Џиџано е украсено, џиџе е "нешто". Од ко ја опишав школата или играчето можда е украсено, убо играче или шноле меѓудругото.
Најправилно: И' благодариме на претходната градоначалничка на Битола, за масата за шах. Јес, имавме свечено отварање на маса за шах во паркот. Мислам дека можиме да ја отвориме и сезоната на најдобро украсено место.
Секогаш добивам мини срцев удар кога ќе видам дека некои ме лајкнале во тема во која немам нешто пишано дента или ден два наназад, па си викам леле некој да не пишал нешто во мое име и кога ќе отворам да видам што е лајкнато тоа да ти било постаро мислење, што дури и сум заборавила дека сум го пишала, па ми доаѓа срцето на место
Во Скопје или Тетово не ми текнува имаше продавница се викаше Џиџимиџарница за такви мали работи џиџиња. Имаше и поголеми работи ама името и беше во тој контекст Џиџи.
Нема поглупо чувство од тоа да напишеш точен одговор на полагање и после од премислување да го избришеш и напишеш грешен.
Значи неколку дена на работа што сум изложена на чад од цигари еве кашлам ко улава и ме боли глава и се осеќам за никаде. Така што, ништо во животот не може да ме натера да запалам цигара некогаш и да бидам таква секој ден постојано
Нема погрдо нешо. Да даваш пари за да гориш нешто што те труе и смрди, и ги труе и усмрдува и другите наоколу. Не ги разбирам луѓето што пушат, на сила глупи се праат. А замисли па дома да имаш таков некој неразбран. Еве колешката ќе ја зеам за пример, не можам да ја избегнам, освен оставка ако дадам. Пуши, труе, корне ко ќе влезе во канцеларија, одвратно. Цело време се жали пари како нема де за ова, де за она. Ама за цигари има. И цело време се жали колку и' е ладно, ама може по 3-4 пати у смена по 15 минути да дреме на ладноно надвор да пуфка. ОД-ВРАТ-НО.
Јас почнав со работа во кафич и можеш да замислиш неколку саати да ми смрди цело време. Ќе рече некој не работи ако не ти одговара ама еве немам по струка уште најдено и ова привремено нели. Не оти мноогу сакам. Ама еве стварно не сфаќам што убаво наоѓаш во смрдеа, кашлање, замор и главоболки. Пошто никој жив нема да ме убеди дека пушач нема барем еден проблем од пушењето.
Ја си чувам уште шалвари и маица од таму. Прејаки, прешарени со баш кул продавница. Во ГТЦ позади Југотон им беше или како? Уште се сеќавам на сликите од онаа колекцијата што беше со риги розеви, зелени и со квадратчиња
@Anie93 Да, карши Рамстор се сеќавам на тоа. А за машки беше во Лептокарија, па после и женското го префрлија во Карпош во тој мини трговскиот до лептокарија. Леле тоа се тие пантолони Ги обожавав, ама некако скапи ми беа во тој период, па се задржав на едни шалвари, ама од оние до доле што беа Големи и широки. Башка персоналот прејак ми беше, сите со свој стил, интересни фризури и облека од таму. Сакав и ја да работам таму хахаха
Овие се од поновоте колекции сигурно, кога свртеа на тесни модели. Убавината беше во широките модели, зш никаде за женски немаше баш такви, скејтерски. Буквално врежано ми е у меморија првиот пат кога во 7ми одд ги видов класичните темно тексас широки панталони.
Лежиш или стоиш, така изнемоштено, старо и болно... Но, штом ме видиш, живнуваш, сакаш да си играш со мене, сакаш љубов и внимание, ти давам јадење, секој ден...Жал ми е, нема кој да те згрижи, да ти даде топлина и дом, а јас не сум во можност ништо да сторам,нема кој љубов да ти подари, а толку малку ти треба... Да беше некаде во развиените земји би бил нечиј миленик, верен пријател кој безусловно сака... Тука, тука ќе пцивисаш само пред мојата порта, мило кученце... Штрепам да не те затекнам така безживотно...
Овие беа меѓу нозе широки не се приметува на сликава, доле тесни а измеѓу така долго хахаха. Даа интересни беа вработените, јас тогаш сум била валјда основно и ми беше јакичко демек таму има кул луѓе Шалварите со коцкички и џебови огромни ги памтите?
вака, еден ќе го нашминкаме убаво, ќе се шета гол на плоштад малце, сите ќе видат дека е бубрег напраен, и ќе си стаат прст на чело и ќе сфатат дека НЕ е НЕ.