Уклучи го далекогледачот да слушнам вести, и стави ми го далекослушачот на полнач да му се наполни (некој соодветен македонски збор за батерија)
Сакам да кажам, дека малку каснам ама денес дури имам време да прокоментирам ова. Од основно се соочуваме со секакви коментари, допири и јавни експлицитни содржини. Од деца. Најмалку сфаќам коментари од жени за каде се движеле други жени шо некој ги вознемирувал. Како биле облечени. Како реагирале. Зошто истата енергија ја немате за тој кој го загрозва просторот и безбедноста? Ни плескање по газ и фаќање за гради во основно не е океј. Најрано ете. Иако се префрла на "кој се тепа, тој се сака" и беше игнорирано од родители и наставници ( а низ годините сум наидела и на возрасни кои прашват децата дали "плеснале" нешто) е основа за женско непочитување како личност, непочитување на женски простор и приватност. Во иднина, не учеле дека не сме жртви и дека ги немаме овие права, туку дека сами сме си барале. Со облеката. Со однесувањето. Па се разбира дека сами сме си барале чим на ова прекрасно пеколно време сме ставиле фустанче. Како и на ова камен ладно време кога сум носела абдал алишта дур шетам кучето да не сум била вознемирувана. Дур сум уште во основно со вознемирувањата, сакам да кажам дека последниве денови дур читам искуства од други жени, и дур зборам со други жени, колку од нас сме имале "училишен мањак". Тука мислам на куромафтач зад училиште. Мањак. Педофил. Да мора родителите да не земаат иако живејме на 5 минути. Едноставно не е безбедно. И тогаш ние бевме криви? Оти реалноста шо не прати цел живот почнува тука. И е непроменета. Се движиме потака за онлајн безбедност. Огромен надзор. Да сака детето да е ко другите деца ама е сериозно опасно место. Ова го велам од аспект на, бев дете шо растеше во слабо регулиран онлајн простор. Од основно почнав да "судам" према начинот на кој ми пиши некој. И да знам точно шо ќе бара од мене. Пошто тогаш го имав првиот онлајн мањак шо ни блок не го тргаше. Средно беше со тон непосакувани и непобарани дик пикс. Никогаш не сфатив зошто. Ваљда ако не беше онлајн, некој ќе си искажеше сексуалната девијантност во парк или зад некое училиште. Ех и в парк колку пати сме бегале оти некој се самозадоволувал дур сме врвеле. Еј и пред некој месец еден со кола застана и праша "колку ќе коштало за трите". Во средно имав сталкер шо успеа да ми најди број и да ми пиши смс и слики од мене како се движам низ град. И ко ќе се свртев го немаше. Ама чувството на несигурност уште тлеј во мене, скоро декада покасно. And don't even get me started on grooming. Барем јас дур растев беше сосем прифатливо постари "батковци" да се дружат со нас. Постари батковци шо евентуално многу се зближуваа со некоја. Која ја учеа како треба, и ѝ велеа дека е позрела за годините од другите. За после да си ја фати. И да "си ја расти" како шо сака. Ми се чини 3 одма се омажија после средно на овај тертип. Одма после матурата. И мислам дека груминг многу несериозно се сфаќа кај нас и кај постарите генерации чинам е и нормализирано. И многу се надевам дека ова ќе се среди во иднина. Поентата ми е, живејме толку небезбедно. И кога се жалиме и плашиме сме исмевани дека не е така, дека ни е во главата, или дека сме генерализирале и со то сме правеле штета или пак сме напаѓани за како сме изгледале кога некој не вознемирувал и напаѓал. Не ни е во глата. Од основно се пазиме и од основно имаме причини за да се пазиме. Не ни е во глата. Ова ни е реалноста. Не генерализираме за да ви ги повредиме кревките чувства. Генерализираме ради лична безбедност, базирано на претходно искуство. Не ме вознемируваат ради облеката или селфито шо го ставив. И ко абдал сум била вознемирувана. И пред да знам селфи да напрам. И нема да се опрајме дур ги судиме и исмеваме жените, дур на стории за вознемирување и силовање има хехенца, дур релативизираме насилство ради облека, однесување и изглед или пак кај сме се движеле сами згора на се, се дур не се бориме активно против груминг, се дур има коментари гнасни на статии за жртви на вознемирување и насилство и некој сеуште се осеќа комотен то да го пиши нема да мрдниме од мртва точка и како општество штетиме на жената. Многу сакам ќерка. Ама и многу ми е страв шо би ја чекало за да ја имам. Thank you for coming to my TEDrant.
