често знам да излезам со по рендом луѓе, пример на другарка другар/другарка и да се собереме заедно повеќе различни друштва. Но, некако викендов се најдов во незгодни ситуации од споени друштва и мислам дека ќе намалам со тоа. Нема да престанам ама ќе одбирам. Подобро сама квалитетно време отколку со некој што не ти е близок, а е некултурен но не смееш да вратиш зошто сепак не сум тим на човек што би дала негативна критика на човек што не ми е близок. И, така тоа околу викендов. Едит: кога ќе излезам во петок па во сабота мислам прошол викендот.
Велат, не сме имале во македонскиот јазик соодветни изрази, со англиски зборови подобро се изразувале. Не мислам така, имаме соодветни зборови и изрази, секогаш бирам да употребам македонски збор, значи еве може. А па цели фрази и реченици, како сосила да се прават нешто... Ај збор, ама па да кажеш дека денот ти бил "бест деј евр" кога можеш фино да кажеш "најубав ден во животот"... Е тука веќе не можат да се оправдаат со немање соодветни македонски зборови и фрази, друго е во прашање. И младина и постари, исти ми се, само не смешни туку тажни. А претежно младината си ги усвојува, постара генерација немам забележано. Звучи како форсирање на нешто што сметаат дека е модерно. Се самоцитирам да додадам, велите се развива јазикот, србизми и турцизми сме прифатиле, сега и англицизми. Пишав и сама, на првите две сум понавикната, но секогаш македонски зборови преферирам, го негувам својот мајчин јазик и мило ќе ми биде и кај другите да го видам тоа.
Уште ми се врти низ глава муабетот од вчера, зошто го начнавме, ама спонтано беше... Никогаш не сум те видела во такво издание, бесна, гневна и огорчена...Лутината и на него ја префрли и на сите околу тебе, пак почувствував, пак, исто како тебе... Добар човек си, со срце како планина, ама ете таа ја прели капката од чашата и од срце ѝ посака сѐ најлошо, животот да ѝ врати... Не умеееш да ѝ простиш, исто како мене, а зар некој од нас би го можел тоа?
Не знам дали и вас ви се случува, ама јас многу често доживувам епифани кога ќе станам од спиење. Пред некој ден видов еден човек и искрено не ни размислив многу за него, меѓутоа сабајлево кога станав првата реализација ми беше дека го знам и од каде го знам. Исто така некогаш кога ќе сум се соочел со некој проблем во работата, после некој ден се случувало да се разбудам буквално со решение и секогаш функционирало. Од една страна фасцинантен, од друга страна застрашувачки, начинот на кој работи мозокот.
Еве еден контра удар. Кога "Скопјани " ќе појдат во Солун или Белград се провинцијалци од Северна Македонија.
За интернационализми немаме соодветни зборови. Затоа се викаат интернационализми зашто во голем дел од јазиците се слични зборовите. Авторот на текстот вика не треба да ги употребуваме нив шо е....смешно.
Тие шо сте толку многу потресени од англицизмите во јазикот, од утре наместо компјутер да велите - сметало!