Добар дан свима Јако “лепо” вријеме у граду. Сунчан дан…сваки викенд иста прича. Надамо се сунца, мало сунца али…кажемо “Дувни ветре развигорче”. Спојлер: Ко воли нек изволи!
хахахахаха како шо бев скисната од будење, прва си шо успеа да ме насмее... фала ти ова не знам зашо ме потсети на ,,Ма не брини пријо, нечемо се напити“
На Манчевски новиот филм исто е со минимум една гола цицка и секс сцена или можеш да го дискутираш нормално со луѓе после гледање?
Не знам дали толку не разбирате или така се правите. Не е поентата за зборот компјутер. Имаме и збор викенд и многу други зборови, тоа не е спорно. Спорно е накој да ми рече what наместо што, некој да рече, како што пишав поназад, бест деј евр, наместо најубав ден во животот. Нема, ама никаква потреба нема од некои зборови и фрази кои ги користат поединци, за кои имаме ние наши македонски зборови. Не е тоа потреба, тоа е глумење лудило.
Ама јас упорно ти кажувам дека авторот на видеото е против користење на зборови како компјутер зашто не се македонски. Вели не треба наставата да дозволи користење на интернационализми и зборови од туѓо потекло. Сама го постави линкот, не знам како не си прочитала.
Добро, јас мое мислење пишувам. Си го изменила мислењето (да не речам едитирала ) Не е видео, колумна е. И никаде не е спомнат зборот компјутер. Ама затоа пишува: Да запомнеме: има пригоди и околности кои дозволуваат целосна употреба на интернационализмите, и тука ништо не е зачудувачко, меѓутоа, на македонска територија се знае дека треба да бидат најприсутни македонизмите. Да не се разбереме погрешно, ние не можеме да ги искорениме туѓите зборови кои навлегле и навлегуваат во нашиот јазик, но укажуваме на нивно контролирано и соодветно користење. Затоа, да не покажуваме одбивност, ами љубов, задоволство и правилна употреба на македонскиот јазик и на македонизмите. За секој странски збор, во нашиот јазик постои соодветен превод, замена. (What/што, whatever/сеедно, bullying/насилство). Наше е да се трудиме и да настојуваме што позачестено да користиме наша, македонска лексика, како во разговорна така и во пишувана форма. На тој начин нашиот јазик станува побогат и подоминантен, кај нас, па и прекугранично! Ете, ова се зборови на авторот, со кои се согласувам. А мое лично мислење си кажав, не е потреба да се користат англиски зборови и фрази кога за истата поента да ја искажеме, имаме наши македонски соодветни изрази.
Малку е крипи... Бев до аптека,зедов што зедов и на враќање, видов човек во кола, колата беше во лер ставена и паркирана, а човекот беше навален на десна страна, ми се отсекоа нозете, почнав да плачам, таква паника ме фати, што за малку ќе ѕвонев 192, луѓе поминуваат, го гледаат човеков во кола и заминуваат.... Јас седнав б клупа и почнав да плачам, се јавив одма кај еден другар, не можев да се смирам...ми рече да не паничам можи е само пијан.... And guess what? Пијан беше, ја исклучи колата, и пак си легна.... Најверојатно беше пијан и така пуста моја паника и страв не можев да заѕвонам, да ми прости Господ си заминав, ако не беше другаров на камера нз.. Се надевам Брза Помош ќе дојди навреме......... Дали премногу испаничив и помислив дека е мртов? Не можам да се приберам... Боже
Тогаш, кажи му на професорот дека ами, белетристика, кодификатор и лексика не се наши зборови. И тој глуми лудило.